Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје
Почна да функционира новата web страница на клубот - www.psdmakpetrol.mk - погледнете
Реализирани акции
Шар Планина - Црни Врв - 16 ноември 2014
Ја нерекоа машка тура, овие моиве во групата. Тоа не значи дека треба да се обесхрабруваат оние од понежниот пол, напротив нека им биде предизвик. 2011 год. имавме едно девојче кое „машки“ ја поднесе... и не се откажа од планините се уште, еве ја гледам со уште поголем жар граби напред. Предизвик ни беше и нам да истераме 33 км. и 2335 м. D+, колку што измеривме со нашите GPS уреди. Но тоа не беше се. Главните проблеми ни ги зададоа лошото време и намалената видливост при што движењето ни беше премногу споро, и тензично би рекол. Цело време моравме да ја следиме исцртаната патека на малото екранче. Не знаеш дали да гледаш каде да згазнеш или да гледаш да не забегаш во погрешен правец, а имаше и такви екскурзии...
>> Детален извештај <<
Бистра : Меденица и Карбула - 2 ноември 2014
Со зборови се е можно да се опише, а јачината на зборот зависи од умешноста на авторот тоа да го прикаже. Се е во ред до
моментот додека не настане некоја магија, некоја нестварност, некој спој во случајов меѓу планината, небото, синилото,
околината, пространството, погледот, височината и човекот кој е далеку од секојдневието, а чувството е како да си во
друг свет. Тој спој се случи на Бистра, каде 33 вљубеници на планинарењето имаа несекојдневна среќа со помош на ветерот
(0 метра во секунда), височината од 2148 метра, амбиентот, околината, сонцето, топлината, сплотеноста, насобраната
многууууу позитивна енергија на врвот КАРБУЛА да се претопат како еден. Таа магија, тоа неповторливо задоволство
и среќа го стори нашиот успешен обид да замолчиме на минутка, две...
>> Детален извештај <<
Жировница - Куртово Ќуле - Високо Брдо - 19 октомври 2014
Како по некоја традиција, овој период од годината скоро секогаш ни е резервиран за голема есенска акција, во последните
неколку години редовно на потегот во западна Македонија, Корабски масив, Дешат... Овој пат се одлучивме за
Високо Брдо, 2245 мнв., ни остана како планирана а нереализирана дестинација. Пред 2 години имавме организирано
акција со крајна цел Високо Брдо, но кога стигнавме до Плоча 2233 мнв., едноставно не можевме да продолжиме. Иако втора
половина од ноември, денот сончев, топол, без ветер, преубав...
>> Детален извештај <<
Сурфање на светските бранови - јуни - октомври 2014
Пениш е познато место за сурфање, секоја година одат многу луѓе или да се пробаат во сурфање за прв пат (има и помали
бранови, добри за почетници), или да се подобрат. Местото може да се каже дека живее од сурф-туристите; сезоната почнува
од ран јуни (кога бевме и ние, препорачливо поради пониски цени на аранжманите, и нема гужви на плажа) и трае до октомври.
За по искусните, сезоната е многу по издолжена и трае и преку цела година (во есен брановите се најголеми и најинтересни
за искусни сурфери). Атлантски е ладен, веру6вам дека цела сезона се сурфа со целосно одело...
>> Детален извештај <<
Совршен октомвриски викенд : Крушево и Прилеп - 11-12 октомври 2014
Чинам дека ова беше еден од најубавите есенски планинарски викенди. Сите потребни елементи се поклопија -
прекрасна природа, убаво дводневно пешачење со над 30км изминати планински патеки, совршени временски услови,
убаво друштво. Саботата ја поминавме на теренот на врвот МУСИЦА и околината. Тоа е убав, питом терен над Крушево.
Искачувањето го започнав-ме од с. Пуста река, едно мирно и одалечено село на 1200мнв. Искачувањето до гребенот на
околу 1700мнв беше некаде поблаго некаде пострмно но сепак без проблеми за групата од 17 планинари. Наидовме на многу
шипови од убави црвени шипинки кои го чекаа првиот мраз да омекнат...
>> Детален извештај <<
Krali Marko Trails 2014 - 12 октомври 2014
"Ден што траеше два дена..." рече Александар Еленин вечерта по завршувањето на целиот настан. И навистина - екипата која
работеше на подготовката на настанот и на неговата реализација имаше споени речиси два дена во едно, а по интензитетот на
работите и вклучената енергија и емоции - можеби и цела недела може да се збере. Секако - ова беше шлагот на тортата која
повеќе месеци се подготвуваше од членовите на TREX, ПСД Макпетрол и волонтерите од Скопје и Прилеп. На крај испадна прекрасна
реализација на замислената цел - јавето испадна дури и поубаво од сонот.
Голема благодарност до сите инволвирани во овој настан...
>> Детален извештај <<
Олимп - Во пријателска посета кај Зевс - 19-21 септември 2014
Олимп е секогаш актуелна дестинација која ги става на проба планинарската кондиција и психичката подготвеност.
Врвот МИТИКАС со своите 2917 м е прав адреналински предизвик. Така беше и овој претпоследен викенд во септемви кој
ветуваше убаво време. Групата од 12 планинари тргна во петокот рано наутро од Скопје со цел да се искачи до 2700м, до
планинарскиот дом GIOSOS APOSTOLIDIS. Сите одевме првпат по патеката од GORCIA преку PETROSTRUGA и SKURTA до ПЛАТОТО НА
МУЗИТЕ. Тоа е една извонредно убава и живописна патека која особено над 2500м не остави без зборови...
>> Детален извештај <<
Гросглокнер 3798 m, 5-6 септември 2014
Врне - не врне, врне - не врне, врне, врне, врне.... На 4 Септември сабајлето, Тања, Горан и јас тргнавме од Скопје на пат
кон Гросглокнер, на Алпите на југот на Австрија. Тоа е највисокиот врв во државата, со своите3.798м. Тргнавме со дожд и
лоша временска прогноза. Последните денови повеќемина се имаа вратено од различни места од Алпите заради лошо време, без
да си ги остварат качувачките планови. Во Белград се сретнавме со организаторот – весела група од “Балкан”, со Бранко Дикиќ
и Влатко Контиќ како водичи, Жаклина како наш неформален фоторепортер, Михајло, Владо од Врање и Стефан од Шабац. Ако по пат
врнеше – во Белград истури, ама нашето комбенце тргна полно со оптимизам...
>> Детален извештај <<
Ultra Trail du Mont Blanc (UTMB 2014) - 28-30 август 2014
Годинава честа да учествуваме на UTMB (Ultra Trail du Mont -Blanc) ја имавме тројца членови на ПСД Макпетрол,
Јовица Јованчев, Светлана Стојаноска и и јас Жикица Ивановски. Како и секоја година оваа трка со должина од 168км и 9600м
+Д започнува и завршува во Шамони (ако тоа го дозволуваат временските услови). За среќа на ова дванаесетто издание
временските услови ни беа доволно наклонети па имавме прекрасна шанса да трчаме и уживаме по оваа епска рута која води од
Шамони во Франција преку Кормајер Италија, Шампе-Лак Швајцарија и повторно во Шамони (за разлика од 2012 год. кога со
Трајче учествувавме на скратеното издание од 106км исклучиво во Франција). Самата трка е вистински магнет за огромен број
ултрамаратонци од целиот свет, оваа година имаше претставници од 77 нации, и секако за најдобрите атлети на овој спорт.
Лимитот на пријавени натпреварувачи изнесува 2300...
>> Детален извештај <<
ПАМИР 2014 - ВРВ ЛЕНИН (7,134 m)
Таква потрага по нечија биста досега немам доживеано. Стотина луѓе од цел свет, со натчовечки напори, после непроспани
ноќи, изгладнети и измрзнати, се во френетичка потрага по бистата на Ленин во Централна Азија. И кога ќе ја најдат,
на 7.134 метри надморска височина, најчесто ја пцујат. $*&! # „Зарем за ова измрзнав? Зарем за ова се качив над
7.000 м.?“ $*&! # Но, пцуењето трае само кратко, а сеќавањето за потрагата и искачувањето, всушност, трае цел живот.
Потрагата по Ленин ние ја почнавме една година порано. „Одиме на Ленин?“ го прашав Борче. „Одиме“, потврди тој и,
почнаа подготовките. Физички, ментални, финансиски. Финанскиски, за дел од трошоците ни помогнаа „Рамстор Македонија“ и
Планинарско спортското друштво „Макпетрол“ од Скопје. А, физичките и менталните подготовки, беа „наши“.
По македонските и балканските планини, на Алпи, Елбрус, Хималаи. По секакво време.... >> Детален извештај <<
Алпи 2014 : Монте Роса и Мон Блан - јули 2014
Петчлената група планинари од Македонија во состав: Петар Герасимов, Зоран Џидров, Јован Мирчевски, Александар
Србиновски и Зоран Успрцов, на 26 јули некаде околу 7 ч. по веќе утврдената програма на ПСД Макпетрол и ПК Балкан
од Белград, се најдoвме на меѓуградската автобуска станица. Испратени од најблиските го фативме нишкиот автобус
кој не однесе до Белград, каде и се приклучивме на групата планинари од Србија и Босна. Целата група вкупно броеше
18 членови. Комбито кое требаше да не носи дојде во точно закажаниот термин во 22 ч. пред соборниот храм Св. Сава
во Белград. Пред самиот влез на црквта ја направивме првата заедничка фотографија, пред тргнување. Околу 22:30 ч.
веќе бевме спакувани во комбито и спремни за тргнување, Влеговме во него и така го започнавме нашето патешествие
кое траеше се до 4-ти август, ден порано од планираното...
>> Детален извештај <<
Рила - Мусала и 7 рилски езера - 1-3 август 2014
ПСД Макпетрол веќе по традиција во почетокот на месец август организира посета на соседната Бугарија, на планината
Рила. Прекрасна планина која нуди искачување од повеќе места и има многу интересни врвови, уште повеќе планински
езера, на неа се наоѓа највисокиот врв на Балканскиот полуостров - Мусала (2925 m). И оваа година се организиравме и
појдовме од Скопје група од 26 планинарки и планинари. Дестинација - планинарскиот дом "Шумнатица" за кој се грижат
наши пријатели со кои сме учествувале на повеќе акции на Балканот и Европа - а пред се Маријана од Туристичкото здружение
"Рилски Турист". Стигнуваме таму во петокот доцна навечер. Поголемиот дел од патот низ Бугарија ни врне дожд,
прилично силен. Во прашалници каков ќе биде утрешниот ден и како ќе се оди после волку дожд... >> Детален извештај <<
Мала Шарпланинска Трансверзала - 12 јули 2014
[Старо Село - Љуботен - Пирибег - Езески Врв - Црн Врв - Вешала] Скоро 2 недели чекав некој од екипата која трчавме
да напише извештај. Сметам дека подвигот кој го направивме иако неуспешен бидејќи не се заврши замислената цел заслужува
да биде ставен во историјата на акции од ПД МАКПЕТРОЛ. Бев многу среќна кога слушнав дека после толку години повторно
ќе се рестартира Трансверзалата Љуботен-Охрид, но поради работни обврски и веќе испланиран годишен одмор не бев во
можност да учествувам на овој подвиг. За време на викендите кога успевавме заедно да направиме некој тренинг се развиваше една идеа. Трчање од Старо село до Попова Шапка за еден
ден на приближно 70 км. со 6000 м. Д+. Дојде моментот кога и тоа се случи. Се собравме јака интернационална екипа
планински тркачи и еден планинар: јас-Светлана Стојаноска, Жикица Ивановски, Јовица Јованчев, Дејан Крле,
Александар Симјановски, Никола Перац (Србија) и Марко Николиќ (Србија)...
>> Детален извештај <<
BM Trail 2014 : Беличица - Меденица - Беличица - 20 јули 2014
На 20 јули 2014 година (недела) малото и живописно село Беличица беше центарот на еден интересен настан - нешто
што за прв пат се одржува во овие предели - натпревар во планинско трчање (trail running) наречен BM Trail 2014 -
Беличица - Меденица - Беличица. На повикот за учество се одзваа 50 натпреварувачи и уште околу 15 планинари.
Временските услови за одржување на натпреварот беа идеални. Убавината на природата како да им ја олесна маката на
натпреварувачите па тие на целта стигнуваа уморни но сепак со озарени лица - среќни што ете - повторно успеале да
направат нешто ново и да се надминат себе си. Се на се - голема група на позитивни луѓе овој ден ја оплеменија
планината а верувам и таа нив...
>> Детален извештај <<
Јакупица : Кале (2112 m) - 20 јули 2014
Во неделата 20.7.2014, некако се склопија коцките да ја посетиме планината Јакупица, но не онаа што ја знаеме по
Солунска Глава, туку нејзината југоисточна верига. Овој дел од планината неправедно е одминуван од голем број
посетители што патуваат до Папрадиште и Нежилово со цел да одат на Чеплес и Солунска Глава како највисок врв на
планината. Иако во сенка на Солунска Глава, врвот Кале (со 2112 м.н.в., највисок на тој потег од планината) и
искачувањето до него, нуди несекојдневно доживување. Село Бистрица ја одбравме како појдовна точка затоа што
оттаму врвот делува најимпресивно, а кога ја гледаш целта со сета убавина, имаш поголем мотив да ја стигнеш
без разлика на теренот. Инаку полесни начини за пристап се преку Нежилово (од запад) и Горно Врановци
(од североисток) каде и патеките се во далку подобра состојба, но затоа погледот кон врвот е помалку импресивен...
>> Детален извештај <<
Западна Македонска Трансверзала - јули 2014
Некаде на петтиот ден од турaта, во пределот каде што Шара се спојува со Бистра, за прв пат наидовме на
други луѓе. Мажот и жената што ги сретнавме беа изненадени кога им кажавме “добар ден”. Тие очекуваа дека
сме странци, а второто изненадување беше кога им кажавме дека пешачиме од Љуботен. До тој момент имавме
препешачено преку 110 км. - Зарем си немате попаметна работа, праша жената. Немавме. Во Скопје ги оставивме
рутините на секојдневијата и тргнавме на оваа тура...
>> Детален извештај <<
Проклетије - Северен врв и Очњак, 04-06 јули 2014
Петок, 4 јули 2014 година, некоја тешка омарнина го имаше покорено скопското небо. Чудно вжестено сивило,
надополнето со тресоци од шок бомби кои одекнуваа од протестите кај Бит Пазар уште повеќе ја правеше состојбата
неиздржлива. Бегството под пазувите на некоја планина беше единствениот спас од оваа вжештена градска џунгла.
Ги собравме набрзина спакуваните ранци и со Горан Николоски, Борче и Емилијана Ѓелевски тргнавме кон планинскиот
масив Проклетије кој се протега на тромеѓето помеѓу Албанија, Косово и Црна Гора. Нашиот пат не водеше преку Косово
до Црна Гора, до долината Грбаја, каде се сместивме во истоимениот Еко катун. Срдечно добредојде ни посака Ленче,
наша сонародничка од Крупиште, штипско, која работи како главна куварка во овој катун...
>> Детален извештај <<
По Света Гора - јуни 2014
На Света Гора се случуваат интересни работи. Таму дневно може да влезат само 100 луѓе; деноноќието не почнува на
полноќ туку од заоѓање на сонцето (тнр. византиско време); има само мачки и кокошки и ниту едно друго женско битие;
од Уранополис тргнавме петмина, а после четири дена, се вративме шестмина. За Света Гора (Mount Athos, на Интернет има многу информации, но посетата во живо е вистинска авантура. Обезбедување визи
( Д иамонитирион), барање благослов за посета и сместување во манастирите, патување со брод, тесните, ,
со камења послани патеки кои водат до манастирите, ...
>> Детален извештај <<
Олимп - 27-28 јуни 2014
Овогодишната редовна акција на Олимп ја организиравме во терминот резервиран во годишната програма. Неколку дена
пред поаѓање, како и секогаш, најважно од се ни беше да ја следиме временската прогноза. На разочарување на сите
кои тој викенд имаа намера да го искачуваат Митикас, прогнозата не ветуваше дека успешно ќе ја изведевме акцијата.
За останатите што сакаа да дојдат до Скала и можеби до Сколио и да му се воодушевуваат на величенствениот поглед
кој од таму се пружа, и се разбира оние кои сакаа само да се разладат во морето под Олимп, мислам дека тоа не
претставуваше некој посериозен проблем. Меѓутоа, оние што требаше да одат до самиот врв од безбедносни причини не
смееја да имаат дожд и влажни лизгави карпи, во спротивно искачувањето на самиот врв ќе беше откажано...
>> Детален извештај <<
Пирин убав - 12-15 јуни 2014
„... Над мојата земја в небото опира Пирин, облаците в бура илинденски прикаски пејат ... “ пее Никола Вапцаров
за Пирин во 1939 година. Нас Пирин од 12 до 15 јуни не пречека без бури и облаци, убав, зелен, полн со езера и
со насмеани и љубезни луѓе. Четири дневната авантура на Пирин со Борче Ѓелевски ја почнавме над Банско каде што
ја оставивме колата и тргнавме кон планинарскиот дом „Јаворов“ на 1.750 метри надморска височина. До „Јаворов“
ни требаа час и половина низ убава и густа борова шума, или како што ја викаат бугарите „великолепна мурова гора“...
>> Детален извештај <<
Долна Лешница камп - 6-7 јуни 2014
Едно сосема ново планинарско искуство за сите нас, учесници собрани од неколку клубови минатиот викенд на
Долна Лешница. Многу ретко посетувана дестинација и покрај тоа што се смета за најубавиот дел од Шара.
Можеби поради деликатниот пристап, барем така се мислеше до скоро. Можеби поради некои неоправдани стравови како
последица од случувањата 2001 год. или пак не знам од какви причини многу ретко планинари и приоѓаа на Лешница од
задната страна како што тоа го направивме ние сега, од село Бозовце, последното село до кое води асфалтен пат...
>> Детален извештај <<
Гросглокнер и Триглав - 21-25 мај 2014
Искачувањето на највисокиот врв на Австрија, Гросглокнер како дел од масивот Hohe Tauern беше планиран подолго
време особено затоа што временскиот период кога требаше тоа да се случи се уште се смета за “зимско качување“,
особено на Алпи, и затоа што искачувањето требаше да биде по гребенот Штудлграт од југозападната страна кој е
особено захтевен кога има снег. А оваа пролет како за беља, постојано врнеше дожд што таму и на тие височини
секако беше снег а и моите метео анализи не ни одеа во прилог затоа што температурата на 3798 метри изминатите
месеци не се покачи од -10/-15 а со windshield одеше и до -25. Времетраењето на искачување на Гросглокнер по Штудлграт
гребенот во јули/август е околу пет/шест часа додека нас ни требаа неверојатни единаесет часа за искачување и околу шест
часа за симнување од другата страна по стандардната рута до Локнерхаус паркингот на 1900 м.н.в. Тргнавме во 0400 часот
утрината...
>> Детален извештај <<
Титов Врв - 24-25 мај 2014
Идејата, да се оди ден порано на традиционалното искачување на Титов Врв и на еден многу невообичаен начин да се
прослави јубилеен 50-ти роденден беше, на кого... ако нe на самиот славеник и иницијатор на оваа акција, Борче
Гелевски. Замислата беше толку добра што не можев да останам рамнодушен, па решив и јас да му се придружам, и
мојот 53-ти роденден од 30 Мај да го поместам за 6 дена порано. Си велам ако Тито можел од 7 Мај својот роденден
да го слави на 25 Мај зошто не би можел и јас... „И по Тито-Тито“. Така, земав активно учество во организацијата,
со Боро ги договоривме деталите, сакавме се да биде како што треба, така и го направивме. Не се штедевме да
однесеме некое кило повеќе на грб до Титов Врв. Ирена и Боре се потрудија да ни го разубават роденденот со
неизбежните реквизити...
>> Детален извештај <<
Скопска Црна Гора и Титов Врв - 24-25 мај 2014
Скопска Црна Гора е прекрасен, питом планински масив кој благодарејќи на ангажираноста на ПД Скопска Црна Гора
станува се попристапен. Во тек е маркирањето на патеките. Акцијата ја започнавме во саботата наутро кога заедно со
пријателите планинари од ПК Балкан од Белград и водени од членот на ПД Скопска Црна Гора Дарко тргнавме кон
с. Побожје. Застанавме да ја разгледаме црквата Св. Богородица но за жал капијата беше заклучена со катанец.
Затоа продолжив- ме кон с. Бродец и застанавме на висорамнината Рамно. Дотаму, а и понатаму води убав асфалтен пат.
Комбето не истовари на околу 1450мнв и отаму започна нашето пешачење...
>> Детален извештај <<
Малешевија - "По патот на Гасоводот 2014" - 17/18 мај 2014
"Ајде Милке да бегаме в наше село Малешево. Од три страни сонце грее, од четврта месечина". Не сум забележал досега
но утрото на 18 мај од исток блескаше јасно сонце а на западната страна јасно се гледаше месечината. Значи вистина
е! И еден постар жител ми кажа дека и три пати трева се коси а додека на една страна се жнее на друга се сее.
Малешевијата е извонредно убав дел од Македонија. Затоа и оваа година таму ја организиравме нашата традиционална
планинарска акција. Во саботата по прекрасно сончево време направивме прекрасна прошетка по висорамнината над
Беровското езеро... >> Детален извештај <<
Длабока Река и Кабаш - 11 мај 2014
Се возиме. Не знам точно како одеше разговорот, но се сеќавам на два моменти и на музиката во колата. Музиката е Стинг,
компилација најдобри балади. Кој одлучува дали една балада е поубава од друга? Или песна воопшто? И кој го прави изборот?
Стинг? Моево страшно длабоко размислување го прекинува реченицата : ”Еве ти напиши го изештајот!” Не. Не сакам! Реков дека
не сакам пак да пишувам извештај. Дека сите што ги среќавам по планини или ридови или било каде го имаат прочитано првиот.
Единствениот додуша. Не можеш да направиш бест оф. Дури и луѓе што прв пат ги запознавам го имаат прочитано. Се запознаваме
и ми споменуваат или прашуваат. Ти си?..
>> Детален извештај <<
Sky Race - Соколов Пут, Србија - 10 мај 2014
Во сабота - 10 мај 2014 година - се одржа за прв пат планинската трка во близина на градот Ниш - од типот Sky Race
- трки со значителна висинска разлика. По иницијатива на општината Ниш и под организација на "Udruzenje Freestylera" и нашиот пријател Марко Николиќ. Во петокот попладнето и вечерта се собравме натпреварувачите во Нишка Бања.
Дел од нас бевме сместени во шатори на една убава ливада во близина на чешма, останатите беа или во приватни куќи
или во еден голем балон што беше специјално наместен - за оние кои немаа шатори. Вечерта околу 21 часот започна
делењето на стартните пакети. Наскоро заминавме на одмор дека следниот ден не чекаше напорна трка... >> Детален извештај <<
34-ти пролетен маратон : Богомила - Солунска Глава - Водно (Скопје) - 25-27 април 2014
Кога би имала голема меморија не би раскажувала со свои зборови и реченици. Така барем мислев. Би цитирала цело време,
цитати од филмови, песни, поеми, сказни, вицеви, пријатели па дури и од некоја книга. Оние цитати за обичните луѓе и
нивните животи. Луѓе како Амелија и јас. Обични луѓе што тргнуваат на пат. И така и мислев да прераскажам. Но излезе дека
не можам да раскажам сопствен пат со туѓи зборови и цитати, колку и да се трудам. Бидејќи е мој. А секој пат е различен,
уникатен и оргинален до бескрај...
>> Детален извештај <<
IZNIK Ultra, Турција - 17-20 април 2014
IZNIK - или во античките времиња познато како Никеа - мало градче во Мала Азија во близина на градот Бурса и на брегот на
истоименото езеро беше местото кое го посетивме и во кое поминавме неколку прекрасни денови во втората половина на април.
Поводот за оваа посета беше дека се организираат неколку планински трки на различни должини. Набројани од најдолгата кон
најкратката изгледаат вака : 130 km, 80 km, 42 km, 10 km. Од Скопје замина екипа од 9 членови. Осуммина бевме појдени со
две коли, плус Иле од Прилеп дојде таму со татко му и со еден пријател. Накратко раскажана прикаската - супер си поминавме,
убаво се истрчавме, малку поткривнувавме првиот ден по трките, собравме многу награди, запознавме многу фини луѓе од различни
делови на светот и си дојдовме назад...
>> Детален извештај <<
100 Miles of Istria Ultratrail - 10-13 април 2014
Четврток 10.04.2014 година ден после мојот 33 роденден, рано утро 7:00, звони мобилниот ме бара Тако (Александар Таковски):
Спремен ли си? Тргаме ли? Спремен сум тргаме за 30 мин. Арно ама тој нема изведено патничко осигурување ја немам купено
евра и ставено бензин, а заедно двајцата немаме доручкано и пиено кафе. Па поради сето погоре наместо да тргнеме во 7:30,
тргнуваме некаде околу 9:20 часот. Нормално добро расположени, најадени, пиено кафе, во опуштена атмосфера,
без навигација и навигациони системи, тргнуваме на пат од 1200 км, Скопје-Белград-Загреб-Умаг...
>> Детален извештај <<
Солунска Глава : 5-6 април 2014
Во саботата се собравме група од девет планинари и по многу убаво време се упативме кон Богомила и с.Папрадиште.
Попатно застанавме кај манастирот Св. Архангел Михаил во с.Теово. Многу пријатно се изненадивме од прекрасно уредениот
плац со малата црква и фантастичниот конак. Секоја чест за отец Стојко кој е ктитор на манастирот и кого го затекнавме
како работи во дворот. Околу 9.30 ч. тргнавме од с.Папрадиште кон пл. дом Чеплес. Патеката води кратко време низ селски
полиња а потоа влегува во прекрасна букова шума испресечена на неколку места со потоци кои лесно ги поминавме.
Околу 12 ч. пристигнавме во пл. дом Чеплес на 1450 мнв. Домот пристојно се одржува и се гледа дека новиот газда решил
новиот дел убаво да го дотера...
>> Детален извештај <<
BormioSki - април 2014
Додека чекавме на семафор, држејќи ги со едната рака скиите на рамо, а со другата воланот на точакот, покрај нас помина
скијач бавно вртејќи ги педалите со тешките скијачки чизми. „Каде е снегот во Бормио?“, се прашувавме. Крај на март, а по
улиците на Бормио имаше само сув асфалт и прашина. Во срцето на Италијанските Алпи, е областа Алта Валтелина, областа во
која растат убавите јаболка (Црвен и Златен делишес). Областа се наоѓа североисточно од Милано, на троме ѓето меѓу Италија,
Швајцарија и Австрија. Таму е малиот алпски град Бормио над кого остро се издигнуваат 3.012 и 3.148 метри високите врвови
Cima Bianca и Monte Vallecetta. Од Cima Bianca надолу почнуваат доооооолгите скијачки патеки, се до Бормио кој е
на 1.225 метри, со висинска разлика од 1.800 м...
>> Детален извештај <<
Osogovo Trail - Пониква, Царев Врв, Руен и назад - 30 март 2014
Последниот подолг тренинг пред IZNIK решивме да го направиме на Осогово и поради терените кои ги нуди за трчање и поради
должината која планиравме да ја направиме. Поточно планирано беше да формираме две групи од кои едната би трчала од
Пониква до Царев Врв и назад а другата од Пониква до Руен и назад. Само што влеговме во летното сметање на времето со
еден час помалку спиење и околу 7:30 бевме на паркингот на Пониква. Од таму пристигнатите десетина луѓе се упативме со
трчање наjпрвo кон Царев Врв додека останатите решија да пешачат кон Царев Врв. Во меѓувреме пристигна и екипа
планинари од Кочани...
>> Детален извештај <<
Дешат : Веливар (2372 m)- 23 март 2014
Минатата 2013 година имавме прекрасен ден на Дешат планина - на истиот датум - 23 март. Желбата да се доживее повторно оваа
убава планина не поттикна повтоно да ја организираме оваа акција. На договореното место - на бензинската во Карпош се
појавија неколку возила, но по патот се приклучуваа уште - некои од Скопје, некои од други градови, еден мини-бус.
За среќа во Жировница се паркиравме на неколку различни локации па имаше место за сите возила. Времето беше убаво, сончево.
Водичот од с. Жировница Даут не чекаше кај Горната Џамија. Беше потребно малку повеќе време и координација додека да се
соберат сите луѓе кои паркираа на различни места во една колона...
>> Детален извештај <<
Обука за планинарски водичи за зимски акции во Словенија (6-9 март, 2014)
„Преку сателитски телефон ми се јави еден мој пријател планинар, од Елбрус, Кавказ, и ме прашува што да прави со планинарот
кој има силна висинска болест“, почна др. Миха Зајец од Медицинскиот центар во Словењ Градец, Словенија, предавачот за
Прва помош во зимски услови на обуката за планинарски водичи за зимски тури. „Ги прашав за симптомите и за лековите што ги
имаат. Тие што ги имале, не им помогнале и јас им предложив, додека полека го симнуваат болниот планинар, еден од нив да се
симне долу во долината и во првата аптека да купи ... Вијагра!“. Ние, учесниците на обуката почнавме да се смееме.
„Да, да“, продолжи др. Зајец. „И тие како и вие се зачудија на предлогот, но ме послушаа. Му дале Вијагра и ...
болниот планинар закрепнал...
>> Детален извештај <<
Проклетије : Планинарски меморијал Звонко Блажина 2014 - 8 март 2014
Изминатите две години (2012 и 2013) поради големи количини снег, беше откажувано традиционалното зимско искачување на
Маја Језерце. Оваа година имаше релативно поволни услови за успешна реализација на акцијата се до последен момент.
Сите показатели беа на наша страна, временската прогноза за претстојниот викенд, моменталната состојба со снегот па дури и
оптимистичките прогнози на организаторите на акцијата ПД Победа и ПСД Раднички од Белград, предвидуваа убав викенд за
освојување на врв каков што е Маја Језерце...
>> Детален извештај <<
БОРОВЕЦ - Бугарија - 7–9 март 2014
Иако временската прогноза ни укажуваше дека на Рила ќе не пречека вистински зимски амбиент навистина бевме изненадени од
висината на снежната покривка! Па зарем баш тогаш мораше сиот снег кој не падна во јануари и февруари да се струполи во
неколку дена. Или пак за тоа е крив датумот! Неможе да се знае но како и да е Мусала ни остана должна – ќе мораме да
ја повториме турата. На Боровец стигнавме доста касно вечерта на 7 март. Една грешка во навигацијата не чинеше додатни
триесетина поминати километри. Домакините Маријана и Николај не очекуваа во пл. дом Шумнатица, собите и кујната беа затоплени и
брзо се сместивме. По еден час пристигна и групата планинари од ПК Балкан од Белград. Уште вечерта започнало да врне снег и
врнеше цел нареден ден. Рано сабајле групата од 12 планинари по доручекот се упати кон жичарата со кабинките...
>> Детален извештај <<
КОЗЈАК Планина – Куманово - 1 март 2014
Како што беше планирано на 1 март 2014 го реализиравме искачувањето на Козјак планина одалечена околу 20 км северно од
Куманово. Претходно контактиравме со ПД Козјак 2013 и многу им благодарам што се согласија да не водат и да дојдат како
група заедно со нас. Така околу 8.45 ч. се сретнавме кај меморијалниот центар Пелинце и заедно како група од 15 планинари
тргнавме по маркираната патека кон врвот Китка – 1211м. Планинарите се дружељубиви и весели луѓе и набргу се спријателивме.
Денот беше типичен зимски со малку ветар над 700мнв и малку посилен ветар и магла на врвот. Движењето е паралелно со граничната
линија со Србија...
>> Детален извештај <<
Шар Планина - Попова Шапка, 15 февруари 2014
Необично топлото и јасно сончево време денот го направија за паметење. А горе на Попова Шапка не пречека прав зимски амбиент.
Снег имаше доволно на сите ски-лифтови, работеше седешницата за Церипашина. Пристигнавме меѓу првите посетители околу 9 ч.
на големиот паркинг. Скијачите се упатија кон ски-лифтовите, групата за шетање се упати кон хотелите и населбата а групата
од петмина планинари тргна по бандерите нагоре кон Церипашина и антените...
>> Детален извештај <<
Katlanovo Run - 16 февруари 2014
Во недела - 16-февруари-2014 група од 15 вљубеници во слободно трчање по терени во природа се собравме во Катлановска Бања на
стартот на патешествието за тој ден. Интересно е дека и во месец ноември кога трчавме тука исто така бевме 15 души.
За овој пат беа предвидени две делници - стандардната од 21 km и подолга - за оние кои треба да се спремаат за
ултра-планинските трки и други големи потфати во наредниот период - 57 km. Иако прогнозата ветуваше дека во текот на денот температурата
ќе се качи до 15 степени, сепак не пречека свежо утро со температура близу до нулата. Затоа на брзинка се спремивме и појдовме да
трчаме - за да што побргу се загрееме...
>> Детален извештај <<
Шар Планина - Бакардан - 02 февруари 2014
Редовниот неделен високогорски тренинг и овој пат го направивме на Попова Шапка, како една од најпривлечните локации за нас
планинарите, дел поради убавите терени за планинарење а дел поради логистиката што ја нуди. Поради најавите за силен ветер
(50-60 км/ч.), рековме... нема да правиме некои амбициозни планови, сакавме како и обично еден ден од викендот да го
поминеме на чист воздух, што подалеку од скопскиот смог... >> Детален извештај <<
Банско - Бугарија - 31 јаунари - 02 февруари 2014
Рапорт од изминатиов викенд во Банско: Поминавме еден прекрасен викенд - сончев, без ветар, со доволно снег за скијање. Сместувањето беше одлично - собите топли, појадокот солиден, персоналот пријатели, собите ги напуштивме во недела во 17ч.
Неколкумина користеа сауна, џакузи и масажа. А ЕКИПАТА БЕШЕ ФАНТАСТИЧНА ! Млади, ведри и распеани - да им плаќаш за да доаѓаат! Никогаш толку брзо не сме ги поминале границите на враќање! Им благодарам за прекрасното дружење, се надевам дека
пак ќе се дружиме. Останаа уште многу неиспеани песни!... >> Детален извештај <<
Chase the Gray Rabbit Run / Фани го сивото зајче - 02 февруари 2014
Серијата на трчања по македонските ридови и планини си продолжува. Сега дојде редот да се трча во околината на Штип - веќе
трета година по ред трчаме на овие терени. Датумот на кој се одржа овој настан го донесе и ова име но и варијантата да се
појде во бања после трчањето.. Како и многупати досега на името кумуваше Трајче, а негов предлог беа и двете варијанти за
овој ден, една пократка и една подолга. На моја радост после толку време на овие патеки се појавија десетина луѓе
(пет дена во неделата трчам по овие предели и најчесто сам). Уште од старт се поделивме во две групи, првата Трајче, Софија
и Тања, а втората Александар, Јовица, Здравко и штипската екипа Мики, Ристе, Влатко, Миле и јас...
>> Детален извештај <<
Планинарска вечер - 25 јануари 2014
Како и секоја година така и оваа година ја одржавме нашата традиционална планинарска вечер. На 24 јануари 2014 во ресторанот Журнал со своето присуство не почестија скоро 200 планинари и љубители на природата.
Беше како што е вообичаено многу весело. Тоа беше прилика да ги запознаеме присутните со нашите успеси во текот на изминатата 2013
година и да им ги изложиме нашите планови за 2014 година со збор и со печатена програма. Каква беше атмосферата можете да видите
од приложените слики. Добивме пофалби за организацијата и заложби за повторно организирање на вакво дружење. Ќе се обидеме повторно
да се собереме и развеселиме некаде во мај месец. Им се заблагодаруваме на сите кои се одзваа на нашата покана....
>> Детален извештај <<
Беловиште-Пирибрег - 26 јануари 2014
Најавата за акцијата на Пирибрег на Шар Планина предизвика голем интерес, и покрај предупредувачките препораки што
моравме да ги дадеме како организатори, во однос на кондиционата тежина и потребната опрема (според километражата и
висинската разлика е идентична со Титов Врв зимска). Имаше повеќе заинтересирани, за жал некои од нив моравме да одбиеме
поради неисполнување на безбедносните услови што ги поставивме, особено поради непоседување на соодветна опрема. Оваа акција,
како и останатите што следат оваа зимска сезона, беше замислена како почеток на серијалот акции за припрема на
планинари-високогорци...
>> Детален извештај <<
Skopje Horizontal Run - 26 јануари 2014
Во еден неврзан разговор, повеќе на шала, Кире Наунчевски од Делта - а поттикнат од името на Ceripasina Vertical
Kilometar - предложи да направиме едно трчање Skopje Horizontal. Бидејќи за слична патека веќе размислувавме со Јовица
Јованчев и планиравме да си направиме тренинг, не ни беше потребно многу да ја договориме и реализираме целата работа.
Претходниот викенд тројцата главни "виновници" : Јовица, Кире и јас - ја истрчавме целата патека и проверивме дека е
сосема во ред. Добро е што се прави речиси цел круг околу Скопје, а имаме многу малку контакти со сообраќај.
Пуштивме информација на Facebook групата за трчање - и - за пријатно изненадување - многу луѓе се пријавија дека ќе
учествуваат... >> Детален извештај <<
SKY RUNNING - VERTICAL KILOMETER : Церипашина - трето издание - 12 јануари 2014
Почна Новата година а со тоа започнува и новата спортска сезона. За да одат работите напред, ете се потрудивме да
организираме трка во планинско трчање од серијалот CERIPASINA VERTICAL KILOMETER но овој пат во зимски услови - на снег.
Интересен предизвик кој го прифатија дваесетина натпреварувачи од Македонија, дел од нив планински тркачи, дел планинари
кои сакаат да пробаат нешто ново. За среќа и времето се погоди доволно убаво - сончево со по некое облаче, температура
околу нулата и со слаб ветар. Само на делот околу врвот Церипашина дуваше нешто посилен ветар. Во вакви околности трката
помина во најдобар ред и постигнатиот резултат е навистина одличен - 59 минути и 13 секунди...
>> Детален извештај <<
Шар Планина-Антени - зимски тренинг камп, 4-5 јануари 2014
Продолжениот викенд пред Божиќ... некако, моравме да го искористиме за нешто конкретно, па така решивме да го направиме
првиот зимски „работен“ камп. Со оглед на посериозните високогорски акции што се планираат годинава, одлучивме малку да
повежбаме, да ги повториме претходно стекнатите знаења и да научиме и извежбаме нови техники без кои, едноставно не се
може на повисоки планини. На овогодишниот прв зимски камп покрај стандардните тренинзи за движење по стрмен терен со
дерези и цепин, „self arrest“ и слични техники, овој пат имавме намера да ја усовршиме техниката на спасување планинар
пропаднат во глечерска пукнатина „crevasse rescue“...
>> Детален извештај <<
Шар Планина - Титов Врв - 22 декември 2013
Традиционално зимско искачување на Титов врв во организација на ПД Трансверзалец – Скопје. Добар почеток за првиот
зимски ден. Додека Скопје се гушеше во магла ние на Попова Шaпка уживавме во совршена комбинација на снег и сонце,
ѕвезди и месечина. За цел викенд остана приказна која долго ќе ја паметиме. Совршена можност за сите кои долго време
посакуваа да го искачат Титов врв во зима, на снег, по патека која би кажала од моја гледна точка дека е една од
најтешките во нашата држава. Дел од нас заминавме уште во сабота со цел да го искористиме топлото сонце и да уживаме по
падините на Шара...
>> Детален извештај <<
Прилеп : KMT испитување на патеката за 2014 - 15 декември 2013
Не чекавме долго да помине после КТМ за да го направиме и првиот тест на патеката за наредната година. Од магливото Скопје
преку Прилеп па назад до селото Оревовец до сончевите падини во околината на Прилеп. Со трчање започнавне од Оревоец во
насока кон селото Крстец по земјениот пат кој го користат и возилата. Промената на патеката од првобитната 60к е токму
во Крстец со насока на движење северо-запад во правец на манастирот Св. Ѓорѓи...
>> Детален извештај <<
Попова Шапка - Церипашина Антени - Плат - 8 декември 2013
На 8 Декември, речиси 40 планинари тргнавме од Скопје накај Попова Шапка. Дел со намера да стигнат до Титов Врв, дел до
Антени, некои до Плат, а другите – кој до каде може, затоа што, иако сончево и ведро, дуваше силен ветер.
Качувањето од Шапка по Церипашина почна малку пред 6.30 утрото. Церипашина, која и онака си бара спремност и кондиција,
уште во старт беше предизвик поради ветрот од околу 50км/час кој 10-те степени под нулата ги правеше да се чувствувате
како да е минус 20. Пешачење во вакви услови е одлична прилика да си ја тестирате опремата за во зимски услови...
>> Детален извештај <<
Katlanovo Run - трчање по ситен дожд - 24 ноември 2013
Секоја година трчачкиот дел на членовите од нашиот клуб заедно со членови на нашиот братски атлетски клуб Делта Маратон
Клуб си организираме едно или неколку трчања во реонот на Катланово. Традицијата трае повеќе години и секогаш кога сме
биле таму сме си поминувале многу убаво. Можеби е заради теренот, можеби заради позитивните луѓе кои доаѓаат да си
истрчаат - има нешто. Така и оваа година се собравме 15 души во Скопје во раните утрински часови. Времето беше облачно,
врнежливо, но ние бевме решени да се појавиме во Катланово и да си го истрчаме планираното...
>> Детален извештај <<
Катлановска Бања - с. Дивље - 17 ноември 2013
Временската прогноза ветуваше сончево време, но метеоролзите изгледа “ја утнаа” работата. Денот осамна облачен и не баш
топол. Но закажано си е закажано. Се собравме 16 планинари и планинарки и со автобус бр. 53 се одвезовме до Катлановска бања.
Бањата уште “спиеше” а ние го минавме мостот над Пчиња и се упативме кон с.Градманци. Иако врнеше пред некој ден патот до
Градманци и натаму до Дивље беа во доволна мера потсушени и немаше незгодна кал...
>> Детален извештај <<
Љуботен - традиционално искачување - 09-10 ноември 2013
Овогодишната акција ЉУБОТЕН 2013 – традиционалното шесто искачување по повод 13 ноември – денот на град Скопје помина во
знакот на рекорден број на учесници : 500-600 учесници. Домарот од пл. дом Митко не памети некогаш да имало толку учесници
во планинарска тура на Љуботен. Иако временската прогноза не беше поволна како минатогодишната тоа не ги поколеба учесниците
организирано со ПСД Макпетрол и ПД Трансферзалец или самоиницијативно да го поминат денот во прошетка по убавите планински
падини или до самиот врв. Уште во саботата при контролното искачување до Козја стена и отаму до врвот и долу до пл.дом сретнавме
доста планинари кои беа дојдени да ја искористат убавата саботна временска прогноза – прекрасно сончево и мирно време...
>> Детален извештај <<
Јакупица : Солунска Глава - 3 ноември 2013
Старата народна... „Добар глас на далеку се слуша“ уште еднаш се потврди во пракса. Идејата на Данчо, неколкумина од нас да
ја качиме Солунска а потоа заслужено да се почестиме со велешка пита (пастрмајлија) во Велес каде изминатиот викенд традиционално
се одржуваше питијада, неочекувано доби пошироки размери. Од неколку души станавме група од 30-тина планинари од повеќе планинарски
друштва од Скопје, Штип и Виница. Сите, водени од желбата уште еден убав ден да се искористи во природа, не натера во неделата да се
разбудиме во 3 ч. за да веќе во 4 ч. бидеме во автомобилите возејќи се во правец на Папрадиште. Нашиот првичен план беше да ја испитаме
ново маркираната патека која преку Даутица води кон Солунска Глава а на враќање да ја следиме стандардната патека преку планинарскиот
дом Чеплес...
>> Детален извештај <<
Голем Крчин и Рудина - 20 октомври 2013
Периодот на стабилно и релативно топло време веројатно беше причината да за оваа акција се пријават голем број на
планинари. И самата планина е една од поретко посетуваните, па за голем дел од учесниците ова беше прво запознавање
со нејзините убавини. Во недела наутро, организирани со сопствени возила, од Скопје рано наутро поаѓаме во правец на Дебар.
Од Гостивар ни се приклучува уште едно возило, а од патот под Жировница го земаме и нашиот пријател Даут - така да
вкупно 40 планинари пристигнавме на стартното место на акцијата - месноста Драга над село Битуше. На висина од
околу 1150 m се наоѓа голема ливада со фудбалско игралиште. Тука ги паркираме колите и се подготвуваме за поаѓање.
Некаде околу 7:15 часот почнуваме со пешачењето...
>> Детален извештај <<
Krali Marko Trail 2013 - 11 октомври 2013
Следејќи ја традицијата, веќе трета година во околината на Прилеп организираме планински трки. Оваа година имавме големи
планови, но поради поголем сплет на околности, плановите пропаднаа во вода. Сепак, за да го одржиме континуитетот на трката
и да ја задоволиме големата желба на тркачите за планински трки, смогнавме сили заедно со општината Прилеп и ја организиравме
најкратката делница - 16 km. За жал изостанаа гостите од странство, особено од Србија и Бугарија кои повеќе пати во текот на
годината се интересираа и прашуваа и ја имаа ставено трката во својот календар. Трката од 16 km можеби изгледа мала по километража,
но е убава патека, која навистина бара максимум вложување од натпреварувачите, на неколку места и техничка, каде треба движењето да
е внимателно, стрмни делови со карпи, камења...
>> Детален извештај <<
SKY RUNNING - VERTICAL KILOMETER : Церипашина - второ издание - 06 октомври 2013
Второ издание на трката Ceripasina Vertical Kilometer - 1000 висински метри за што пократка должина - за тркава последните
мерења покажуваат некаде околу 4400 - 4500 метри во должина. И - што е најважно - почна да се создава традиција - иако овој
пат дојдоа малку луѓе, за тркава се знае, се дискутира. Се надевам дека понатаму ќе учесетвуваат повеќе натпреварувачи - не е
најважно да се победи туку да се провери својата моментална состојба, па по месец дена пак... и така ќе има напредок. Па ќе
дојде зимо и снег, па ќе правиме трка на тој терен, нешто пократка но по снег, а ако е потврдо и со дерези...
>> Детален извештај <<
На Олимп со ПСД Макпетрол - 20-22 септември 2013
Каде може да се помине последниот летен викенд во 2013 година, а да е погодно и за планинарење и за пливање? Па, на Олимп,
секако. Сино небо и високи врв, сино море и песок. Од 20 до 22 септември ПСД МАКПЕТРОЛ во соработка ПД Трансверзалец и со
ПК БАЛКАН од Белград, веќе традиционално, организира искачување на еден од највисоките врвови на Балканот, Митикас на Олимп.
Се собравме 45 и во петокот после пладне тргнавме кон приморското место Неи Пори, Република Грција. Стигнавме таман да се сместиме
и одмориме пред саботното поаѓање кон Олимп...
>> Детален извештај <<
Корабски масив : Шупла Стена (2440 m) - 22 септември 2013
Акција на нашиот клуб на веќе добро позната дестинација - Шупла Стена. Но секогаш доаѓаат и нови членови кои се запознаваат
со овие прекрасни предели. Така беше и овој пат. 13 души со 4 возила поаѓаме од Скопје во 5 часот наутро. Околу 6:30 сме во
селото Жировница - Горно маало. Таму веќе не чека нашиот локален водич и доба пријател Даут Јашари. Денот убав, со мала
облачност но пријатен. Поаѓаме отприлика околу 7 часот. За овој пат Даут ни предлага да појдеме при искачувањето од кај
Асан Кула, што - нормално - ние го прифаќаме. Во делот кога се излегува на превојот - природната граница помеѓу атарот
(синорот) на Жировница и село Тануше - забележуваме многу исечена шума и направени со булдожери патеки за пристап на
камионите - патишта за сеча на шума...
>> Детален извештај <<
На Корчула со ПСД Макпетрол - Скопје - септември 2013
Сонце, камен, вода - три елементи од природата, без кои не се може. Со сонцето се будиш, топлината те грее, на каменот се
ладиш и почиваш, а водата те освежува и прочистува... . Така и почна! Желба или предизвик. Овој пат бев сигурна дека мојот
годишен одмор ќе почне со планинарење, а ќе заврши на крајбрежјето на плавиот Јадран. Oдмор или авантура?
30 август, 2013. Почетно место - паркингот пред пошта на железничка станица во Скопје, како и секогаш. Пристигнав 30 минути
порано а групата веќе се собираше. Се приклучив и јас, радосна на познатите. Се познаваме од поранешни акции во организација
на ПСД МАКПЕТРОЛ и ПД 18 АВГУСТ од Скопје. Од рафтингот на Тара, од Титов врв, од Љуботен. 45 луѓе. Сите видно возбудени и
спремни за дружба. По патот спиев. Утрото ме разбудија гласови и топлите зраци низ стаклото на автобусот... Убав поглед.
Синило горе, синило доле, во далечините... море...
>> Детален извештај <<
Персенк Ултра 2013 (120 km/5200 m D+) (Александрова верзија) - 14-16 септември 2013
Прв пат за Персенк Ултра слушнав на интернет преку клип што беше објавен на нашата група. Ми дојде интересно, ми дојде
како предизвик кој одамна сум го чекал. Веднаш се заинтересирав за Персенк, но со оглед на тоа дека КМУТ беше закажан
за истиот месец многу се размислував околу тоа дали ќе биде можно да се оди и на оваа трка, сепак КМУТ си е наша домашна
трка па и давам предност. Кога после Тара Ултра Маратон веќе стана јасно дека КМУТ нема да се одржува оваа година, на
иницијатива на Данчо Маркоски и Јовица Стојановски (Тајфун) кои веќе беа пријавени, решив да се пријавам и јас.
Мислам дека во исто време со мене се пријавија Жикица Иваноски, Светлана Стојаноска и Александар Таковски, па така се
собра екипата која реши да се соочи со предизвиците на Персенк Ултра...
>> Детален извештај <<
Персенк Ултра 2013 (120 km/5200 m D+), Бугарија - 14-15 септември 2013
Љубопитноста и желбата за трчање овојпат не одведоа во Асеновград, 400 км далеку од Скопје, на првото издание на Персенк
ултра (120km и 5200m +D). Седумчлената екипа составена од Александар и Сандра Симјаноски, Светлана, Александар Таковски,
Данчо, Јовица Стојановски и јас пристигнавме нешто пред полноќ во четвртокот во Асеновград каде нашите љувезни домаќини /
организатори веднаш не сместија во хотел на само неколку чекори од центарот на градот. Патувајќи од Софија кон Пловдив
безброј молњи ни го осветлуваа патот кон Асеновград најавувајќи го дождот кој требаше да падне пред трката...
>> Детален извештај <<
Авала - планинска трка - 14 септември 2013
На покана на П K “Балкан” од Србија за учество на “нивното прваче” - трката на Авала во Белград се комплетираше
македонската делегацијата на учесници : Илија Пајмакоски во јуниорска конкуренција и јас – Марјан Бонев во сениорска
конкуреција на чело со водичот Никола Доновски. “Најбезболната комбинација” на патување со цел да не се изгуби многу
време во пат, а секако тоа да биде по работните обврски се одлучивме да биде во Петок во 23:30 со директна автобуска
линија Скопје – Белград. Планот беше да пристигнеме околу 6 часот наутро и веднаш да отпочнеме со припремите за трката
која беше закажана во 10 часот, малку се забавивме на граница, па така се симнавме пред Белград околу 6.30 часот...
>> Детален извештај <<
Проклетије : Маја Росит и Маја Језерце - 7-9 септември 2013
Проклетије (Bjeshket e Namuna на албански) - голем планински масив кој се протега во граничните предели помеѓу Црна Гора
и Албанија. Масив кој со својата убавина ги плени сите вљубеници во вистинските планини - диви, сурови, предизвикувачи,
но чисти, недопрени. Една од последните оази на недопрена природа во Европа. За овој масив, а особено за највисокиот врв
на него - Маја Језерце - се спремаме подолго време, го збориме. Неколку пати бевме готови да појдеме, но поради неповолни
временски услови го откажувавме патот. Затоа пак дојде конечно моментот ние и таа планина конечно да си ги подадеме рацете и
да се запознаеме. Од Скопје поаѓаме 14 души со 4 возила. На тој начин имавме најголема флексибилност на движење...
>> Детален извештај <<
Веливар, Дешат планина - 1 септември 2013
На 1 септември 2013, недела, по претходен договор, се најдовме над долнореканското село Битуше, Западна Македонија.
Слично како и акцијата на Олимп во 2011 година (Тања Манчева и 7 планинари), оваа акција работно ја нарековме „Климентина и седумте планинари“
со учесници: Климентина, Боре, Душко, Дејан, Марио, Љубиша, Горан Ф. и Горан Н. Планот ни беше да се искачиме на врвот
Веливар (2.373 м.), на планината Дешат, тргнувајќи од селото Битуше. Во организација на нашето Планинарско-спортско друштво
МАКПЕТРОЛ од Скопје, во март 2013, 17 планинари се искачија на Веливар по патека со почеток од село Жировница...
>> Детален извештај <<
На Хималаи - мај 2013
Во периодот од 12 до 29 мај 2013 , јас, Борче Ѓелевски заедно со Ѓорги Ќосев (од Македонија) и Слободан Стокиќ (од Србија)
престојувавме во Непал, во организација на „Позитив Клуб“ од Белград и Слободан Стокиќ како наш водич. До Непал стигнавме
со авион од Белград до Дубаи (четри ипол часа лет) и од таму до Катманду (четири часа). Уште по патот од аеродромот до
хотелот доживеавме културен шок. Катманду е град од 4 милиони жители од (70% се индијци, 25% будисти и 5% христијани и
муслимани), кои живеат во сиромаштија без вода за пиење, повремено имаат струја и со многу малку асфалтирани улици.
Гужва и прашина на сите страни. Единствено во центарот на градот кај кралската палата има подобро организиран живот.
Има многу продавници за планинарска опрема за багателни цени (дури не можеме да замислиме колку е евтино). Дури можете да појдете
на трекинг и без опрема и во Катманду да се снабдите комплетно за евтини цени...
>> Детален извештај <<
Дестинација: Елбрус – Највисок врв во Европа (5645 м.) - август 2013
Во организација на „Позитив Плус“ од Белград во периодот од 1 до 11 август 2013 кон Елбрус, на Кавказ, во Руската
Федерација, тргнавме ние седмина : Камиловски Александар и Гелевски Борче од Македонија, Јасмин, Фико и Шефкет од Босна
и Херцеговина, Едита од Хрватска, Слободан Стокиќ од Србија - водич. Со оглед на тоа што во извештајот од претходната
експедиција на членовите на „ПСД Макпетрол“ имаше доволно детали за врвот Елбрус, јас ќе се задржам само на деталите кој би
биле корисни за љубителите на следните качувачи на врвот. Мора да потврдам дека Кавказ е два пати поголем и поубав од
Алпите во смисла на недопрена природа (никако по организираноста на градби и обележувања на патеки , како и по понудени услови,
туку само по природна убавина...), но и три пати помал и помалку убав од Хималаите...
>> Детален извештај <<
SKY RUNNING - VERTICAL KILOMETER : Церипашина - прво издание - 01 септември 2013
За прв пат во нашата држава организиравме и ја изведовме првата трка по углед на европските и светските трки од серијата
на SKY RUNNUING и тоа - VERTICAL KILOMETER. Под sky running се подразбираат трки во планински предели со значителна
висинска разлика, обично се организираат на висини над 2000 метри, доколку во таа држава има такви терени. Vertical Kilometer
е тип на трка со точно утврдена висинска разлика - 1000 m и пожелно е теренот да биде колку што е можно пострмен, не подолг
од 5 km, а не пострмен од алпинистичка скала II - значи може да има карпи, фаќање со раце за камењата или тревата ако е
многу стрмно. Ние, поттикнати од тие трки, решивме да се обидеме да организираме таква трка и кај нас. Теренот од Попова Шапка
се покажа погоден пред се поради тоа што во близина има таква стрмна патека а и поради лесниот пристап до стартот...
>> Детален извештај <<
Бистра планина : Карбула и Меденица, плус тура за родители и деца - 25 август 2013
Со силен аплауз на отворена сцена и насмеани и задоволни лица на 10 планинари на празниот паркинг на Ски Центарот Заре
Лазарески – Маврово во 17,30 часот, заврши овогодишната планинарска акција Меденица/Карбула 2013 година. Аплаузот, заслужено
сами си го дадоа сите 10 учесници во оваа акција (немаше публика), а најмногу се однесуваше за Ерина, затоа што беше
единствената девојка меѓу 9 те момци. Долго се памти искачување на врв, посебно ако е првенец, ако временските услови се
идеални, ако се оди по предвидениот план, ако не си во некој временски теснец, ако екипата е хомогена, ако владее меѓусебно
разбирање и доверба, ако можеш 10 тина часови да уживаш во се наоколу тебе, ако можеш да фотографираш колку сакаш...
>> Детален извештај <<
Тара Маратон 2013 - 17-18 август 2013
Во Баjина Башта пристигнавме приквечер некаде околу 19 часот. Следуваше местење на шаторите, а потоа подигање на пакетите
со стартните броеви. Јас како и секогаш, гладен како волк, неможев да дочекам да поминат формалностите, состанок и
останатите чуда пред трката и да започне паста забавата која беше закажана за во 22 часот. Конечно дојде на ред и тоа паста
парти, додека другите ги одлагаа своите ствари во шаторите, јас и Жико се договоривме да јадеме, па потоа да одиме во шатор.
Нормално за Жико, си касна човекот пола чинија макарони, а пак јас си утепав две полни до врв чинии, та нели утре цел ден
ќе акаме по планините не личи човек да оди со празен стомак. Се сместивме во шатор, навивме саати да не будат во 04:30,
со надеж дека ќе поспиеме некој час пред трката, но адреналинот те тепа, крвта врие, а и во близина се дешаваше
некоја журка, гитара, пеење, чуда...
>> Детален извештај <<
„Клот и фркет“ на Јулијски Алпи (1 – 9 август 2013)
“Гдо има јајца?” – викна нервозно готвачката во планинарскиот дом, барајќи ги тие што порачале јајца, а заборавиле да ги
земат. А, ние полузаспани на топлото сонце се погледнавме меѓусебе и прснавме во смеа правејќи алузии на кажаното.
И навистина треба ... храброст за искачување на Јулиските Алпи во Словенија. Ова со јајцата се случи пред неколку години
кога првпат се искачив на Триглав. И оттогаш наваму ПСД МАКПЕТРОЛ - Скопје организира планинарење на Јулијските Алпи.
Годинава, од 1 до 9 август, одлучивме да искачуваме врвови, но преку ферати...
>> Детален извештај <<
Родители и деца : Археолошка прошетка - 11 август 2013
Обземени од секојдневните обврски на работа едвај чекаме да дојде викенд да се релаксираме и да ја "здувнеме" некаде - ние
планинарите на планина, рибарите по риба, секој по своето хоби... а децата често пати ги забораваме и ги запоставуваме.
Затоа и ја инициравме оваа серија на акции насловена "Родители и деца" каде ќе организираме интересни акции но полесни по
тежина, за да можат да доaѓаат родители со своите деца и да се дружат, да запознаат нови предели и да се запознаат
меѓусебно во една поинаква и несекојдневна средина - team building каде тимот сега ни е фамилијата... >> Детален извештај <<
Рила - Мусала и 7 Рилски езера : 2-4 август 2013
Рила е убава и за нас блиска десинација. И ако се одбере Боровец како дестинација за ноќевање и прошетка, тогаш со оваа
планинарска понуда е постигната солидна привлечност за учество во една убава планинарска тура. Овој пат турата ја
организиравме на покана на планинарското друштво "Рилски турист" од Самоков со кое не поврзувадогогодишна соработка.
За нас македонците викендот беше продолжен со празникот Илинден така што опуштено и без брзање го искористивме петокот да
пристигнеме на Боровец, со попатно разгледување на една скоро востановена туристичка атракција Цари мали град. Тоа е едно
брденце над селото Белчин на половина пат меѓу Дупница и Самоков. Како археолошки локалитет нема многу што да се види,
но со европски пари брдото е така убаво средено што навистина вреди да се разгледа... >> Детален извештај <<
Викенд на Проклетије (26-28 јули, 2013)
Акцијата „На Проклетије со ПСД МАКПЕТРОЛ“, не спаси од големите горештини во Македонија. Таму, во долината Грбаја, под
високите врвови на Проклетије, на границата меѓу Црна Гора и Албанија, после заоѓањето на сонцето, ни требаа џемпери,
чорапи и јакни. Годинава, нашата акција ја споивме со поканата за традиционалниот марш „Хамдовом стазом“ организирана од
ПСД Каранфили од Гусиње, Црна Гора, на која присуствуваа планинари и љубители на планините од Балкан и пошироко:
Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Словачка, Русија, Америка. А, каде е Проклетије?
Масивот Проклетије се простира во три држави: Албанија, Црна Гора и Косово. Највисок врв на Проклетије, а воедно и на
Динарските Алпи, е Езерски врв ( Maja Jezerce - 2.649 м.), кој се наоѓа на територијата на Албанија. ...
>> Детален извештај <<
ИСКАЧУВАЊЕ НА ЕЛБРУС 26 јуни - 12 јули 2013
Највисокиот врв на Европа е предизвик за сите планинари кои сметаат дека височината од 5000м е достижна. Но додека не
пробаат да ја достигнат незнаат што ги очекува. Затоа после искачувањето сите учесници имаа ист коментар - многу тешко!
Авантурата започна на 26 јуни 2013г кога експедицискиот автобус во 19ч тргна од пред храмот Св.Сава во Белград.
Кратко пред тоа учесниците од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора се сликаа пред храмот и запалија свеќа за
среќен исход на експедицијата. Во Ниш и во Софија им се придружија учесниците од Македонија и Бугарија. До Софија
времето беше мирно и топло а во Софија пристигнавме кратко после необично јако невреме проследено со многу пороен дожд и
студен ветар. Но набргу завлеговме во појужните области каде летото веќе беше во полн сјај. Во Сливен ни се придружи
Наско и околу пладне пристигнавме во Истанбул...
>> Детален извештај <<
Триглав од кај долината на 7 Триглавски езера - 1 - 3 јули 2013
Авантурата на единесет-члената група започната на Lavaredo Ultra Trail и Cortina Trail продолжува... Недела наутро - 30-ти
јуни - сите се чувствуваме добро - само Жико и Светлана малку се поукочени од другите поради тоа што имаа значително
подолга и потешка трка. Се спремаме, се пакуваме, ги собираме шаторите и околу 10:30 часот се поздравуваме со домаќините
од кампот Rochetta па поаѓаме пак преку прекрасниот пат низ Доломитите, откај Толмецо - во правец на Словенија. Наша
следна цел - обид да се искачиме на врвот Триглав (2864 m) - највисокиот врв на Јулијските Алпи и Словенија. Попатно,
правиме едночасовна пауза. На самата граница меѓу Италија и Словенија, кај местото Fusine вртиме во десно и се упатуваме
кај двете Фузински езера - во подножјето на моќниот врв Мангарт (2679 m). Желба ни беше малку да ги истегнеме нозете ..
>> Детален извештај <<
Доломити, Италија : Lavaredo Ultra Trail & Cortina Trail 2013 - 26 - 30 јуни 2013
Дојде и тој ден - среда - 26-ти јуни - денот кој 11-члената екипа желно го очекуваше веќе подолго време. Повеќе
месеци тренинзи, планови, подготовки... се требаше конечно да се реализира во следните неколку дена. И да се види што
од сето тоа ќе испадне. Очекувањата големи, но кај поголем дел од учесниците и мала доза на анксиозност, мал страв
од непознатото, трема, одговорност. Со три коли поаѓаме од Скопје околу 18 часот и минуваме низ Србија, Хрватска.
Во Словенија сме веќе во ноќта. Возиме со колите до кај 4:30 часот, па паркираме на еден голем паркинг и правиме пауза
од околу еден час за да дремнат малку возачите. Околу 6 часот продолжуваме кон Љубљана, па потоа кон Трст, па потоа Удине.
Таму стигнуваме околу 9:30 часот и правиме околу 2 часа шопинг во подавницата за спортска опрема Decathlon...
>> Детален извештај <<
Семинар во Словенија : Обука за категорија B - јуни 2013
Човек треба да се едуцира цел живот. Затоа, после основната, 12-дневна обука за планинарски водичи во Словенија во мај и јуни 2012 година, еве ме пак на убавите Алпи, во Словенија. Обука за Категорија Б.
Да се разбереме, обуката и испитот за Категорија Б не е за полагање на возачки испит. Тоа е обука и испит за организирање и изведба на напорни планинарски копнени акции.
Од 23 до 26 мај, 2013 година, Планинарскиот Сојуз на Словенија (ПЗС) организираше обука за планинарски водичи – Категорија Б, а, испитната акција и тестовите беа на 15-16 јуни 2013 година.
Читам во „Водничкиот учебник“ на ПЗС, дека тие за првпат организирале обука за планинарски водичи уште во 1906 година, таман кога во Македонија бил убиен Даме Груев и кога младотурците воделе борба против отоманската империја.
>> Детален извештај <<
Аџина Река : планинарење и trail running - 16 јуни 2013
Членовите на нашиот клуб и оваа година земаа учество на традиционалната акција на ПД Бистра од Гостивар - Аџина Река.
За оваа акција се пројави голем интерес, па на крајот од нашиот клуб појдоа две комбиња со вкупно 31 учесник.
Во Гостивар, односно кај Маврово се споивме со комбињата на другите клубови и заедно во колона пристигнавме на
Торбешки мост - односно кај бачилото до спомен плочата на од лавина загинатите градители на хидроситемот Маврово -
беше 8:30 часот. По кратката подготовка и групната фотографија, се одвои нашата група која имаше план со трчање / одење
да измине подолга патека од предвидената на организаторот - дека ова ни беше последен тренинг пред трката во
Италија каде за десетина дена треба да заминеме...
>> Детален извештај <<
Ултра Планинска Трка : 24 часа Копрен - 25-26 мај 2013
Уште со самото појавување овој настан го разбуди љубопитството во нас. Побрзавме да се пријавиме за да го фатиме рокот
од 5 евра до 15 мај после кој котизацијата изнесуваше 15 евра. Прифатлива цена со оглед на тоа дека на котролните точки
единствено беше обезбедено вода. Стартот беше во селото Дојкинци одалечено 40км северо-источно од Пирот. Патот до таму
исполнет со многу кривини и дупки што бара многу внимателно возење. Настанот опфаќаше трка со велосипеди и трчање/пешачење
со две комплетно различни патеки. Натпреварувачите и во двете трки беа поделени во две категории: хоби и експерт.
Разликата беше во тоа што единствено категоријата експерт се наградуваше. Велосипедската трка беше кружна за разлика од
трејл-от кој беше искачување до врвот и симнување по истата патека. На прв поглед можеби изгледа монотоно но секое качување
беше различна приказна...
>> Детален извештај <<
Кораб : Длабока Река - Однесено од виорот - 19 мај 2013
На 19 мај, 2013 година, до водопадот Длабока Река, длабоко во пазувите на масивот Кораб, тргнавме од селото Рибница,
испразнето долнореканско село, потонато во зеленило. Патот до него се двои од регионалниот пат Маврови Анови – Дебар и
прво по околу 1 километар асфалт, а потоа по релативно зачуван рамен земјен пат погоден за теренски возила или за
„повисоки“ патнички возила, стигнавме до селото. Ние со комбето, од издвојувањето до селото патувавме 20-тина минути...
>> Детален извештај <<
Горна Белица - Парумба - Јабланица - 19 мај 2013
Испадна непланирано убаво семејно патување ... Родена сум во Охрид, и се прекорувам себе си дека што ми требаа толку
многу години за да се качам на Магаро, Галичица. И уште плус две години да скокнам до Јабланица... Има нешто во имињата
на овие две планини. Тоа “-ица” на крајот, не е случајно. И двете се вистински убавици. Тргнавме релаксирано и мрзливо
од Охрид околу 10.30 (не наликува на планинарска агилност ... ама сe подоцна во текот на денот испадна одлично темпирано).
Знаевме само дека треба да стигнеме во Горна Белица, а од таму до некоја црквичка “Парумба”. До Горна Белица се
стигнува преку селата Грачани и Вишне (од Струга накај Ќафасан). Селата наликуваат на богати градски квартови, чии
куќи веројатно се изградени во последниве десетина години...
>> Детален извештај <<
Малешевски планини : "По Трасата на Гасоводот"- 18-19 мај 2013
И оваа година ја подолжуваме традицијата на нашиот клуб, кон средината на месец мај да организираме голема планинарска
акција која ја нарековме "По Трасата на Гасоводот". Не навлегуваме во тоа зошто нема низ цела Македонија гасовод, но
ние се однесуваме како да има, па затоа организираме акции на разни места, притоа се трудиме да отидеме на некои места
на кои досега не сме биле или поретко сме ги посетувале - и на тој начин да ги откриваме планинските убавини
на Маедонија. Оваа година тоа се Малешевските планини - во близина на градовите Берово и Пехчево - на крајниот исток
на Македонија... >> Детален извештај <<
Велигденска тура : Грција, Албанија, Македонија - 1 - 6 мај 2013
Ова беше извонредно интересно патување – комбинација од планинарење и разгледување на нови дестинации. Групата
беше повеќенационална – Срби, Македонци, Бугари и еден Пољак. Започнавме со ноќно возење до Метеори. Одличниот
пат овозможува да се отспијат неколку часа. Сабајлето на 1 ви мај сме на паркингот пред најпознатиот манастир –
MEGALO METEORO. Затекнуваме групи туристи од разни страни на светот и со нив го разгледуваме манастирот. Имаше
доволно време за разгледување на уште еден манастир што повеќето од групата и го сторија...
>> Детален извештај <<
Велигденско откривање на Источна Македонија - мај 2013
Во текот на велигденските празници, од 3 до 5 мај, ги откривавме убавините на Малешевските и на Осоговските
планини, во Источна Македонија. На 3 мај, петок, од Скопје тргнаме кон Равна Река, скриена долина во Малешевските
планини, оддалечена околу 190 км од Скопје. До неа води 15-тина километри долг асфалтен пат од центарот на
Пехчево, кој завршува на широк, ограден и тревнат паркинг. Оттука почнува обележана патека која води кон
водопадите и кон врвовите на планината. Не водеа пријатели, планинари од Виница и Пехчево, со кои требаше да се
искачиме до Ченгино Кале (1745 м.). Патем планиравме да ги видиме водопадите на реките Брегалница и Требомирска река,
скриени длабоко во пазувите на планината. Но, променливото пролетно време ни допушти да се искачиме само до
водопадот „Скокото“ до кого води обележана и оградена патека која со дрвени мостови преминува де на едната, де на
другата страна на реката Брегалница...
>> Детален извештај <<
Фрушка Гора : Ултрамаратон Плус - 26-28 април 2013
Вољата, решеноста, истрајноста се едни од клучните фактори кога учествуваш на ултра маратон. Фрушкогорскиот
маратон се одржува непрекинато од 1978 г. Првиот пат се одржал на 27-28 Мај 1978 г. на стазата Голем маратон со
должина од 86 км. и 407 учесници. Ова е единствениот ултра маратон на балканот а и пошироко за чие учество не се
плаќа котизација. Денес маратонот се одржува на 17 стази со различна должина и висинска разлика. Од 2011 г.
Стазата за Ултра маратон плус носи 2 квалификациони поени за учество на светски популарната
трка “Ultra trail du Мont Blanc”. Во 2012 година на стазите на Фрушка гора се појавија 14007 регистрирани
учесници. Оваа година само ултра плус маратонот (111,151 км и 4.119 м висинска разлика) го завршија 153 учесници.
Најголемиот број учесници беа од Србија. Потоа имаше од Македонија, Словенија, Унгарија, Босна и Херцеговина.
И тоа најразлични профили на луѓе од планинари до големи атлети...
>> Детален извештај <<
Низ Јужна Америка - април 2013
Месеци наназад низ Македонија читавме пароли: „Време е“ и „Избери дела“. Затоа решивме дека е време да избереме
патување и летнавме за Јужна Америка, во Аргентина, Уругвај и Чиле. Во темнината на клубот светеа само бината и
очите на посетителите. И понекој сребрен топук на сандалите по подиумот. Убавата русокоса, во свои четириесетти,
чија коса и паѓаше врз очите, се потпираше на партнерот само со челото и со раката. Очите и беа затворени и
задоволно се смешкаше, додека партнерот, постар господин со бела коса, без никаков напор ја вртеше по подиумот,
при што нозете им се вплеткуваа и расплеткуваа на страсните звуци на тангото...
>> Детален извештај <<
Богословец - Ѓаволски Ѕид - 21 април 2013
Недела - 21-ви април 2013 - мирно сончево утро. На железничката станица Овче Поле несекојдневен призор.
Во раните утрински часови се прибираат повеќе возила од разни градови на Македонија - излегуваат планинари и се
спремаат за поаѓање на планинарска тура. Васко кој е по потекло од овие краишта и порано често ги крстосувал
околните ридови и планини ни вели дека оддамна не се случило да се соберат 30 планинарки и планинари за да
одат кон Богословец. Времето беше навистина прекрасно - вистински чист и мирен пролетен ден - околните
ридови раззеленети во светло зелена боја - се дише со живот...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Езерски Врв - 20 април 2013
Идејата, да се помине уште еден убав сончев ден на снег заврши со спонтано собирање на една поголема група планинари,
заљубеници во високогорството. Имаше повеќе предлози за тој ден, од Шапка, Љуботен, Кожуф и што уште не, сепак, се
одлучивме за предлогот на Бојан, Езерски Врв кој се наоѓа на потегот помеѓу Кобилица и Љуботен, некаде на средина.
Се решивме за овој врв бидејќи ниту еден од нашата денешна група од Макпетрол се немаше до сега искачено таму, па
затоа им го препуштивме водењето до таму, на нашите пријатели планинари од ПСД Кораб кои веќе биле таму неколку пати
во изминатите година-две, со кои што во последно време соработуваме и се дружиме се почесто...
>> Детален извештај <<
Trail running : Штип - Кежовица trail - 14 април 2013
Недела - 14-ти април. Се собираме по Скопје со возилата. Пристигнати се и тројцата членови од Тетово кои овој пат ни се
приклучуваат на нашата акција - тренинг во планинско трчање - за некои од нас подготовка за претстојните трки, за други
можност за да си пробаат нешто ново. Поаѓаме во 6:50 од Скопје кон Штип. Пристигнуваме до бањата Кежовица - веднаш после
крајот на градот во правец кон Радовиш / Струмица. Тука се спремаме за поаѓање. Наскоро ни се приклучуваат и луѓето
од Штип. Се пребројуваме - 8 женски и 13 машки - вкупно 21 - досега најголема посетеност на една ваква акција...
>> Детален извештај <<
Јакупица : Солунска Глава- 30-31 март 2013
Најавите за временските услови за викендот беа навистина лоши, но ние како и многу пати до сега, со намера да избегаме од
секојдневието, подалеку од градскиот метеж и со голема желба за дружење во планински услови, решивме, наспроти
добронамерните сугестии на нашите пријатели планинари, сепак да ја изведеме нашата традиционална клубска акција во
зимски услови на Солунска Глава. 9 члена екипа во состав: Климентина, Јани, Буце, Тања М., Тања Г., Данчо, Александра,
Јоцо и Перо во 16 ч. во сабота со две возила се упативме кон Папрадиште каде пристигнавме на стемнување, ги паркиравме
возилата и по кратко спремање тргнавме кон планинарскиот дом Чеплес по сеча, шумската патека која најкратко и најбрзо
води до домот...
>> Детален извештај <<
Trail running : Лозово - Хисар - 31 март 2013
Мала група ентузијасти желни да трчаат по диви патеки се собра во ова облачно неделно утро на еден паркинг во село
Лозово - на патот Велес - Штип близу до Свети Николе. Вкупно 7 души од кои една девојка - ги ставивме ранците на грб и
појдовме со лесно трчање по тревните ливади на овчеполието. Прогнозата за денешниот ден ветуваше и дожд, па среќни што
се уште го нема дождот трчавме по ливадите во правец на селото Ќоселари - полека приближувајќи се кон ридовите по кои
сакавме да ја истераме денес нашата рута. По селото Ќоселари полека почнуваме да се креваме нагоре, а почнува и ситно
да роси. Тоа е пријатно, не освежува...
>> Детален извештај <<
Дешат : Веливар (2372 m) - 23 март 2013
Во саботата на 23 март 2013 година група од 17 планинари - главно членови на ПСД Макпетрол и со по некој гостин од
другите клубови или поединци - имавме ретко убава можност да се искачиме на највисокиот врв на планината Дешат -
Веливар (2373 m). Идеалните временски услови како и одличната група која излезе на терен - појачана со водичот од
Жировница - Даут Јашари беа потребните и доволни предуслови да се реализира акција која на сите учесници им ги
наполни душите и која долго ќе ја паметиме...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Тестирање на издржливост на студ - Антени - 16-17 март 2013
16-17 март, сабота –недела, последен календарски зимски викенд во сезоната 2012-2013 г., Тања Манчева, Јани Беака,
и јас Петар Герасимов решаваме за последен пат годинава да ја почувствуваме суровоста на планината во зимски услови.
Планот ни беше во сабота попладне да се искачиме до Антени на Попова Шапка да направиме камп на врвот, рано сабајле
во недела да прошетаме по гребенот во правец на Титов Врв без некои амбиции да отидеме до таму, да се вратиме кај
Антени и да се состанеме со Групата на Марин, која што исто така имаше план да постави шатор и по потреба да се
загреат во топлите вреќи предвидени за екстремни зимски услови...
>> Детален извештај <<
Рила : Мусала - 08-11 март 2013
"Ајде, со заеднички сили да се искачиме на Мусала" им викнав на двајцата бугарски планинари кои одеа зад нас.
Се насмеаа и повторија на бугарски "Със съвместни сили да се изкачим на връх Мусала". Бевме први кои тоа утро се
искачуваа кон врвот. Новиот снег ги прекрил претходните траги и единствен патоказ беа металните шипки кои црнееја во
белиот снег. Се менувавме во водењето на групата од Мусаленските езера до врвот Единаесет планинари од
Планинарско-спортското друштво МАКПЕТРОЛ – Скопје, на 8 март, петок, од Скопје тргна кон Боровец, Бугарија.
Компактна група, која ја почитуваше саатницата. Тргнавме 5 минути порано, паузите ги завршувавме навреме, во Боровец
стигнавме предвреме. "Ваква прецизна група не сум имал досега", рече возачот и ни пушти одлична музика... >> Детален извештај <<
Шар Планина : Титов Врв - ноќен старт - 03 март 2013
Најчесто треба некоја жртва да падне за да се постигне тоа што се сака. Слично на минатата година и овојпат за да се
доживее едно Шарпланинско, зимско, целосно изгрејсонце треба од Скопје да се тргне околу полноќ. Тоа значи една
непроспиена ноќ или ноќ и ден како комплет поминати на падините на Шара, далеку од благодетите на цивилизираното
општество. Со Виктор градот го напуштаме околу 01 20 часот, тоа е веќе 03.03.13 год. (се потрефија тројките), за да
не дочека ретка магла на 1-2 км пред паркингот и температура од -6 степени на Шапка. Времето е тивко, магловито,
светат само запалените светилки од објектите, не залајаа ниту кучињата, се слушаше само нашето подготовување на ранците и
опремата која ја носиме... >> Детален извештај <<
Шар Планина : Љуботен - Mountain Attack - 02 март 2013
Планинари и членови на Планинарско-спортското друштво МАКПЕТРОЛ од Скопје во сабота (2 март) и во недела (3 март) ја
„нападнаа“ Шар Планина. Во сабота наутро една група планинари и членови на ПСД МАКПЕТРОЛ се искачија на врвот
Љуботен (2.498 м.), во неделата наутро друга група тргна од Попова Шапка кон Титов врв (2.747 м.), а трета група
планинари во неделата наутро се искачи до врвот Антени и вежбаа извлекување од глечерски пукнатини, сопирање со цепин
при излизгување. Во саботата наутро осумнина планинари тргнаа кон врвот Љуботен од селото Рогачево, тетовско.
Заспаното село го разбуди лавежот на кучињата врзани во дворовите. Снегот по патеката започна од високата антена над
селото и за околу еден час стигнавме до местото Корита...
>> Детален извештај <<
Корабски масив : Куртово Ќуле (2082 m) и Јаворско Брдо (2155 m) - 13 јануари 2013
Масивот на Кораб претставува една од нашите омилени дестинации. Секоја година неколку пати завлегуваме во овој голем
и преубав масив, истражувајќи нови врвчиња и патчиња и уживајќи во убавината на природата. За овој пат го избравме
атрактивното врвче Куртово Ќуле - врвче со висина од 2082 метри кое се издига директно над селото Жировница, како негов
чувар. Можеби поради неговата близина до Жировница досега го немавме посетено, целејќи секогаш на нешто подалечни врвови.
Но Куртово Ќуле е прекрасен врв за искачување од сите страни, стрмен - особен предизвик претставува неговата северна
страна - долг гребен пресечен со многу стрмни карпи кои ви прават впечаток дека сте некаде на Алпите.
Желбата да се дојде овде е уште поголема поради секогаш добриот и пријателски прием од жителите на Жировница...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Кобилица (2528 m) - 06 јануари 2013
Не почитувајќи ја народната поговорка - "Пред Божиќ, зад Божиќ, дома да си..." ние решивме во раните коледарски саати
да го фатиме патот кон Тетово - со цел да се искачиме на врвот Кобилица - уште еден македонски планински бисер.
Временските услови знаевме дека нема да ни бидат премногу наклонети - нов снег, силен ветар беше најавен. Но ние бевме
решени да си ја пробаме среќата - ако ништо друго ќе имаме уште еден убав - сериозен тренинг во лоши временски услови.
Од Скопје поаѓаме четворица - Петар, Вања, Владо и јас. Во Тетово се среќаваме со Бурим и Абди. Тие поаѓаат со своја
кола, а ние повикуваме такси - поради стрмните улички низ Шипковица - не сакаме да ризикуваме. Наскоро таа наша
претпазливост се покажа оправдана... >> Детален извештај <<
Љуботен - камп со шатори и искачување од источната страна - 30-31 декември 2012
Како и многу пати досега, акцијата започна со една обична скромна објава на нашата web страница како и на групата на
Facebook. Но очигледната глад за убави зимски акции кај планинарската популација во Македонија се искажа во својата
најубава форма. Не само бројноста учесниците, со потребната опрема и со одлична физичка подготовка, туку и изборот
на патеката по која се движеа еден дел од учесниците - источната страна - јасно покажува дека членовите на нашето
друштво се спремни за да преминат на следно ниво - уште потешки, технички позахтевни и - нормално - повозбудливи,
поадреналински тури. Оваа акција беше одлична точка на сите наши активности во изминатата 2012 година. Се надеваме
дека идната ќе ни донесе уште многу вакви интересни и убави акции...
>> Детален извештај <<
Титов Врв - 22 декември 2012
Вториот календарски зимски ден. По иницијатива и организација на Перо вака-така се собравме екипа од 7 планинари со
цел да уживаме во прекрасниот ден на Шара. Петар и Татјана Герасимови, Александар Буцевски, Горан Николовски,
Тања Манчева, Жикица Иваноски и јас - Светлана Стојаноска. Тргнувањето од Скопје го договоривме во 04:00.
Станавме многу рано, скоро и да не сме спиеле. Надвор сеуште темно и ладно. Стигнавме на паркингот пред хотел
Попова Шапка и никој да собере храброст да се соочи со студот во ладниот зимски ден. Некако го поминавме тој дел.
05:30 полека ги спремивме ранците и тргнавме директно преку скијачката патека по Церепашина. Патеката беше добро спремена.
Неколку пати ја поминале со ратрак. Денес официјално треба да биде и првиот ден од скијачката сезона на Шапка...
>> Детален извештај <<
Пилав Тепе - локалитет Плоча, Радовиш - 1 декември 2012
Во сабота - 1-ви декември 2012 - се решивме да ја искористиме прецизната временска прогноза која за тој ден најавуваше
добро време. Речиси цела ноќ врнеше дожд но ние со голема верба во нашите норвешки прогнозери си појдовме кон Штип и
Радовиш - кон локалитетот Плоча близу Пилав Тепе. По патот уште имаше темни облаци но како се приближувавме кон Радовиш
времето стануваше се поубаво и кај нашето одредиште веќе имавме прекрасно утринско сонце. Од Скопје појдовме 7 души а од
Штип ни се приклучија нашите домаќини за овој ден - Жико, Боби, Горан и Мики. Околу 8 часот се прибираме двете групи во
подножјето на карпата каде ги паркираме колите и ја вадиме потребната опрема. Потоа поаѓаме на кратко искачување до самиот
локалитет. Ставаме појаси, кациги, ги одмотуваме и проверуваме јажињата. Имаме три јажиња и доволно опрема за три наврски
истовремено да се во карпа - за да што повеќе искачиме во овој мал по должина декемвриски ден...
>> Детален извештај <<
Љуботен - традиционално искачување - 10-11 ноември 2012
Планинарите му подарија убав поклон на Скопје.
По петти пат традиционално во чест на 13 ноември се искачија на врвот Љуботен кој е представен на грбот на градот.
Искачувањето ќе остане запаметено по солидниот број на учесници а уште повеќе по прекрасното време. Ноември многу
пријатно не изненади со два мирни и сончеви денови кои убаво ги искористивме. Подготовките за акцијата ги направивме
навреме со подршка на градското собрание и во соработка со пл.друштва "Трансверзалец" и "18 Август" од Скопје. Одзивот на
планинарите беше одли чен, се бараше место повеќе во автобусите. Три полни автобуси + планинари кои дојдоа со свои возила,
вкупно околу 200 учесници... >> Детален извештај <<
Северен Пинд - Тимфи - 3 - 4 ноември 2012
Во деновите 3 и 4 ноември група од 17 планинарки и планинари замина на пат во северо-западниот дел на нашиот јужен
сосед - Грција - за да се запознае со една од најубавите планини во Грција - Тимфи - дел од планинскиот венец Пинд
кој се протега од во правец север-југ во должина од околу 150 km. Ние се определивме за северните делови на овој
венец - планината Тимфи која е интересна гео-морфолошка формација, со изразито карстни и глацијални елементи : остри
карпести ивици и ѕидови, повеќе глацијални езера, длабоки кањони. Долго време сонувавме да дојдеме во овој регион и да
го запознаеме и конечно сите елементи се поклопија за овој викенд - најважно беше времето да биде добро, за да можеме
да уживаме во прекрасните глетки...
>> Детален извештај <<
Пештера Пешна и Девини Кули - 23 октомври 2012
Регионот на Поречје се наоѓа во централниот дел на Македонија, следејќи го горниот тек на реката Треска, во околината
на Македонски Брод, па се протега во правец на езерото Козјак. Теренот е претежно варовнички со доста голи брда на кои
може да има малку трева и пониски грмушки. Но токму таа варовничка природа овозможила тука да се појават бројни
интересни појави, пред се пештери, јами, понорници, извори на минерална, на солена вода.
Минатата година во декември бевме на овој терен и се качивме на врвот Бел Камен, а потоа поминавме до селото Крапа,
од каде Крапска река понира и потоа се појавува нејзината вода на неколку места, 5 - 6 километри подалеку...
>> Детален извештај <<
Krali Marko Trail 2012 - 13, 14 октомври 2012
Во деновите 13 и 14 октомври 2012 година Прилеп беше центарот на збиднувањата поврзани со неколку планински трки -
празник на планинското трчање за оваа година во Македонија. За прв пат кај нас се одржа планинска (trail) трка на
поголема дистанца - 60 km и со тоа се отвори пат за уште поголеми потфати во идниот период. Имаше трки и на 33 km,
на 18 km како и трка на деца од основните училишта - наменета за промовирање на трчањето кај најмладите - иднината на
спортот. Целокупната атмосфера околу овие трки, заинтересираноста на луѓето, задоволството на лицата на тркачите - сето
тоа ни дава верба и сила во иднина да продолжиме со организирање на вакви настани...
>> Детален извештај <<
Јабланица - 22-23 септември 2012 (дијалектичен извештај)
Долго договорвена тура. Требеше да ојме пред една недела ама времето беше ногу лошо и турата мораше да се одложит.
Цела недела повервевме какво ќе е времето за викендот шо идет. И етего дојде денот да тргниме. Ја бев посебно весела
заш ќе ојме во мој крај. Да видет скопјаниве, штипјаниве и валандовчаниве каква убајна имаме ние во Струга. Саботата
сабајле во 05:30 сатот тргнавме од Скопје. Љуѓето шо бевме на Јаблајнца: ја, Трајче и женаму Софија, Перо и женаму
Тања, Жико, Сики, Тања и Тасо. По пат убо поминавме, малу ни се спиеше ама муабет за муабет и патот одма помина.
Дојдовме Драслајца (моето родно село) тука се договоривме да ги остајме колите да бидет на сигурно да не ги мислиме.
Од тука со такси појдовме до Лабуништа. Ги кладовме ранците на рамо и тргнавме кун лабунишки бачила...
>> Детален извештај <<
Кораб : Рибница - Длабока Река - Боази - Голем Кораб - Мал Кораб - 8-9 септември 2012
И оваа година да го прославиме празникот на државноста во наш стил. Сакаме да ја повториме минатогодишната тура.
Претходната година имавме одлично доживување. Учесници на акцијата: Петар Герасимов, Татјана Герасимова,
Данчо Марковски (ни се приклучи во неделата),Тања Манчева, Билјана Игнатовска, Александар Буцевски, Ѓоре Ѓорѓиевски,
Марина Спасовска, Светлана Стојаноска, Владимир Сикавица, Иван Милев, Јани Беака, Михаил Наумовски.
Тргнавме рано сабајле во Сабота 08.09.2012 год. Водач на овогодинешната тура беше Петар Герасимов.
Добро не спреми уште од дома, ни организира одличен превоз и договори одлични временски услови.
>> Детален извештај <<
Ultra Trail du Mont Blanc (UTMB 2012) - 31 август - 1 септември 2012
Од игла до локомотива - од идеја до реализација... Пред нецели две години - некаде во декември 2010 година низ глава
на Зоран Димов му пролета идејата да пробаме да се пласираме за најпознатата и една од најтешките светски ултра-планински
трки - single stage - значи што се поминуваат без прекин, без повеќе етапи. Тогаш тоа ми изгледаше недостижно, но си
реков - ајде да пробаме. По Facebook пратив отворена покана за сите оние кои се чувствуваат спремни да се обидат со овој
голем предизвик - сериозен одговор добивме уште од Жикица Ивановски од Штип, нашиот долгогодишен пријател алпинист, тркач,
велосипедист. Во изминатите речиси две години трениравме напорно, правевме трки, истражувавме нови терени и во летни и во
зимски услови. Учествувавме на неколку трки во странство за да освоиме потребн поени за пласман на UTMB. И самиот потребен број
на поени не е доволен - за околу 2400 места оваа година конкурираа 4500 белосветски лудаци - сите со доволно освоени поени.
Но имавме среќа и влеговме во избраните - Македонија за прв пат има претставници на оваа трка која ја сметаат нешто како своевидна
олимпијада за овој наш спорт - место каде се собира светската елита...
>> Детален извештај <<
Проклетије - Северен врв и Очњак - 24 - 26 август 2012
Кон крајот на јули, дознавме со Горан Вуќиќ, дека се подготвуваат акции за искачување на Проклетије или врвови во
Словенија во втората половина на август. И двајцата бевме желни да учествуваме на овие акции. И двете дестинации
изглeдаа доста примамливо, со оглед на тоа што не влегуваат во редот на оние досега посетените за нас. Првата можност
се укажа со најавата од Горан Николоски, за одење на Маја Језерце за време на продолжениот викенд од 25-ти до 28-ми
август, како што беше првичниот план. Впрочем, веќе подолго време сакав да го посетам овој планински масив кој се
протега на тромеѓето помеѓу Албанија, Косово и Црна Гора. Некогаш излегуваа непредвидени обрски во последен миг,
некогаш предвидените акции се откажуваа, така да Проклетије остануваше за мене како една долго неостварена желба...
>> Детален извештај <<
Дурмитор : Запознавање со прекрасниот масив - 11-12 август 2012
Повеќе години наназад читав и слушав за убавините на Дурмитор, според некои најубавата планина на Балканот.
Желбата да се посети ја потиснував неколку пати поради недостигот на време - сметав дека се потребни повеќе денови
за да се запознае ваква прекрасна планина. Но како штo и многу други работи се случуваат - случајно, така испадна и
оваа посета. Во организација на АК "Сљеме" од Загреб се организираше - "Дурмиторски Трекинг" - трка во која е
вклучена и ориентација, а и трчање, качување, спуштање по дурмиторските терени. Се пријавивме неколку души - за да
се запознаеме со луѓето од Хрватска а и конечно да се запознаеме со Дурмитор... >> Детален извештај <<
Мармолада и Мон Блан : Во посета на Кралицата и Кралот - 27 јули - 08 август 2012
Подготовките за посетата на Кралицата и Кралот почнаа пред околу 3 години. Избор на луѓе, соодветна облека и обувки,
физички подготовки, временска прогноза, ... А, од Управата за хидрометеоролошки работи вестите не беа добри...
На 29 јули има висински фронт, а на 30 јули уште поизразен приземен фронт. Значи повеќе облачно и нестабилно околу
пладне и попладне .. . “. „... и утре (3 август) ќе има ветер, запад-југозапад и тоа веројатно ќе се засилува ...
Freezing level е на околу 4 км, на врвот некаде околу – 5 степени, но со ветерот ќе се чувствува многу помалку
(температура од – 5 степени и ветер од 40 км на час значи осетна температура од – 20 степени)...“ ни пиша
К. Арсовска... >> Детален извештај <<
Олимп : Мистична прошетка кај боговите - 28 јули 2012
Јули е месец за одмор од горештините - обично одиме покрај некоја вода, блага или солена и се ладиме во неа, а потоа си ги
печеме телата на жешкото сонце - годишни одмори. Оваа година за кратко ја напуштивме таа шема - одморот на грчкото приморје
во подножјето на Олимп го прекративме со еднодневно искачување на највисоката планина во околината - Олимп - митското
пребивалиште на древните антички богови. Пријателите од Скопје пристигнаа претходниот ден - петокот околу пладне и приквечер -
се сместија во подножјето на Олимп - кампови и апартмани на плажата под Литохоро. Рано утро (околу 2:30 по локално време)
поаѓаме со автомобилите - вкупно 16 души. Во 3:50 сме на Приониа на околу 1000 м.н.в. каде што ги оставаме колите на паркингот,
а ги ставаме ранците на грб и челните лампи на глава. Времето дури е и свежичко - пријатна промена после неколку врели
денови покрај морето... >> Детален извештај <<
Семинар во Словенија : Како до UIAA лиценца за планинарски водич? - јули 2012
Еден од начините за добивање на лиценца за планинарски водичи (UIAA - International Mountaineering and Climbing Federation)
е учество на обука во организација на Планинарскиот сојуз на Словенија во Бавшице, Словенија. Пред тоа, треба да се положи
приемниот испит. Уште пред тоа, заинтересираниот треба да е член на словенечко планинарско друштво и да има ментор, словенечки
планинарски водич. Пред тоа, треба да има повеќегодишно искуство во организирање и водење планинарски акции. И на крај,
но најважно, треба да го сака планинарењето и високогорството. Значи, обуката е петтиот степен после љубовта! ...
>> Детален извештај <<
Прилеп : KMUT испитување на патеката и натпревар во ориентација - 7 и 8 јули 2012
Дојде конечно топлото лето - време кога поголемиот дел од луѓето фаќа дебели ладовини или си оди некаде покрај море или
езеро и се разладува. Но нашите планови за овој викенд повторно беа насочени кон планините. Прва задача ни беше да ја минеме
втората половина од трасата на трката која ние ја подготвуваме - "По стапките на Крали Марко" за да бидеме сигурни дека проодноста
на патеката е во ред. За вториот ден планираме учество на меморијалниот натпревар во ориентација "Пеце Атанасовски" во
организација на ориентацискиот клуб "Златоврв" од Прилеп...
>> Детален извештај <<
Доломити, Италија : Marmolada - Punta Penia (3343 m) - 30 јуни 2012
Искачувањето на Пунта Пениа на Мармолада, највисокиот врв на Доломитите претпоставувам дека ке остане долго време предмет
на нашите планинарски разговори, да не бидам сфатен погрешно, не поради техничката тежина на акцијата туку поради севкупниот
впечаток и импресиите од се она што ни се случи, проживеавме, видовме... Во извештајот на Трајче е веќе опишан голем дел
од заедничкиот престој во Cortina d'Ampezzo, затоа јас ќе се задржам само на нашата планинарска акција...
>> Детален извештај <<
Доломити, Италија : Lavaredo Ultra Trail 2012 - 27 јуни - 1 јули 2012
Шесто издание на веќе во светски рамки познатата и почитувана ултра-планинска трка Lavaredo Ultra Trail - во
прекрасниот амбиент на Доломитите во северниот дел на Италија. За нас второ појавување на оваа трка. Ако минатата
година беше запознавање со овие преубави терени, оваа година веќе се чувствуваме на свој терен. Минатата година мина и
во чести контакти со организаторите на трката кои со своето искуство и знаење ни помагаат во организацијата на нашата
голема трка за оваа есен - Krali Marko Ultra Trail. А зад нив стои спонзорот The North Face - што само по себе зборува за
квалитетот и нивото на организацијата. Центарот на збиднувањата оваа година е самото срце на Доломитите -
Cortina D'Ampezzo - едно од најмонденските места во овој регион...
>> Детален извештај <<
Аџина Река Trail - 16 јуни 2012
На покана на ПД Бистра од Гостивар нашето планинарско друштво реши да се упати кон областа на Горна Река - изворишниот
дел на реката Радика. Тоа е просторот на западната граница на Македонија, кај тромеѓето со Албанија и Косово -
природната граница помеѓу масивите на Кораб и Шар Планина. Се собравме 19 учесници од нашиот клуб, шест души за трчање,
останатите за планинарење. Временската прогноза беше идеална, така да беа исполнети сите предуслови за да се има убав
ден во планина. Од Скопје поаѓаме со наши возила во 5:20. По пат од Тетово го земаме Александар и околу 6:20 стигнуваме
во Гостивар - кај општината - зборното место од каде треба да не земат комбиња...
>> Детален извештај <<
Пирин планина : Полежан - 10 јуни 2012
Недела наутро. Во договореното време, со помалку членови во екипата (дел од нив се откажаа) Синиша не носи со комбето до
жичарата. Од тука со жичарата се упатуваме кон планинарскиот дом Безбог на височина нешто под 2200 м. Наша цел е искачување
на врвот Безбог. И тука, по пристигнувањето кај планинарскиот дом првото пријатно изненадување. Прекрасното планинско езеро
кое ќе ни посака угодно, лесно и пријатно искачување. За неговите убавини нека зборуваат следните неколку фотографии...
>> Детален извештај <<
Пирин планина : Вихрен - 09 јуни 2012
Ако сакаш да те освежи ветер развигорец си кажуваш ПИРНИ. Ако сакаш да совладаш нешто што е високо кажуваш РИПНИ.
Ако сакаш свежина, височина и многу (++++) појди на ПИРИН. Така и беше. Од паркингот пред железничка станица,
12 члена екипа, составена од Синиша, Никола, Симон, Ратко, Владимир, Љупчо, Иван, Кирил, Жикица (маратонец од Штип),
Верче и Вики, и јас Радосав-Аце се упатува кон нашата цел : БАНСКО - ПИРИН ПЛАНИНА и врвовите ВИХРЕН И БЕЗБОГ...
>> Детален извештај <<
Рафтинг на реката Тара (1 - 3 јуни 2012)
Многу поминати граници, вкусна храна, прекрасна природа и најмногу адреналин. Голема група од шеесетина авантуристи
(сите млади во духот), во организација на Планинарско – спортското друштво Макпетрол се упатија кон кампот на реката
Тара. Некој за прв пат собрал храброст да оди на рафтинг, друг од љубопитство, трет заради идејата да се помине викенд
во природа. Јас сум од оние кои заради потребата од адреналин повторно решија да отидат и нема да ми биде последен пат.
Навистина долго патување, па од време на време се слушаа поплаки од типот дека е многу топло или дека е претесно во
автобусот, но организаторите се потрудија и малите недостатоци да се надминат и се да биде во ред. Сепак преовладуваше
позитивно расположение, запознавање со нови пријатели и дружба со старите, вицови, смеење...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Тренинг на техники за движење по снег - 3 јуни 2012
Традиционалната акција за искачување на Титов Врв оваа година беше закажана подоцна од вообичаениот термин - крајот на
месец мај - причина за тоа беа остатоците од снег - оваа година снегот во големи количини се задржа на нашите планини.
Бидејќи веќе се ближи летниот период - време во кое дел од нашите планинари се упатуваат во правец на Алпите, сметавме
дека овие услови на нашите планини можеме да ги искористиме како тренинг ситуација за увежбување на техниките
за движење по снег и глечери - какви што се на Алпите. Се организиравме, ја прибравме потребната опрема и - во недела
рано наутро поаѓаме од Скопје кон Попова Шапка... >> Детален извештај <<
Маврово : Планинарење и планинско трчање - 27 мај 2012
ПСД Макпетрол традиционално во месец мај последните неколку години организира голема планинарска акција - "По Трасата на Гасоводот". Изминатите години го шетавме теренот во околината на Крива Паланка и можеме да
кажеме дека детално го проучивме. За оваа година се определивме да ја смениме локацијата, да им овозможиме на
планинарите запознавање и со други убавини на нашата прекрасна земја. Изборот падна на Маврово - податокот што
природата во овој крај е заштитена во рамките на Националниот Парк Маврово доволно зборува за убавините и
богатството на растителен и животински свет во овие предели. Како дополнување на оваа акција, оваа година се
нафативме да организираме и трка во планинско трчање - Државно Првенство на Македонија. Одличен повод да се доближат
двете сродни дисциплини - планинарењето и трчањето... >> Детален извештај <<
Кораб : Длабока Река - 20 мај 2012
5.00 наутро. Време е за будење. Уште едно свежо утро. Помисла на денешната дестинација и топли спомени се будат,
насмевка на лицето и возбуда за повторната средба со раскошниот Кораб. Буцевски пристигна на моторот, а наскоро
се појавува и Перо со Тања и Светле да не собере во Ренолчето, и конечно тргнуваме. Но не сме сами; поголема група
не очекуваат на излезот од Скопје и веселата дружина конечно го фати вистинскиот правец. Мала задолжителна "кафе" пауза на Маврови Анови, брзо пребројување и уште малку остана. Се паркираме после мостот на реката Рибница на
рамништето на околу 980 м надморска висина. Еден поглед на бројните паркирани автомобили и комбињата и денот ветуваше
дружење, смеа и забава... >> Детален извештај <<
Пелистер : Меморијален марш Димитар Илиевски - Мурато - 12 мај 2012
Мирна и топла вечер. Додека голем број млади луѓе се враќаат на спиење од добра петочна журка, ние го започнуваме
новиот ден. Во организација на Петар Герасимов во 04:00 часот од бензинската пумпа на Макпетрол - Индустриска
тргнавме во нова планинарска авантура. Нашето одлично друштво: Петар и Тања Герасимови, Данчо Марковски,
Тања Манчева, Светлана Стојаноска, Радосав Тасевски, Бранка и Зорица Илијевски, Билјана Костовска, Филип Филиповски,
Панче Попоски го збогатија две кучина Барон и Ања. Се сe одвиваше според планот. Кога имаш одлични шофери
патувањето е вистинско уживање. На стартот стигнавме на време доволно да може да појадуваме и да се припремиме за
пешачење. Пред нас е предизвик од околу 26 км пешачење и висинска разлика од 1700 м... >> Детален извештај <<
Килиманџаро (5895 мнв): Планините се на планинарите - искачување на кровот на Африка - мај, 2012 година
Всушност, се започна минатата, 2011 година. Мојата голема желба беше дел од моите колеги да ги навлечам на
посериозни потфати и да ги изнесам надвор од границите на нашата Македонија. Добро, одевме со Петровски и Христов
на Титов, Љуботен, Пелистер и слично, но сакав да им ја доловам убавината на Алпите. Мон Блан, мене ке ми биде
трето качување по иста насока (2006, 2008-година), нив прво, но би жртвувал една година, само за нив.
Но на моите желби, само еден од нив, Јани, покажа зрелост, сериозност и упорност. Останатите се посветија на тури
со маунт бајк, тука низ Македонија. Да, Јани е малку е преголем, но се движи добро а и што е најважно има
невероватно многу желба за истрајност.. .>> Детален извештај <<
Фрушка Гора : Планински Ултрамаратон Плус 111 km - 28-29 април 2012
Екипата на тркачи која последните месеци упорно тренираше по македонските планини и по скопските кејови, конечно
појде на првата официјална трка за оваа година. Фрушка Гора навидум ниска планина во средината на Панонската низина
во Војводина, веднаш до Нови Сад е целта на нашето патување. Од Скопје поаѓаме група од девет натпреварувачи - 2
девојки и 7 момци - некои помлади а некои постари момци. Во петок околу 9:30 поаѓаме на пат - за да имаме време да
стигнеме во Нови Сад, па на стартната локација - Поповица на Фрушка Гора, каде треба да ставиме шатори за да
преспиеме. Уште имаше информации дека земјоделците штрајкувале и правеле блокади на патиштата - но се покажа дека
автопатите биле поштедени од тие блокади...
>> Детален извештај <<
Низ Средна Европа - 12-22 април 2012
„Прекорачили сте брзину“ - гласот од патниот навигатор, постојано не предупредуваше дека возиме побрзо отколку
што треба. Тоа беше една од ретките работи кои не нервираа на ова интересно патување. А, поминавме околу 3300 км,
тргнувајќи од Македонија, преку Србија, Унгарија, Словачка, Полска, Чешката Република, Австрија и назад, преку
Унгарија. Планинарење, истражување на таинствени клисури, лавиринтски карпи и рудник, и попатна посета на убави
градови. Патување во организација на ПСД Макпетрол – Скопје и ПК Балкан од Белград...
>> Детален извештај <<
Планинарската Мариовска приказна - 1 април 2012
Не е срамота да признаеме дека до сега не сме го посетиле Мариово, ама ќе биде срамота ако тоа не го повториме.
Мариово тоа го заслужува, затоа што во себе има толку многу убави, нескриени и скриени, природни, оригинални и
вредни нешта кои навистина треба да се посетат. Нашата 9 члена (Лиле, Олга, Маја, Тања, Софија, Тања, Горан, Буце и Марин),
расположена и компактна планинарска група на своја кожа, тоа во целост го потврди (ако не ни верувате на зборот,
бидејќи акцијата се случи на Први Април), тука се фотографиите тоа да го доловат...
>> Детален извештај <<
Мариово - Trail Run - 1 април 2012
Почеток на април - се ближи периодот кога ќе почнат посериозните ултра-планински трки - пред се Фрушкогорскиот ултрамаратон
од 111 km кон крајот на месец април. Затоа планиравме да направиме една од последните групни подготвителни акции
(Get Ready For...) Се определив за Мариово од повеќе причини - прво дека многу ми се допаѓа - љубов од младоста, потоа дека
многу ретко се оди таму и скоро никој не го познава и - има прекрасни терени каде што можеш да трчаш или да возиш mount
bike со денови. Се пријавија 10 тркачи - убава бројка со оглед на тоа што и временската прогноза беше малку сомнителна.
Се пријави и една друга група на луѓе кои сакаа да го видат овој терен и да го запознаат преку пешачење. И за нив испланиравме
една патека и така на крај испадна група од 19 луѓе...
>> Детален извештај <<
Плачковица : Вртешка - Туртел - 24-25 март 2012
Првиот пролетен викенд во 2012 година 30-тина планинари во организација на ПСД МАКПЕТРОЛ – Скопје и Планинарски клуб
од Македонска Пошта го поминаа планинарејќи низ Еко-паркот Вртешка во Источна Македонија. Еко-паркот е на планината
Пљачковица, меѓу градовите Штип, Кочани, Радовиш и Струмица. Планинарскиот дом Вртешка, поранешен „Участок“, денес е
обновен дом со повеќекреветни соби за 40-тина посетители, голема трпезарија со камин, кујна, црква во уредениот двор и
Facebook профил. Со домот управува Планинарското друштво Лисец од Штип. Од асфалтниот пат, до домот води 2 км долг, надолен,
земјен пат. На картата вдлабена во дрво врвот Туртел (1.689 м.) е на 5 сантиметри од планинарскиот дом Вртешка, но во
реалноста, врвот е оддалечен 8 км од домот, односно скоро 3 часа пешки, по влажен и на некои места до колена длабок,
снег...
>> Детален извештај <<
Матка - качување по карпи - 24 март 2012
За овој викенд се одлучивме да правиме акција нешто поразлична од вообичаените. Убавиот саботен ден решивме да го поминеме
во кањонот Матка близу до Скопје, на алпинистичкиот локалитет во близината на манастирот Св. Никола Шишевски. Идејата
беше новите членови на нашето друштво да имаат можност да ги направат своите први обиди за искачување на карпа. За таа цел
акцијата ја договоривме и координиравме со неколку членови од нашиот пријателски алпинистички клуб "Матка". Не беше планирано
како некој почетен алпинистички курс, туку најосновно запознавање и пробно искачување на некој од поедноставните - почетни
вежбалишта на овој локалитет. Затоа ги понесовме и нашите дечиња, и тие да пробаат и да им ја поттикнеме љубовта кон овој убав спорт.
Кога на враќање малиот 7-годишен Дарон рече дека сака секоја недела тука да доаѓаме - јасно беше
дека целта ја постигнавме...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Изгрејсонцето пред Бакардан - Шарска трилогија - 18 март 2012
..замислете со отворени или затворени очи, сеедно резултатот ќе биде сличен. Се наоѓате на 2600 м.н.в. на рамното плато пред
да почне благо спуштање па следува завршниот успон на врвот Бакардан, зад него малку подлабоко во позадина ги гледате
контурите на врвот Мал Турчин, десно од него кулата на Титов врв, апсолутна тишина насекаде околу вас, на небото нема ниту
едно единствено облаче, светла и сјајна полумесечина некаде во правец на југ се издигнала високо на небото, западната страна
делува некако најтемно, додека источната страна е најживописно, спектукуларно обоена, осветлена и сјајна затоа што за некоја
секунда од нејзиното средиште треба да се појави сонцето и да се роди нов ден 18.03.2012...
>> Детален извештај <<
Клепа Trail Run - 17 март 2012
Убаво сончево мартовско утро. Снеговите по планините почнуваат да се топат, но поради дебелиот слој снег тој процес бавно
се одвива. На пониските планини веќе речиси ја нема снежната покривка, а по тревата почнуваат да се појавуваат пролетните
цвеќенца. Нашата - веќе не толку мала група на луѓе што трчаат по планина trail runners - според договорениот план, се собира
во Велес. Екипата од Скопје има 6 членови, а од правец на Штип ни доаѓа 4-члена екипа. Заедно се упатуваме до местото каде
реката Бабуна се влива во Вардар - околу 5 km после Велес. Со такси мини-ван се возиме на стартната точка на акцијата - близу селото Камен Дол - на
неколку километри по Росоман на патот кон Прилеп. Убав ден, весели лица - се е спремно и акцијата може да почне...
>> Детален извештај <<
Јакупица : врв Убава - зимско искачување - 11 март 2012
Во недела - 11 март 2012 година се одржа една од помасовните зимски акции на нашето планинарско спортско друштво.
Имавме гости од ПД Балкан од Белград, Србија, и тројца членови на АК Матка Скопје - вкупно 28 учесници. Поаѓање од Скопје
во 6 часот од кај железничка станица. Превоз организиран со две комбиња кои не возат по тмурното облачно утро во правец на
селото Патишка Река. Како што се приближуваме до селото, на коловозот почнува да се појавува снег и мраз - но сепак,
со неколку пролизгувања, стигнуваме на паркингот пред селото и се подготвуваме за отпочнување на пешачкиот дел од акцијата...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Љуботен по идеални услови - 4 март 2012
Никој не смее да се пожали дека оваа зима беше мека и наивна, напротив иако календарски сме многу близу до пролетта,
зимата е сеуште горе на нашите највисоки планини. Тоа најдобро на (Кораб и Шара) го почуствуваа новите наши пријатели,
Чешките планинари кои во низа имаа седум интерсни ноќевања по нашите гореспоменати планински масиви.Најважно е што се сите
здрави, живи, насмеани и побогати за уште една голема зимска авантура од најекстремен вид што за жал ние како домаќини на
овие простори се уште такво нешто не сме се обиделе да реализираме, а секое лето маса наши планинари се впуштаат во искачување
на највисоките Алпски и Кавказки врвови...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Караниколица - зимски камп - 25-26 февруари 2012
На 25 и 26 февруари 2012 година се одржа редовниот годишен зимски камп на нашето планинарско-спортско друштво.
За оваа година се определивме локацијата да биде Караниколица - дел од Шар Планина каде се наоѓаат две планински езера
- Големо и Мало Караниколичко езеро. Дел од Шара кој поретко се посетува, а навистина е прекрасен и треба многу почесто да
се шетаат овие преубави предели - како во зима така и во другите годишни времиња. Оваа акција имаше и меѓународен карактер.
Уште пред неколку месеци ме контактираше еден планинар од Чешка кој ме пронашол преку www.Summitpost.org и ми кажа дека сакаат да
направат зимска повеќедневна акција на Шара и Кораб - со снегохотки. Бевме во постојан контакт и координација и конечно во
петокот пристигнаа во Скопје со своето комбе од Чешка. Во сабота рано наутро - акцијата можеше да почне...
>> Детален извештај <<
Скопска Црна Гора : Црн Камен - 19 февруари 2012
Еднодневна планинарска акција во близината на Град Скопје. Во периодот по обилните снежни врнежи и тешко поодни патишта -
се определивме за една полежерна варијанта во нашата непосредна близина - на Скопска Црна Гора. Голема, широка планина која
многу ретко ја посетуваме - почесто одиме на повисоките планини во Западна Македонија. Но ете оваа акција покажа дека може да
се има прекрасно навистина зимско планинско искуство. За цел на оваа акција го зацртавме врвот Црн Камен - врвче кое со
своите карпи и погледот кој го нуди го зголемува уживањето - до врвот Рамно - највисокиот врв на Скопска Црна Гора не појдовме
поради неговата оддалеченост и длабокиот снег на некои места од патеката на движење...
>> Детален извештај <<
Репортажа : Моја Африка - јануари 2012
“Out of Africa” беше преубав филм од деведесетите. Мерил Стрип и Роберт Редфорд во љубовна приказна некаде во Кенија.
Имаше толку многу убави пејсажи, што ми се чини дека првата желба да ја видам Африка се јави токму тогаш – гледајќи го филмот.
Кај нас беше преведен “Моја Африка” …. Никогаш не сфатив зошто “Надвор од Африка” би значело “Moja Африка” ... како и
да е - сега сум надвор од Африка, назад во Скопје, како раскажувам за Африка која барем за 20-тина дена ја почуствував како
моја! 20 дена прекрасна авантура на најјужниот југ на Црниот континент. 8-9000 км лет до Зимбабве и Јужно Африканска
Република (ЈАР). Одлуката со моето семејство да летаме кон оваа дестинација беше брзо донесена после поканата на нашите
драги роднини кои веќе три години живеат и работат во Хараре...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Плат - зимско искачување - 29 јануари 2012
Во Македонија фати вистинска зима. Неколку денови по ред врнежи на големи количини снег на планините, студено...
Зима - какво што оддамна не сме имале. Во вакви услови треба многу внимателно да се избере дали да се оди на планина или
да се седи дома. А ако се определиме за во планина, треба да се избере тура која може да се изведе во дадените услови - дека
на некои места снежната покривка е дебела повеќе метри и тоа во неколку слоеви. Ние се одлучивме дека е ова вистинско време
за проба на снегохотките - испланиравме тура од Попова Шапка до врвот Плат. Минатиот пат - пред три недели Плат ни остана
неискачен поради многу малата видливост, па решивме да се обидеме пак, сега од друга страна. Временската прогноза и за денес не
беше баш идеална, ама решивме да појдеме и да си ја пробаме среќата...
>> Детален извештај <<
Скијање во Австрија - јануари 2012
Во организација на Планинарско-спортското друштво МАКПЕТРОЛ од Скопје, 15-тина заљубеници во скијањето од Гостивар, Охрид,
Скопје и Белград, од 8 до 14 јануари 2012 година, бевме во ски центарот Саалбах – Хинтерглем (Saalbach – Hinterglemm) во
Австрија. Бевме сместени во комотни апартмани во селото Фиехофен (Viehhofen), на 9 км од гратчето Саалбах, на 80-тина км од
Салцбург, на 500 км од Загреб и на 1.250 км од Скопје. Патиштата од Скопје до таму беа чисти освен последните 100-тина км
кога почна да врне силен снег. Кога вечерта ги вклучивме телевизорите видовме дека сме дел од, како што австријците го
нарекуваа, „Schneechaos im Alpen – снежен хаос во Алпите“. Снег во огромни количини, завеани ски центри, затворени жичарници,
четврти степен на опасност од лавини (на скала од 5 степени)... Во долината имаше наврнато 1,5 м, а на планината
2,6 метри снег...
>> Детален извештај <<
Штип Trail - планинско трчање - 14 јануари 2012
Оваа календарска година (слично како и претходната) еден - поголем дел од акциите и тренинзите што ќе ги правам ќе бидат
планинско трчање - или попознато на запад како trail running. Тоа е разбирливо, бидејќи амбициите на еден дел од нашата екипа
е да се појави и натпреварува на одреден број ултра-планински трки во странство. А бидејќи мојот партнер по овие трки од
минатата година - г-дин Жико е од Штип, веќе поодамна се договараме да направиме тренинг - "на негов терен". Испланиравме ден за
одржување на оваа акција да биде сабота. Од Скопје немаше особено голем интерес - само уште Перо реши да трча со нас.
Сосема разбирливо, дека времето не е баш (по некои стандардни мерила) за да трчаш по брда. Вечерта пред акцијата во Скопје почна да
вее нов снег и тоа баш онака убаво... >> Детален извештај <<
Шар Планина : Кај мечките на коледе - 08 јануари 2012
Група од 9 планинари поаѓа од Скопје во недела наутро - во правец на Попова Шапка. Претходниот ден дуваше многу силен ветар дури
и тука - во Скопје, а за планинските врвови на Шара беа предвидени ветрови посилни од 100 km/h. По пат накај Тетово половина
од сообраќајните знаци беа турнати од силниот ветар. Но утрото беше релативно мирно, речиси без ветар во долниот дел. Малку
бевме загрижени поради информацијата дека на Шапка паднале 50-тина cm нов снег - како ќе биде приодниот пат до Шапка, но немавме
никаков проблем - на коловозот немаше или имаше многу малку снег, но не беше лизгаво. На Попова Шапка сме околу 6:30. Се спремаме
за поаѓање и за десет минути поаѓаме. Тука веќе се чувствува ветрот и затоа уште од сега се облекуваме во потопла облека...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Љуботен, зимско искачување - 25 декември 2011
Во недела - 25-ти декември 2011 година - последен викенд во оваа календарска година, мала - петчлена екипа на ПСД Макпетрол го искачи
врвот Љуботен во зимски услови. За разлика од претходниот сончев ден - временската прогноза за во недела не ветуваше баш
добро време : облачност, слаб снег, ветар. Но нам ова ни се виде како одлична можност за тестирање како на нашата опрема,
така и на нашата психо-физичка подготвеност, воља... Поради сериозните временски услови бевме прилично строги во изборот на
екипата - ги молиме оние што ги одбивме да ни простат, но без одлична зимска опрема и без неопходни основни познавања на
движење во зимски услови - не сакавме да ризикуваме да земеме некој планинар кој подоцна може да си има проблеми, а со
тоа и целата група да се доведе во опасност...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Титов Врв, зимско искачување - 18 декември 2011
...и ете, конечно дојде време за долго очекуваната можеби најатрактнивна планинарска акција на овие простори “Зимското искачување на Титов Врв“
во организација на ПСД Макпетрол. На големо задоволство на сите заинтересирани за оваа акција, особено на големиот број пријавени
кои за прв пат тргнуваат со намера да го искачат Титов Врв во зимски услови и покрај турбулентните временски услови во изминатата недела,
за денот кога беше закажана нашата акција се створија потребните услови за нејзино одржување. На наше огромно задоволство акцијата
наиде на голем одзив и имаше карактер на меѓународна акција. Покрај планинари од други градови на Македонија и други планинарски друштва,
имавме група од 11 планинари од Р. Србија (Белград, Нови Сад и Сомбор) и БиХ (Сарајево) во организација на ПК Балкан од Белград.
Според познатите сајтови на кои редовно ја следиме временската прогноза, за недела, денот предвиден за нашата акција,
за претпладневните часови...
>> Детален извештај <<
Даутица : Бел Камен (2074 m) - 11 декември 2011
Убавото врвче Бел Камен од поодамна беше ставено на листата на врвови кои треба да ги искачиме. Набиената агенда и
комбинацијата на временските услови неколку пати не одвраќаа од намерата да го искачиме ова многу атрактивно врвче на
југозападната страна на масивот на Јакупица - поточно на Даутица. Но, еве дојде и тој момент. Временската прогноза и за
овој ден - недела - 11 декември - светскиот ден на планината - беше прилично променлива - можеше сешто да се случи.
Но ние во саботата донесовме конечна одлука - да појдеме - па ќе видиме како ќе биде - сепак прогнозата даваше и доза
на надеж. Сосем мала група - шест души - какошто обично правиме кога одиме на некој дотогаш неиспитан терен - поаѓаме од
Скопје во 3:35 - имаме 160 km возење од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод до с. Локвица...
>> Детален извештај <<
Корабски масив : Плоча, Бабин Камен, Шупла Стена - 27 ноември 2011
Изгледа прекраснот ден, сонцето, температурата, конфигурацијата на теренот, чистиот воздух кој многу ни недостасуваше
на сите (знаеме сите како се дишеше во Скопје), направија групата која тргна кон врвот Плоча да биде поголемата,
како да секој од нас сакаше да провери што има ново на запад, да се направи нешто за прв пат, да се искачи нов врв,
да се издува, да се видат нови хоризонти, едноставно да се ужива во се она што беше околу нас...
>> Детален извештај <<
Голешница планина : Бреза (1410 m) - планинско трчање - 19 ноември 2011
Во саботата - 19 ноември - околу 6 часот наутро - од Скопје поаѓа 9-члена група планинари и маратонци со две возила.
По магликаво и ладно време патуваме по клисурата прво на реката Пчиња, а потоа на реката Вардар - кон Велес. Во Велес
ни се приклучува и Жико од Штип - па сега сме 10 учесници на акцијата. Автомобилите ги оставаме во градот а со такси
патуваме уште 10-ина километри до селото Бузалково - село со околу 1000 жители претежно албанско население.
Пред 8 часот сме во Бузалково. Селото е на надморска висина од околу 500 метри. Тука сонцето веќе почнува попријатно
да грее. Малите ранчиња ни се веќе спремни - само ги ставаме на нас и сме спремни за старт. Поголемата група има план
да трча до врвот Бреза, додека помала група со брзо одење ќе се обиде да дојде до домот Бреза - на висина од
околу 1200 m...
>> Детален извештај <<
Шар Планина : Љуботен (2499 m) и Пирибег (2524 m) - 12-13 ноември 2011
Традиционалната акција - искачување на врвот Љуботен оваа година беше организирана како помасовна акција со
учество на планинари од повеќе планинарски друштва - со тоа што носители на акцијата беа ПСД Макпетрол и
ПД Трансверзалец. Искачувањето на овој врв се поврза симболички и со денот на ослободување на град Скопје -
13 ноември - бидејќи врвот Љуботен се наоѓа во грбот на градот Скопје. Во неделата во акцијата на
искачување на Љуботен учествуваа вкупно околу 70 планинари. Веќе една недела пред традиционалната акција - искачување на Љуботен, помеѓу дел од членовите
во нашето друштво падна договор за спиење во шатори...
>> Детален извештај <<
Бистра планина : Карбула (2148 m) и Меденица (2163 m) - 06 ноември 2011
Навистина е прекрасна нашата природа. На толку мал географски простор има толку многу планини, долини, клисури...
што можеме со години да шетаме и пак да има многу места каде што не сме биле, а кои се исто така убави и вредни за
запознавање и истражување. Ете така се случи и со овие два највисоки врва на Бистра планина - Карбула и Меденица.
Иако со години по планиниве - некако досега не ми дојде ред да појдам таму - барем на Меденица. Од оваа акција која подолу
накратко ќе ја опишам - од вкупно 11 учесници, само двајца досега се имаа искачено на Меденица, а за сите Карбула
беше непосетен врв. А и двата се прекрасни - особено Карбула е атрактивен со неговата западна страна која стрмоглаво се
спушта надолу - околу 1400 висински метри - до текот реката Радика...
>> Детален извештај <<
Галчин и Орле : Take a Walk on the Wild Side - 23 октомври 2011
Некои планини се големи, високи. Некои планини се помали, но она што тие го нудат е чувство на сурова дивина - исконски диви
предели каде се чувствуваме така нераскинливо споени со природата и толку мали и ранливи. Чувството кога тоа ќе се помине -
на крајот на денот - е навистина катарзично. Мошне мала група - Петар и Трајче од Скопје и од Боби, Жико и Трајче од Штип се
упатија во раните утрински часови во правец на Кавадарци. Во далечината уште додека одиме по патот Росоман - Прилеп - ѕирка
шилестиот гребен на Галчин - врвче познато меѓу македонските планинари како "Македонски Матерхорн". Времето облачно,
но не премногу... >> Детален извештај <<
Планинска трка - "По стапките на Крали Марко 2011" - 02 октомври 2011
Многу светски познати планински трки почнале сосема случајно, незабележано, ненаметливо. Со години убавината на теренот,
предизвикот на тежината на патеката, добрата организација - придонесуваат трката да се здобие со светска слава. Минатата
година - речиси без знаење на сите натпреварувачи по планинските патеки од Македонија - беше организирана трка на
Трескавец - со учество на само неколку натпреварувачи. Оваа година ТА "Брацо" од Прилеп и ПСД Макпетрол од Скопје
ги здружија силите за да организираат помасовна трка - резултатот беше 34 учесници. Убава бројка која се надеваме дека од
година во година ќе ја зголемуваме, особено со учество на натпреварувачи и од други земји... >> Детален извештај <<
Бабуна планина : врв Козјак - 01 октомври 2011
Во сабота - 1-ви октомври 2011, група од 14 планинарки и планинари од Македонија и од Србија појдоа од селото Плетвар -
во близина на градот Прилеп - на пат кон врвот Козјак (1747 m) - највисокиот врв на планината Бабуна. Акцијата беше во склоп
на посетата на Прилеп и организирањето на трката во планинско трчање - "По стапките на Крали Марко 2011". Во 9:30 поаѓаме од
селото кое се наоѓа на надморска височина од околу 980 m. Минуваме низ селото. Кај една чешма на патот има маркација -
стрелка која укажува каде треба да се скршне за да се фати патеката за врвот. Патот го одминува
селото, ја минува селската црква и гробишта и продолжува по долот нагоре - малку пострмно - се до висина од 1200 m кога
излегуваме на едно пошироко плато кое се протега, со мали долчиња и ритчиња - до подножјето на врвот Козјак... >> Детален извештај <<
Олимп : Грција - 23-25 септември 2011
"Видете што добив" - прошепоти возбудено Мимоза, покажувајќи и го на Миланка домалиот прст на кого светкаше прстен.
Миланка се насмеа и ја прегрна, честитајќи и од се срце. А, Андреј, широк како грамада отцепена од планината, стоеше настрана
и се смееше. Е, тоа е планинар со цел. Си ја запроси девојката горе под облаците. А, сето тоа се случуваше на Митикас,
на 2.917 м., највисокиот врв на планината Олимп, во Грција. На планината на која, според грчките легенди, живееле боговите
надгледувајќи ги смртниците долу. Но, сега „смртниците-планинари“ во организација на планинарските друштва „МАКПЕТРОЛ“ и „18 Август“ од
Скопје, беа качени на врвот и се радуваа на успехот, заборавајќи на големиот напор при искачувањето. А, Митикас е навистина напорен
врв за искачување, посебно ако во ист ден се искачува и симнува од врвот. 1.820 метри надморска височина само на искачување. И уште толку надолу... >> Детален извештај <<
Корчула во септември (7-11 септември 2011)
Завалатица е мало место на островот Корчула во Хрватска кое тешко се наоѓа на мапата. Таму живее Бранка Т., која ја
запознавме во текот на нашата мајска авантура низ Чешка. Таа не покани да ја посетиме Корчула и нам толку ни требаше.
Во близина најдовме врв за искачување, и ја објавивме понудата. Очекувавме дека ќе се пријават 15-тина луѓе,
преку сила 20. Пријатно изненадување беше пријавувањето на 60-тина луѓе, но беше вистински кошмар за Бранка да најде
сместување во Завалатица. На акцијата „Корчула 2011“ во организација на планинарско спортското друштво МАКПЕТРОЛ од Скопје
се пријавија 54-ца, а уште 13 беа на листата на чекање. Искрено жалиме што и тие не можеа да дојдат, но и покрај
нашиот труд не можевме да обезбедиме повеќе од места за сместување...
>> Детален извештај <<
Кораб : Рибница - Длабока Река - Мал и Голем Кораб - Стрезимир - 3-4 септември 2011
Група планинари од ПСД Макпетрол заедно со група од ПД Трансверзалец и специјалната гостинка Ања од ПК Балкан (Србија)
изведе дводневна планинарска акција во масивот на планината Кораб на 3-ти и 4-ти септември 2011 година.
Акцијата гледавме да ја усогласиме со традиционалното искачување на Голем Кораб во организација на ПД Кораб од Скопје.
Вкупно членови на нашата акција - 13 - 4 женски и 9 машки учесници. Акцијата се обидовме да ја направиме интересна -
по патека која поретко се минува, а за мене претставуваше мошне логично решение за дводневна акција. Поаѓањето од селото
Рибница го усогласивме со Зоки (Москито) бидејќи тој со својата екипа од ПД Трансверзалец се одлучија да ја маркираат
целата патека од Рибница до Големиот Корапски водопад...
>> Детален извештај <<
Баба планина : Големо Езеро - Пелистер - Брајчино (20 - 21 август 2011)
Овој викенд пред нас е откривање на тајната на Големо Езеро, врвот Пелистер и патот кон преубавото село Брајчино...
20 Август 2011, 9 часот, Ниже Поле – село во подножјето на источната страна на планината Баба, на 1.100 м надморска
височина Повеќе од 25 искусни и помалку искусни планинари, во организација на ПСД Макпетрол Скопје, се подготвуваме за
искачување. Во акцијата земаат учество и четири планинари од планинарскиот клуб Балкан од Белград.
Пред нас се 7,7 км узгорнина и 1100 надморска висина, до нашата прва станица – Големото Езеро.
>> Детален извештај <<
Гуча - Србија : Етно фестивал - 13-14 август 2011
Оваа 2011 година беше 51 издание на оваа манифестација. За нашето планинарско друштво прва организирана посета на Гуча.
И веднаш да се каже: голем пропуст досега. Гуча е грандиозна манифестација. Најголем српски бренд со милионска бројка на
посетители од сите страни на Балканот, од Европа и посироко. Нашето патување започна навечер. На границата "само" 4-5 автобуси пред нас. По два и пол часа чекање ја минуваме границата и продолжуваме. Дремејки или спиејки поминуваат
часовите. Утрото не осамнува после Крушевац. Околу 9 часот пристигаме во Овчар бања. Се наоѓаме со нашите пријатели
планинари од Чачак и Белград кои ни помогнаа околу резервацијата за ноќевање. Прекрасно сместување... >> Детален извештај <<
Кожуф планина - патување во земјата на боровинките - 13-14 август 2011
Овој термин на летото - средина на август - обично ни е резервиран за повеќедневни излети во планина со шатори.
За оваа година планот ни беше да поминеме на Кораб неколку дена, но поради обврски на членовите на екипата, таа идеја
не можевме сега да ја реализираме. На барање на Деан сепак да направиме акција, барем само за викенд - произлезе идејата
да поминеме два дена на Кожуф планина - прекрасна планина на југот на Македонија која исто така ретко се посетува од
планинарите, а е навистина многу убава. Екипата брои 9 члена од два града - Скопје и Штип. Од Скопје поаѓаме 7 души со
три коли во 3:20 часот наутро. Во Велес ги земаме Жико и Ангел кои до таму доаѓаат од Штип со нивно возило, па потоа
продолжуваме заедно во правец на Гевгелија...
>> Детален извештај <<
Ниџе : Кајмакчалан - 5 - 6 август 2011
Во воздухот се чувствува дождот и невремето кое штотуку заврши. Сега веќе не врне,
само мирисот на косено сено го освојува сетилото за мирис... но не за долго. Иако сме на самиот почеток на
нашата приказна, морам да ја споменам единствената црна точка на овој поход. Тоа е реката Црна.
Се чувствува страшната реа на мртвата река, задушена од страна на грст несреќни луѓе чие средно име е "Профит" и
"Негрижа". Се чини сета нечовечност е потопена во оваа, некогаш преубава вода. Се молиме вечерва за нејзиното
повторно оживување... Го правиме планот за утрешниот ден. Скочивир се наоѓа на 576 м надморска височина.
Нe делат околу 35 км или речиси 2000 м искачување до Кајмачалан и неговите 2521 м надморска височина... >> Детален извештај <<
Алпи 2011 : Летување на 4563 m (24 јули - 01 август 2011)
Монте Роса е највисока планина во Швајцарија и втора по височина на Алпите. Се наоѓа на крајниот северозапад од Италија,
на границата меѓу Швајцарија и Италија. На Монте Роса има многу врвови над 4.000 метри, меѓу кои се третиот
(Dufourspitze 4.634 м.), петтиот (Zumsteinspitze – 4.563 м.), шестиот (Signalkuppe – 4.554 м.) врв по височина на Алпите,
и многу други врвови. На Монте Роса се наоѓа и највисокиот планинарски дом на Алпите, домот Маргарита (на Signalkuppe 4.554 м.).
Преку зима, масивот Монте Роса е популарно скијалиште, вклучувајќи ги скијачките места Alagna Valsesia (каде што бевме),
Gressonay, Champoluc, и други. Монте Роса е италијанското име на масивот, но Rosa значи „глечер“ на француско-провансалскиот
дијалект...
>> Детален извештај <<
Олимп : Митикас, Скала, Сколио - 23 јули 2011
Амбициозен план - од Скопје до Олимп и назад за 24 часа. Но, зошто да не пробаме - изгледа изводливо. Се собра екипата,
седум момци и една девојка - некои не нарекоа "Снежана и седумте џуџиња". Обезбедивме превоз со комбе со господинот Боби.
Во петок вечерта - во 22:30 сме пред Поштата кај Железничка станица. Спремни за нова авантура. Составот овој пат има
меѓународна нота - со нас е и пријателот Џон од Норвешка. Поаѓаме со комбито кон Гевгелија. Брзо минува патот.
Благодарение на неверојатните способности на Боби границата ја минуваме за 5 минути. Продолжуваме кон Солун, Катерини.
Скршнуваме преку Дион близу Литохоро и нагоре - до паркингот Горциа. Стигнуваме околу 3 часот ноќе. Ги спремаме ранците, каснуваме малку... >> Детален извештај <<
Словенија : Триглав и Нанос (via ferrata) - 15-20 јули 2011
"Гдо има јајца?" – викна младата словенка во планинарскиот дом Кредарица на Триглав, барајќи ги тие што порачале јајца
и колбаси за вечера. Сите за момент заќутевме, се погледнавме меѓусебе, и прснавме во смеа правејќи алузии на кажаното.
И навистина требаат "јајца" за искачување на Триглав, врв на Јулиските Алпи во Словенија, висок 2.864 метри. Особено
преку Северната триглавска страна. Катерина С. даде идеја да одиме на Триглав, а организацијата на патувањето одеше
релативно брзо. Катерина го организираше превозот и членството во планинарското друштво МАТИЦА од Љубљана, а јас
искачувањето на Триглав и сместувањето по градовите и планинарските домови... >> Детален извештај <<
Локалитет Плоча - Радовиш - сончоглед и гранит - 17 јули 2011
Во недела рано наутро - додека остатокот од градот спиеше или полека се прибираше од ноќните забави, мала
осумчлена група со две возила го напушта Скопје и се упатува во правец Велес - Штип. Некаде на патот - во овчеполијата
наидовме на огромно поле полно сончогледи. Нормално, застанавме со колите и фотографите почнаа да сликаат навистина
прекрасни фотографии. Во меѓувреме ние се слушнавме со Жико од Штип, нашиот денешен домаќин кој ќе не води и запознае со локалитетот
Плоча и со основните алпинистички техники. Членови од Скопје : Марин, Перо, Тања, Александра, Јоцо, Софија, Владимир и
јас - Трајче. Некои од нас имаа качувано порано, но имаше неколкумина кои денес ги направија првите чекори во вертикалниот свет...
>> Детален извештај <<
Полноќна прошетка до Матка - 15-16 јули 2011
Едноноќна планинарска акција во организација на нашето планинарско друштво, на кој беа поканети поголем број можни
кандидати - планинари, атлетичари и други спортисти. Можност барем на кратко да побегнеме од тешките скопски горештини.
Акцијата традиционално се одржуваше пред повеќе од десет години - секогаш во месец јули за време на полна месечина.
Оваа година решивме да продолжиме со оваа убава традиција. Стартот на турата го закажавме за 21 часот - пред О.У. "Кочо Рацин". Патека : од "Кочо Рацин" до полицијата по асфалт, потоа по планинската патека до Средно Водно,
па по "пензионерската" патека до врв Водно. Оттаму по гребенот до Матка... >> Детален извештај <<
Кабаш (2391m), масив на Кораб - прво искачување - 09 јули 2011
Ова беше моето најрано станување за на планина 02:35 мин. Авантурата започна во 03:10 мин. кога сите заедно се сместивме во
Реното Кангу на Перо кој безбедно и вешто вози како и што планинари не извозе до с. Бибај. Останати членови на екипата
Марин, Ѓоре и јас-Светлана. Патот води преку Маврово и Националниот Парк и после 113 km еве не на 1200 m во с.Бибај.
Во 05:30 стигнавме во селото, на патот не пречека многу убав голем коњ, не сакаше да не пропушти да поминеме па решивме
да излеземе од кола и да го замолиме да се тргне. Во 05:50 спремни тргнавме од селото накај планината. Со добра
подготвеност: анализа на теренот, промислен и пресметан пристап кон врвот главни водачи на оваа акција беа Марин и Перо...
>> Детален извештај <<
Доломити, Италија : Lavaredo Ultra Trail - 1-2 јули 2011
Конечно се случи и тоа - трката која ја сметав за најважна во оваа година и која желно ја очекував уште од јануари месец
оваа година. The North Face Lavaredo Ultra Trail 2011 - петто издание на оваа веќе позната и почитувана како една од
потешките планински ултра трки во Европа. Пријавувањето за трката моравме да го направиме уште во февруари - лимитот беше
600 натпреварувачи за главната трка и тој број се пополни за само два дена. Остатокот од времето од јануари до крајот на
јули практично беше низа на планинарски акции и трчања по планина - се со цел да се постигне потребното ниво за успешно
завршување на оваа трка...
>> Детален извештај <<
Старо Село - Љуботен - Рогачево - 19 јуни 2011
Еднодневна акција на позната локација - Шар Планина - врв Љуботен (2498m). Екипата составена од членови на ПСД МАКПЕТРОЛ
и ПД КОРАБ - вкупно 11 души. Поаѓаме од Скопје рано наутро, во 4:30. Во овој период денот е голем, но ние сепак поаѓаме
рано за да искористиме барем еден дел од патот да биде по пријатна температура - најавите за максимална температура во Скопје
беа до 35 степени. Инаку, за разлика од вообичаеното искачување на Љуботен, за денес имаме предвидено две "освежувања" -
прво - да се искачи врвот од страната на Козја Стена и - второ - да се спуштиме во село Рогачево - село на 2 km
северо-источно од Старо Село. Тоа би била и добра патека за зимски услови, ако сакаме на брзина, без да минуваме до планинарскиот дом,
да направиме искачување на Љуботен... >> Детален извештај <<
Risnjak Mountain Trek - 11 јуни 2011
На 9-ти јуни (четвртокот) околу 23 часот нашата трочлена експедиција го напушта Скопје со моето возило и се упатува
кон Хрватска. Следува долга ноќна вожња низ Србија за да некаде во раните утрински часови навлеземе во Хрватска.
По пат на едно одмаралиште во Србија дремнувам 45 минути, бидејќи полека ме совладува напорот акумулиран од многуте
активности во претходните денови. Потоа одиме до Загреб, поточно во близината на аеродромот - во посета на мојот
драг пријател планинар Жељко Пивалица од ПД "Croatia Airlines". Во пријатна атмосфера, во придружба на уште еден
планинар од неговата екипа која на двапати беше во посета на македонските планини - си поприкажавме за тоа кој каде
бил на планина, какви ни се плановите, се потсетивме на некои изминати случки... >> Детален извештај <<
Кораб : Големиот водопад, Рибничка Скала, Кабаш - 04 јуни 2011
Поголема група од планинарки и планинари, организирани од страна на ПД Трансверзалец - во саботата на 4 јуни 2011
се упати со две комбиња од Скопје во правец на масивот на планината Кораб. Целта беше да се посети прочуениот голем
водопад на Кораб кој во овој период на годината има најголема силина. Групата брои околу 35 учесници. Патот не води
преку Маврово, потоа скршнуваме кај Волковија десно во правец на селата Рибница, Нистрово... По макадамскиот пат
поголемото комбе може да не вози само првите 2 километри, а потоа, поради тесниот и малку незгоден (на некои места)
пат, поголемиот дел од групата се упатува пешки кон селото Бибај... >> Детален извештај <<
Титов Врв, Мал Турчин, Бакардан - 29 мај 2011
Традиционалното искачување на Титов Врв - највисокиот врв на Шар Планина, на кое оваа година земаа учество повеќе од
1000 планинарки и планинари од Македонија, но и од повеќе други, главно соседни земји, се одржа во недела,
29-ти мај 2011 година. Од нашиот клуб - ПСД Макпетрол, учествуваа неколку претставници кои во друштво на нашите
блиски пријатели од ПК Балкан од Србија, како и на другите наши добри пријатели - планинари - поминаа убава и
не баш вообичаена тура - тие одеа по гребенот од кај Церипашина, Антени, Бакардан. Се симнаа на седлото помеѓу
Бакардан и Титов Врв и таму се споија со главниот тек на маршот...
>> погледај фото албум <<.
Тара - рафтинг : Батаљон на авантуристи (20 - 24 мај 2011)
Во организација на планинарско-спортското друштво МАКПЕТРОЛ и планинарското друштво „18 Август“ од Скопје, еден цел
баталјон луѓе, дури 85-на, од кои 60 жени, тргнавме на 4-дневна авантура (20-24 мај) низ централен Балкан, во
разгледување Сараево во Босна, на рафтинг на реката Тара во Црна Гора и на планината Златибор во Србија. Од една
страна, бројот на пријавени беше пријатно изненадување за организаторите, но, од друга страна, тоа беше организациски
кошмар (превоз, резервации за сместување, распоредот за сместување во хотелот и кампот, паузи и тргнувања,...
>> погледај повеќе <<.
По Трасата на Гасоводот : Осоговски планини - 15 мај 2011
Четврта година по ред нашето планинарско друштво ја негува воспоставената традиција - во средината на месец мај -
месецот кога се се раззеленува и расцутува. Планинарите - а оваа година и планинските ултрамаратонци -
земаат учество во оваа секоја година се помасовна акција која симболички ја прати трасата на Гасоводот во Македонија.
Оваа година на оваа акција учествуваа околу 220 планинарки и планинари од Македонија и од Р.Србија.
Имаше три патеки, прилагодени според можностите на учесниците: Прва патека - 8 km - за децата, постарите планинари и
рекреативците, Втора патека - 28 km за планинарите со добра кондиција и Трета патека - 39 km за нашите трчачи по
планина. Временските прилики ни беа навистина наклонети - имавме идеално време - сончево со повремени облачни периоди,
слаб до умерен јужен ветар и максимална температура околу 20 степени...
>> погледај повеќе <<.
Пелистер (2601 m), Баба планина - 7 мај 2011
Фото извештај изразен со 22 фотографии а реализиран на 22-то традиционално искачување на врвот Пелистер (2601 m) на Баба Планина, посветено во чест на Димитар Илиевски - Мурато - првиот македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот - Mount Everest...
>> погледај фото албум <<.
Фрушка Гора : Планински Ултрамаратон Плус 111 km - 7 мај 2011
На Фрушка Гора во близината на Нови Сад, Војводина, Р. Србија секоја година во почетокот на месец мај се одржува една
прекрасна планинарска и тркачка манифестација - веќе 34 години по ред - Фрушкогорскиот Планинински Маратон. Оваа година
на 17 различни патeки, од 10 па до 111 km секој кој сакаше да се натпреварува, или пак само да шета и ужива во убавините
на оваа ниска но прекрасна планина - можеше да си избере своја патека и да ја помине. Дури и за време на бомбардирањата на
НАТО силите врз Србија овој планински маратон се одржал. Традиција навистина достојна за почит. Од Македонија секоја
година земаат учество помал или поголем број на планинари и атлетичари кои сакаат да си ги испоробаат силите.
Нормално, ние - како и во се друго - одиме до крај - така да и немаше многу двоумење - патеката од 111 km беше резервирана
за нас...
>> Детален извештај <<.
Планинарско-излетничка авантура низ Словачка, Чешка, Германија и Австрија (21 април - 1 мај 2011
Во организација на Планинарско-спортското друштво „МАКПЕТРОЛ“ од Скопје , Република Македонија, Планинарскиот клуб
„БАЛКАН“ од Белград, Република Србија и Туристичкото друштво „РИЛСКИ ТУРИСТ“ од Самоков, Република Бугарија,
28-мина тргнавме кон Средна Европа во планинарско-излетничка акција во Словачка, Чешка, Германија и Австрија.
На 21 април, четврток, после работно време, автобус со 19 луѓе од Македонија тргнавме кон Белград. Близу Ниш ни се
придружи и Маријана Илиева од Бугарија. Во Белград стигнавме после полноќ, во петок рано наутро, 22 април. Кога водичката
Миланка Арсиќ ги потсетила учесничките дека Македонците набрзо ќе стигаат во Белград, три од нив ја прочитале нејзината
СМС порака облечени во пижами, спремни да си легнат, тотално несвесни дека за 30-тина минути треба да тргнат на 9-дневно
патување...
>> Детален извештај <<.
Шар Планина : Црни Врв (2585m) - 30 април 2011
Црни Врв на Шар Планина е врв на кој не можете случајно да поминете. Човек мора да има сериозна намера за да се упати
кон овој оддалечен но интересен врв. Со својата висина од 2585 m е еден од повисоките врвови на Шар Планина, а според
позицијата се наоѓа во средината на првиот - горен ред на врвови - почнувајќи од Љуботен, преку Пирибег и Бистрички врв,
па доаѓа Црни Врв, потоа Кобилица, Вртоп, Караниколица... Пристап до овој врв е можен од неколку правци : од Вејце или
од Бродец, па преку Кобилица, или од другата страна - од долината на Бистрица. Од која страна да појдете, ве чека
многу пат. Ние за нашата акција за појдовна точка го избравме селото Сетоле, кое се наоѓа на висина од речиси 1000 m.
Причините за избор на ова селце беа разни, а една од поважните беше што еден од членовита на нашата група - Деан - има
потекло и сега има викендичка - во Сетоле, село опеано во народните песни...
>> Детален извештај <<.
Плоча, CD, DVD ?! - 17 април 2011
Плоча, CD, DVD, USB - свирки !!! Појдовме на Плоча ама се вративме и без плоча и без DVD.
Но се вративме со една нова научена лекција - постепено почнуваме да го усвојуваме материјалот...
Во секој случај среќни и весели, како и секогаш кога одиме на планина. Дека љубовта кон планините е таа што не
станува во 3 часот наутро и не тера да се акаме по стрмни места покриени со снегови, мразови, со ветришта...
и пак сакаме да одиме и не ни е криво туку напротив - едвај чекаме пак да појдеме...
>> Детален извештај <<.
Искачување на Солунска Глава - 9-10 април 2011
"Еј, баш супер викенд имав", рече Мила. "Бев во Солун по продавници, на кафе. А ти? Каде беше ти?" – ме праша.
"Па, зар не ме виде како ти мафтав од Солунска Глава?" и реков.
"Да? И навистина се гледа Солун од врвот?" – заинтересирано праша Мила.
Од толку убавина што видовме овој викенд, не ми текна да го барам Солун на хоризонтот.
Во саботата наутро, 9 април 2011, по убаво сончево време, во организација на Планинарското спортско друштво МАКПЕТРОЛ од
Скопје, 24-ца и кученцето Геа, прво по автопат до Велес, потоа по локален пат преку село Теово, Богомила,
стигнавме во село Нежилово, во подножјето на планината Јакупица...
>> Детален извештај <<.
Osogovo Ultra Trail Running - 10 април 2011
Уште кога ја добивме идејата за организирање на акција по трасата Гасоводот - имавме идеја да се организира трчање по таа
патека. Знаевме дека има момци и девојки расположени за трчање на долги дистанци по планина и сакавме да направиме и таква
манифестација. Но се некако други работи имаа приоритет, па еве по три години организирање на маршот - успеавме да се
организираме нешто и да истрчаме. Јас секако требаше да ја поминам замислената патека и за едната и за другата група од
маршот за да извршам некое минимално маркирање, па си помислив дека би било добро да издвоиме помала група тркачи и
промотивно да ја поминеме патеката - а јас попатно да ја маркирам. На 10 април 2011 група од пет што планинари,
што тркачи, што обете - се собравме на појдовната точка на оваа акција - ГМС Жидилово...
>> Детален извештај <<.
Шар Планина: Беловишки водопади - 03 април 2011
Во недела - на 3 април 2011 година поголема група на планинари - во најголемиот дел членови на ПД Макпетрол и ПД Трансверзалец
изведоа еднодневна планинарска акција на падините на Шар Планина - ги посетија Беловишките водопади. Појдовна точка за оваа акција
е селото Беловиште, убаво село сместено во пазувите на Шар Планина, оддалечено дваесетина километри северно од Тетово - на патот
Тетово - Јажинце. Од селското плоштатче води асфалтирана патека прво до црквата "св. Богородица", а потоа и до месноста
наречена Петачко водиче - каде што има две помали цркви, ресторан и тука се наоѓаат првите - најмалите слапови на Беловишка река.
Ова место е убаво за помали прошетки и правење убави излети...
>> Детален извештај <<.
Стогово : Дводневна зимска убавина – 26-27 март 2011
Во деновите сабота и недела - 26 и 27 март 2011 година група планинари од Македонија и од Србија бевме на падините на
планината Стогово - снежната убавица во западниот дел на Македонија. Организацијата беше од нашиот планинарски клуб - МАКПЕТРОЛ
заедно со нашите пријатели од ПК БАЛКАН од Белград.
Во Гари не пречекува чичко Васе - нашиот добро познат домаќин. Присутни се повеќе други луѓе
од селото - тој ден го определиле да биде "денот на дрвото" и се спремаа да заминат на садење млади садници по
околните ридови. Ние на брзина се сместивме по собите, ги оставивме работите што не ни се потребни и - нестрпливи
што поскоро да почнеме со запознавање со планината - во девет часот - појдовме - група од девет... >> Детален извештај <<.
Сончев викенд на Копаоник - 18-20 март 2011
Вториот скијачко-планинарско-излетнички викенд на Копаоник, организиран од ПСД МАКПЕТРОЛ – Скопје, беше полн погодок.
Првиот викенд на Копаоник (18-20 февруари 2011) беше маглив, снежен и студен, но, затоа овој викенд
(11-13 март, 2011) беше сончев и убав. Скијачите уживаа во добро подготвените скијачки стази, планинарите се
искачија на 1.976 метри,
излетниците шетаа во подножјето на планината, а се одмаравме во планинарскиот дом "Ртањ", во малото бачило "Скитуљко" и
во бачилото "Вучија стаза" со поглед на највисокиот врв на Копаоник, Панчиќев врв (2.017 м.). Во саботата навечер сите
од македонската група (20-тина луѓе) заедно со пријателите од Белград и од рамната Војводина добро се забавувавме во еден
локален ресторан со добра храна и уште подобра жива музика. >> Детален извештај <<.
Зимски Сон : Шар Планина - 5-6 март 2011
Се е убаво кога убаво ќе се заврши - вели старата поговорка. Но за да се заврши убаво, треба понекогаш и ние сериозно да се
заложиме за да дојде до успех. Од залагањето на сите, од придонесот на секој поединечен член на екипата - зависи успехот.
И ако имаш хармоничен тим на јаки поединци - секој спремен да помогне и повлече во даден момент - но исто така и да не биде
обземен од успехот по секоја цена - туку да знае да застане и да размисли за ситуацијата, за опциите, за безбедноста своја и
на групата - тогаш тоа е тим што може да се зафати со сериозни предизвици. Овој предизвик - ЗИМСКИ СОН - сами си го зацртавме, посакавме, испланиравме. Сакавме да поминеме барем една ноќ во шатори во
зимски услови, далеку од цивилизација. Да провериме до каде ни се силите, можностите, знаењето, опремата. Сето ова како
подготовка за уште појаки акции - како дел од градењето на тимот... >> Детален извештај <<.
Осоговски планини : Руен (2252m) - 20 февруари 2011
(акцијата е посветена на нашиот починат пријател и спортист Горан Стојанов)
Во неделата изведовме еднодневна планинарска акција на Осоговските планини, поточно го искачивме врвот Руен (2252m) од јужната
страна, од рудникот Саса. Од поодамна разговаравме за тоа дека е добро да посетиме некој врв во источниот дел од Македонија и
притоа да се дружиме со планинарите од тој крај, меѓу кои има луѓе со кои порано убаво се дружевме, но во последниве години
контактите некако ослабнаа. Решивме да дадеме поттик овие планинарски дружби пак да заживеат. Акцијата одржана во неделата е
навистина убав пример за тоа....
>> Детален извештај <<.
Банско, Пирин Планина, Бугарија 11-13 февруари 2011
На 11 февруари, петок, околу 18 часот, 46 луѓе, во организација на планинарските друштва „Макпетрол“ и „18 Август“ од Скопје,
со автобус, тргнаа кон скијачкиот центар Банско на Пирин планина, Бугарија. Автобусот се наполни со ранци, куфери, скии и
планинарски чизми. Како и секогаш во автобусот некому е многу топло, некому ладно, гласна е музиката, силно е светлото...
И така, во постојана дискусија со возачот, околу полноќ стигнавме во Банско, по чии улици, иако доцна, беше доста раздвижено. Бевме сместени во неколку удобни хотели „Вихрен“, „Панорама“ , „Иван Рилски“ и „Надежда“...
>> Детален извештај <<.
Јакупица: Прерок - 30 јануари 2011
Новиот снег што падна изминатите денови и тоа во поприлични количини по нашите планини беше причина која ме наведе да
размислувам за некоја тура на помала надморска височина - за да не наидеме на премногу снег. По кратко размислување погледот
се насочи кон источниот дел од Јакупица - на граница со Голешница. Веќе порано го разгледував овој терен кој ми изгледаше доста
интересен а никогаш не сме се упатиле натаму. Потребата од средба со господинот ултрамаратонец Зоран Димов од Велес беше
факторот кој одлучи да одиме во овој регион. Селото Лисиче со браната и вештачкото езеро веднаш до него се чинеше убава
појдовна точка за новата авантура. Претпоставував дека поради снегот нема да можеме премногу да изминеме,
но доволно ќе биде - како за прв пат, да се искачиме на еден врв и да се запознаеме со околината - и да фрлиме поглед
накај Солунска Глава од еден нов агол...
>> Детален извештај <<.
Скијање во Саалбах-Хинтерглем, Австрија (8-15 јануари 2011)
Додека во автобусот се подготвувавме за долго возење кон Македонија, задоволни од прошетката низ Салцбург, Никола го зеде микрофонот
и почна: „Со Миланка и со Горан се потрудивме да подготвиме убав зимски одмор во Саалбах. Скијавме на одлични стази, видовме многу
места, Цел ам Зее, Саалфелден, Капрун, имавме убаво време, пешачевме,...“. Патешествието кон Македонија
е посебна приказна, но престојот во ски центарот Саалбах беше многу интересен. Ски центарот Саалбах-Хинтерглем е прогласен за „Најдобро поврзан ски центар
во Австрија“. Тоа е ски центар со 200 км скијачки стази (сини, црвени и црни) со 55 жичарници и ски-лифтови, со 42 „бачила“ за одмор
во текот на скијањето, и со многу Appre ski барови (за забава после скијањето)...
>> Детален извештај <<.
Шар Планина: Горна Лешница - Лешнички водопад - 16 јануари 2011
Горна Лешница е посебна убавица на Шар Планина, свет кој постои сам за себе и само понекогаш ние обичните смртници се решаваме
да појдеме натаму, да примиме малку од таа вечна убавина - во себе. А движење на овој терен во зимски услови многу ретко се
случува, поради вообичаено големите количини на снег што се собираат во тој дел на планината и опасноста од лавини.
Јас морам повторно да истакнам дека она што - според мене - ја прави акцијата успешна е добриот план, секогаш со неколку
алтернативни решенија и - 80% од успешноста - прецизна временска прогноза и прилагодување на акцијата, на составот на групата,
на потребната опрема, храна и облека - на тие конкретни услови...
>> Детален извештај <<.
Шар Планина: Антени - 08 јануари 2011
Прва акција на планина во новата 2011 година. Временска прогноза - одлична - сонце, слаб ветар. Дестинација - Попова Шапка.
Учесници (со две коли): Перо, Александра, Јоцо, Марин, Вања и јас - Трајче. Поаѓаме од Скопје во 5:30. Околу 7 сме на Шапка.
Кратко пресоблекување - сонцето се уште не е излезено, но околу е веќе светло. Времето мирно, убаво - Шапка - скијачкиот дел -
уште спие - снег - малку - едвај да може да се скија, на места голо, трева, камења. Но нашиот план е нагоре.
Поаѓаме кон Церипашина, следејќи ги горе-долу столбовите. Изгрева сонцето - долу под нас - Македонија потопена во морето од
магла, само неколку островчиња ѕиркаат...
>> Детален извештај <<.
Јакупица : Салаковски езера од село Цветово - 25 декември 2010
Променливите временски прилики во изминатиот период и прецизната временска прогноза од нашиот верен пријател - норвешкиот сајт
за временска прогноза - не натераа да испланираме акција на овој терен. На Шара видовме дека ќе биде врнежливо и со силен ветар,
па не сакавме пак да имаме неуспешен обид како минатиот викенд со екипата од Белград. Во меѓувреме се слушнавме со Жика
(Жикица Ивановски) од Штип - наш пријател, алпинист, велосипедист на долги стази и маратонец, кој најави дека сака да се
придружи на некоја наша акција. Прашањето беше дали да трчаме - на пример Скопје - Водно - Матка, но таа варијанта ја
отфрлив бидејќи претпоставив дека ќе има многу кал на патеката и нема баш многу да се изнатрчаме.
Затоа, во договор со Васко и Перо, се одлучивме за пат до Салаковски езера од село Цветово. Однапред знаевме дека е ова долга
тура и дека ќе бара максимално залагање за да успешно се реализира...
>> Детален извештај <<.
Беловиште - Пирибег - СНЕГ И СОНЦЕ - 05 декември 2010
Еднодневна акција на Шар Планина изведена во вистински зимски услови. Учесници : Петар Герасимов, Горан Николоски,
Трајче Панковски. Искачувањето го направивме во друштво на планинарите од Тетово Звонко и Мики, со кои се сретнавме на
почетокот на искачувањето, како да бевме договорени. Недела наутро - 5:30 поаѓаме од Скопје кон Тетово.
Од Тетово се движиме во десно во правец на северниот дел од Шара. Пристигнуваме во Беловиште, прекрасно село во подножјето
на Шар Планина - убаво средено со убави куќи и прекрасен плоштад. Тука ја оставаме колата. Во селото сме околу 6:45 часот.
Температурата е околу нулата, почнува ситно да провејува снег...
>> Детален извештај <<.
Сува Гора : с.Ларце - Табахон - Матка - 27 ноември 2010
Во сабота - рано наутро - мала група авантуристи појде со возило од Скопје во правец на Тетово - поточно во близина на с.Групчин.
Мојата сопруга не вози нас тројца : Васко Саздовски, Александар Кираџиев и мене - Трајче Панковски. Претходните денови беше врнежливо, па малку бевме во прашалници за квалитетот на патот што не чека.
А она што го замисливме беше нешто што би го нарекле авантуристичка тура - движење од едно до друго место - терен досега непоминат,
со барање на патот во тек на движењето, а на места каде што може да се трча - да трчаме...
>> Детален извештај <<.
Љуботен и Пирибег - 20-21 ноември 2010
Во деновите 20 и 21 ноември ПД "Макпетрол" имаше заедничка акција со нашите пријатели од Србија од ПК "Балкан" од Белград.
Главна цел на акцијата беше искачување на два врва на Шар Планина - Љуботен (2499m) и Пирибег (2524m).
Првиот ден - саботата - имавме пријатна можност да земеме учество во акцијата "Ден на дрвото".
Имено, во утринските часови ние со нашите пријатели од Белград се собравме во близината на Меѓународната Автобуска станица
во Скопје и тука, во присуство на г-дин Борис Трајанов, г-ѓа Атина Бојаџи и други активисти од оваа навистина хумана
акција - беа посадени неколку млади садници...
>> Детален извештај <<.
Со веселиот автобус на Мусала - 12-14 ноември 2010
„Мотори, мотори, моторииииииии“ пееше Зорица на микрофон, додека патниците од автобусот на „Галеб“ од Охрид, кој возеше покрај
нас, зачудено гледаа што се случува во нашиот автобус. Во веселиот автобус сите пееја, ракоплескаа и се смееја на музичките
изведби на Зорица, докторката Мира, Коле. Се пееше и играше и на “Let's twist again“, „Несаница“, „Чакам те да дојдеш“,
„Реката Марица ракија да стане“, се играа чочеци, ...
>> Детален извештај <<.
Караџица планина - кружна тура - 13 ноември 2010
Некои работи во животот едноставно се случуваат - без многу да ги планираш. Тогаш и самите себе си се изненадуваме, особено
кога работите ќе излезат на добро. Така беше и со оваа акција. Во понеделникот видов дека прогнозата за викендот е повеќе од
одлична, и иако не планирав никаде да одам, сепак некако ми беше жал така да ми поминат два дена викенд - особено што испадна
дека дома немам премногу обврски. Па добро, каде да се оди - ајде до Патишка Река - еднодневна. Ама кога веќе сме таму, зошто
да не пробаме нешто ново - дамнешна желба ми е да се искачам на врвовите на Караџица планина. Ја испланирав рутата, гледав да
биде стрмна и интересна...
>> Детален извештај <<.
Два дена на планината Стогово – 30-31 октомври 2010
Убавините на планината Стогово ни се познати од порано, од поранешни патувања и планинарења во овој крај.
Но убавините на карпестите и стрмните предели, кои како магнет не влечат во последниот период направија да ја замислиме
и изведеме оваа акција. Бевме во дилема, дали да фатиме од лево од Гари и да се качиме на карпите на Кршисер, па натаму
да одиме кон Бабин Срт, или пак да фатиме од десната страна и да го минеме речиси целиот гребен, а особено Кокошкина Краста,
Бик Дорук и Канеш, кои беа нај-карпести и најстрмни. Се определивме за вторава варијанта - убавините на овој дел -
особено на Бик Дорук - беа пресудни...
>> Детален извештај <<.
Шарпланинска есенска прикаска - 24 октомври 2010
Имаше повеќе заинтересирани планинари за неделното искачување до врвот Бакардан но на пат тргнаа сите двајца (Перо и Марин).
Временската прогноза беше идеална, терминот за поаѓање од Скопје 05:30h, а целта ни беше да го видиме изгрејсонцето, згазнеме
и допреме за прв пат оваа есен ново снекче, појдеме до Бакардан, се надишиме воздух, фотографираме, уживаме во се наоколу и
така освежени се вратиме назад до 18h, па малку одмор по дома, и потоа вечерта на Jazz, но не испадна така, ама ниту Перо ниту
јас не се лутиме, туку би посакале на сите Вас што ќе го читате текстов да Ви се случи нешто слично. Многу пати сум бил по
оваа маршута, ама за прв пат во еден ист ден да доживеам да се поклопат толку убави, и ретки нешта кои остануваат и долго се
паметат, а се започна со претрчувањето на средно голем волк на 7 - 8 метра пред нас ...
>> Детален извештај <<.
Русе, Велико Трново, Ботев врв (2.376 м.), Р.Бугарија - 8-11 октомври 2010
Во организација на три планинарски друштва од Скопје (ПД „Макпетрол“, ПД „18 Август“, ПД „Кораб“) и со учество на членови од
Планинарскиот клуб „Балкан“ од Белград, Република Србија, меѓу 8 и 11 (па и 12) октомври, беше изведена
планинарско-излетничката акција „Русе – Велико Трново - Ботев Врв“, во Република Бугарија. На акцијата учествуваа 60-тина
планинари и излетници, кои по убаво време посетија интересни населени места, манастири, ... а 33 од нив го искачија
највисокиот врв на Стара Планина, Ботев врв, висок 2.376 м...
>> Детален извештај <<.
Кораб планина : Бабин Камен и Шупља Стена - 10 октомври 2010
Масивот на планината Кораб е прекрасен, но за жал, за нас планинарите, сметам се уште недоволно истражен дел од македонските
планини. Со своите гребени, остри врвови, длабоки долини, многу реки и езерца претставува остров на недопрена убавина.
Се надевам дека барем ние планинарите ќе се погрижиме и во иднина тоа да остане така, да уживаме во природата без да ја загадуваме
и уништуваме. Приказната почнува горе-долу стандардно. Идејата за турата кружи низ глава одреден период, се прави план,
се трасира патека, се бара друштво. Овој пат со нас (Марин и Трајче) дојде уште Петар Герасимов (Перо) - и тој член на
П.Д. "Макпетрол" и Андреја Јакимовски - член на "Македон". Рано наутро во недела - 10.10.2010 поаѓаме од Скопје со возилото на г-н Перо..
>> Детален извештај <<.
Шар Планина : Езерски Врв - Бистра - Три Воде - 19 септември 2010
На 19 септември 2010 година изведовме еднодневна планинарска акција на Шар Планина - поточно во северниот дел на планината.
Ги искачивме Доброшки Врв (2354m), Езерски врв (2586m) и неколку врвчиња од гребенот на Бистра, со висина од околу 2600m.
Учесници во акцијата: Марин и Трајче од ПД "Макпетрол" и Ана и Ненад Радевски од СКК "Екстрем". Планот беше претходно
разработен, а целта на оваа акција беше да се запознаеме со овој поретко посетуван, а многу убав дел од Шар Планина,
како и испитување на силите - да се искачиме на Шар Планина од подножјето и да се вратиме назад во еден ден.
Искачената висинска разлика од 2365 метри и изминатите 31 km за 12 часа доволно зборува за сериозноста на акцијата...
>> Детален извештај <<.
Рибничка Скала (2305m) - Кораб - 12 септември 2010
Секој планинар кој барем еднаш бил на Голем Кораб по релативно добри временски услови, не можел а да не ја забележи низата од
врвови кои се протегаат паралелно со патеката, во правец исток - запад. Тоа е еден прекрасен низ од карпести остри врвови
кои ви го пленат погледот и објективите на фотоапаратите. А помеѓу тие врвови и патеката за Голем Кораб се наоѓа долината на
Длабока Река, притока на Рибничка река, позната по тесниот кањон и најголемиот водопад кој се формира во горниот тек на реката.
Oвој гребен во горниот дел се спојува со р'бетот на Кораб кој се движи во правец север - југ и на север веднаш се наоѓа Мал,
па Голем Кораб...
>> Детален извештај <<.
4 дена Шар Планина - полн пансион - август 2010
Од 15 до 18 август група од четири планинари - сите членови на ПД "Макпетрол" од Скопје изведовме 4 дневна
планинарска тура по Шар Планина. Учесници беа: Марин Стојановски, Вања Милев, Деан Тодоров и Трајче Панковски.
Облека, храна, шатори и останата опрема за ПОЛН ПАНСИОН - 4 дена и 3 ноќи - сето тоа на почетокот го ставивме во едно
возило во мугрите тоа рано саботно утро и појдовме кон Попова Шапка, оптимистички настроени и среќни дека конечно
замислената тура ќе почне да се реализира...
>> Детален извештај <<.
"Во центарот на светот" Маљовица (2730m) - Р.Бугарија - 21 и 22 август 2010.
На 21/22 август 2010 година (сабота/недела) Планинарското друштво „Макпетрол“ од Скопје организираше интересна планинарска
акција во Република Бугарија. Искачување на врвот Маљовица (2.730 м.) на планината Рила, посета на седумте Рилски езера и
на Рилскиот манастир. Во саботата наутро веќе бевме во гратчето Сепарева Бања полно со посетители кои бараа лек за своите болки во топлата, лековита вода.
Денот беше сончев и убав и баш ни годеше излетот во планина. До планинарскиот дом „Рилски езера“ каде што требаше да спиеме вечерта, се стига или со жичарница, или со џипови, или пешки за околу 2 часа пешачење.
Се чудевме зошто утрото стотици коли и уште повеќе луѓе одеа кон жичарницата и кон Рилските езера...
>> Детален извештај <<.
ГОЛЕМА АКЦИЈА: Монте Чинто (Корзика), Гран Парадизо (Италија), Мангарт (Словенија) - јули / август 2010.
Детален извештај од големата годишна акција на нашето планинарско друштво, заедно со ПД "Балкан" од Белград,
Србија и "Рилски Турист" од Самоков, Бугарија Од 17 јули до 2 август 2010 година Посета на многу интересни
локации и искачени три големи врва : Монте Чинто (2706m) на Корзика, Гран Парадизо (4061m) кој е највисок врв во Италија
кој целосно се наоѓа на италијанска територија, Мангарт (2678m) Словенија кој е четврт по висина врв во Словенија,
но многу атрактивен....
>> Детален извештај <<.
Љуботен и Пирибег - 1, 2 август 2010.
Дводневна акција од Старо Село до домот Љуботен, потоа под Козја стена до седлото под Љуботен, искачување на Љуботен и
назад до седлото, потоа преку Куле до Ливадица. Спиење во шатор под врвот Ливадица. Следниот ден Кучиногледски врв
(Пирибег), па назад, но од другата страна на Љуботен преку ридот Занога, премин преку Љуботенска река -
до Старо село. Ова е краткиот рапорт за акцијата на која учестувуваме Марин, Васко и јас (Трајче). Појдовме од Скопје
околу 7 часот. Во 8 и 20 поаѓаме пешки од Старо село. Околу 10 сме во домот "Љуботен". Срдечна средба со домарот Митко,
го прашуваме за здравјето, го информираме каде планираме да одиме. Ни кажува дека за Илинден традиционално се собираат
многу луѓе на Ливадичко езеро, особено доаѓаат од с. Штрбце - српско село од Косовска страна...
>> Детален извештај <<.
Рудина и Голем Крчин - 10 јули 2010.
Искачувањето на Голем Крчин како акција си беше зацртано во програмата на нашето планинарско друштво уште од крајот на минатата година.
Кога се приближи терминот за реализација, видовме дека се пријави мал број на заинтересирани, главно како подготвителна акција за
големата годишна акција на Монте Чинто - Корзика, Гран Парадисо - Италија и Мангарт - Словенија. Јас и Марин го имавме еднаш
искачено Голем Крчин, но желбата за повторно искачување си постоеше уште од првиот пат. Уште тогаш особено вниманието ни го
привлече вториот по големина врв на тој масив - Рудина, кој е за околу 100 метри понизок од Голем Крчин но е многу
поатрактивен (читај : покарпест) и претставува убав предизвик за секој планинар...
>> Детален извештај <<.
По трасата на Гасоводот - 16 мај 2010.
На 16 мај 2010 година (недела) се одржа по трет пат традиционалната годишна акција на нашето планинарско друштво "По трасата
на Гасоводот". Оваа година се определивме да понудиме можност за избор на патеката - па имавме две патеки : полесна и
пократка - за рекреативци, постари планинари и подмладок и втора - подолга и потешка - за активни планинари.
Одзивот на заитересираните планинари оваа година беше навистина голем и се пријавија повеќе од 200 планинари за двете патеки.
Но, силниот дожд и невремето кое се случи во саботата - ден пред акцијата, најверојатно поколеба еден дел од пријавените така
да на акцијата земаа учество околу 130 учесници...
>> Детален извештај <<.
Два врва во два дена – Пелистер (2.601m) и Магаро (2.254m) - мај 2010.
Во организација на планинарските друштва „Макпетрол“ и „18 август“ десетина планинари од Скопје, Куманово и Гостивар учествуваа
на традиционалното мајско искачување на Пелистер. На 7 мај 2010, петок, со комбето со најубави завеси, расположени бидејќи
штотуку ни заврши работната недела, тргнавме кон Битола и кон Баба планина. Пред да се сместиме во Детското одмаралиште на
Баба планина, свративме во Битола. А, Битола, весела, весела. Излегле битолчани по Широк сокак, се распеале, засвиреле.
Луѓето уживаа во музиката на групата „Паркети“, во хитовите на народна музика, уживаа во кафе во полните летни тераси,
и во пица и пиво во пицеријата „Буре“. Ноќта беше ведра и расположени легнавме во исчекување на искачувањето...
>> Детален извештај <<.
Галчин и Орле - 24-25 април 2010.
Во близината на Кавадарци има неколку планински врвои кои се навистина интересни и кои привлекуваат внимание уште од далеку,
кога се движиме по асфалтниот пат кон Кавадарци и Прилеп. Со својата убавина особено се истакнува врвот Орле - т.е. она што
луѓето од овој крај го нарекуваат Орле, а всушност е врвот Галчин. Галчин и Орле се два врва еден до друг, карпести и привлечни
за качување, а со својата висина и позиција доминираат над целиот тој предел. Не се со голема висина - 1472 и 1480 метри, но
сметам дека апсолутната висина на еден врв не смее да биде мерило за тоа дали треба да се оди на тој врв, дали е доволно убав,
интересен, претставува ли предизвик. Галчин и Орле се навистина голем предизвик и големо залче за секое планинарче и јас
заедно со моите пријатели Марин и Васко топло ви го препорачуваме неговото искачување...
>> Детален извештај <<.
Сува Планина - 18 април 2010.
Сува Планина е планина во комплексот Караџица, Јакупица, Даутица. Географски таа го претставува најистурениот северо-западен крак на
овој комплекс. Се протега во правец север-југ, почнувајќи некаде од селото Нова Брезница, односно од местото каде сега се наоѓа
браната Козјак, од запад е заградена со текот на реката Треска, односно сега со водите на езерото, а од исток со долината на Патишка Река.
На југ оди до Мирска Вода, каде што продолжува во планината Караџица. Планината е варовничка и има изразит карстен рељеф, со многу дупки,
вртачи, јами, пештери. Блиску е до Скопје, но ретко посетена, бидејќи обично се оди на повисоките врвови во близината: Убава, Остри Врв,
Миленков Камен и тоа од селото Патишка Река...
>> Детален извештај <<.
Костадиница - Осоговски планини - 02 април 2010.
Денешната акција имаше истражувачко-маркирачки карактер. Имено, на 16 мај оваа година треба да се одржи (по трети пат) нашата акција -
"По трасата на Гасоводот". Оваа година решивме да воведеме мало освежување во однос на патеката, односно да направиме една варијанта до
врвот Костадиница кој всушност со својата висина од 1645 m доминира над Крива Паланка. Со Марин појдовме од Скопје во 6 часот и веќе
околу 7 бевме во Крива Паланка. Паркиравме кај мотелот "Македонија" и потоа се вративме малку назад кон градот, од каде требаше да стартува
патеката. На бензинската пумпа добивме коментар "Кај сте тргнале вака у ниедно време". Оваа акција ни беше предизвик бидејќи овој терен
досега не сме го оделе, туку исклучиво од карти и од Google Earth ја исцртавме патеката во GPS. Не само што требаше да ја поминеме,
туку требаше и да ја маркираме (со мали црвени кругчиња) патеката, што значи дека не смеевме да си дозволиме грешка...
>> Детален извештај <<.
Миџор (2.168 m), - Стара планина - 26-28 март 2010.
Извештај од акцијата одржана на Стара Планина во Р.Србија на врвот Миџор од Горан Николоски.
"Клинтон је крив" рече како за себе Дејан, возачот на комбето газејќи во длабокиот снег. Кисело се насмеавме гледајќи со неверица во снежната виулица. Таа изрека е вообичаена кај Србите кога се шегуваат за некој неочекуван проблем. „Кога падна олкав снег?“ се чудевме сите на 30-те сантиметри нов снег и на силниот ветер кој правеше навеви во неделата наутро. “Ноќеска во 3 почна да врне“ рече Славица од Белград. „Како ли ќе се симнеме долу, во Ниш? Дали стана некој од возачите на камионите за чистење снег?“ - викна некој од групата.
А, саботата беше сончев и ветровит ден. 10-тина планинари од Македонија и Србија во организација на планинарските друштва "Макпетрол" од Скопје и "Балкан" од Белград тргнаа полека кон Миџор, 2.168 метри високиот врв на Стара планина, највисок врв во Србија...
>> Детален извештај <<.
Шарпланинска трилогија - 21 март 2010.
"What a perfect day". Утрово се разбудив во 5 часот - не можев да спијам - се уште бев под импресии од вчерашната акција.
И додека им подготвував појадок на децата една мисла постојано ми беше во главата. "Не може да имаш перфектен ден во планина
ако не ти е перфектна екипата со која одиш". Вчера ја имавме таа среќа - сите коцкици се сложија и имавме навистина перфектен ден.
Но, да почнеме од почеток. Поаѓање од Скопје договоривме за 4:30. Немав во главата конкретен план, но сакав да имаве доволно време
за разни комбинации. Во Тетово кај жичарницата го земаме Валдет Османи, со кој преку Facebook се договоривме дека ќе ни се придружи.
Останати членови: Марин Стојановски, Васко Саздовски и јас - Трајче Панковски. На Попова Шапка сме пред 6 часот. Се подготвуваме и во 6:05
поаѓаме кон Церипашина пратени од првите зраци сонце...
>> Детален извештај <<.
Маглиќ, Трновачки Дурмитор - 25-28 февруари 2010.
Од 25 до 28 февруари јас и Марин Стојановски земавме учество во акцијата која се одржа во пограничната зона помеѓу
Босна и Црна Гора, во близина на Фоча и Тјентиште. Станува збор за група од неколку планини кои конвергираат во
една точка во која се има сместено прекрасното Трновачко езеро. Тука поминавме три незаборавни дена заедно со
екипата организирана од П:Д. "Раднички" од Белград, односно од Драган Павловиќ, а во која учествуваа 20-тина
планинари од Србија и уште 5-6 од Босна и ние двајца од Македонија...
>> Детален извештај <<.
Титов Врв - 17 јануари 2010.
Нова година - нови почетоци - планови за понатаму. Битен елемент за да се реализира било каква поголема ација
(да се искачи некој "голем" врв - е постојано да се одржува формата, да се тренира, особено во зимскиот период -
во зимски услови. Она што сега ќе го направиме ја создава основата за идните посериозни искачувања.
Затоа желно чекаме да се отвори временски "прозор" - барем еден дел кога времето ќе биде доволно добро за
да може да реализираме добар тренинг...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Нови дерези - Шар Планина - 26 декември 2009.
Последна акција во оваа 2009 година. Прилика да го заокружиме искуството за оваа година што изминува, навистина богата со
бројни успешни, интересни акции. Договорот падна да одиме во сабота - 26 декември - главниот фактор за оваа одлука беше
временската прогноза. Марин, Васко, Ненад и јас (Трајче) поаѓаме од Скопје околу 6 и нешто.
Не брзавме многу дека и планот не ни беше премногу амбициозен - знаевме дека горе ќе има силен ветар..
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Држилово - Убава - 6 декември 2009.
Запис од еднодневната тура на Јакупица - од село Држилово до врвот Убава (2352m). Интересна патека, истражување на досега непоминат правец во тој регион: кал, магла, облаци, снег, сонце...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Титов Врв - 29 ноември 2009.
Запис од еднодневната посета на Шар Планина по нов снег - Попова Шапка - Церипашина - Антени - Бакардан - Титов врв и назад по истата патека. Мала екипа ама одбрана. Колку да не се седи во скопските и тетовските магли по цел ден, туку да се ужива во убавините на природата...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Љуботен - 14-15 ноември 2009.
Во деновите сабота и недела 14 и 15 ноември 2009 година се одржа акција на најсеверниот врв на Шар Планина - Љуботен (2948m) - прекрасен врв со алпски карактеристики - убав за гледање и убав за искачување, особено во зимски услови. Учесници на оваа акција освен планинари на ПД "Макпетрол" беа и нашите пријатели од ПД "Балкан" од Белград, а ни се приклучија и други планинари кои имаа желба да се дружат со нас...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Трем, Србија - 6-8 ноември 2009.
Во периодот од 06 до 08 ноември 2009 година членови на П.Д. "Макпетрол" учествуваа во акцијата на искачување на врвот Трем (1809m) во близината на Ниш, Р. Србија. Оваа акција беше во организација на ПД "Балкан" од Белград, со кои имаме постојан контакт и соработка. Прочитајте го извештајот на нашиот планинар Горан Николоски ...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Рила (Р.Бугарија) - октомври 2009.
Во периодот од 10 до 12 октомври 2009 година П.Д. "Макпетрол" изведе акција на планината Рила во соседна Р. Бугарија. Акцијата беше изведена заедно со П.Д. "Трансверзалец" од Скопје и П.К. "Балкан" од Белград. Беше тоа еден меѓународен состав на околу 100 планинари од Македонија, Србија и Бугарија.
Појдовме од Скопје на полноќ помеѓу петок и сабота. Во Софија пристигнавме во раните утрински часови и бедејќи беше многу рано за продавниците во градот...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Олимп - септември 2009.
Извештај од патувањето во Грција - Олимп.Грција, во сабота наутро, 19 септември, не пречека со облачно, но топло време. 40-тина планинари се сместивме во Паралиа, град на море, додека зад нас скриен зад облаци, се издигнуваше планината Олимп, која беше цел на нашиот престој во Грција...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Дешат - Веливар - септември 2009.
Извештај од еднодневната тура на планината Дешат - врвот Веливар (2373 m) со поаѓање од с. Жировница, изведено на 20.09.2009. Од сите планинарски тури на кои одам, најголема возбуда ми предизвикуваат оние каде одам за прв пат, а особено ако се тоа патеки по кои и други не оделе баш често. Тоа ме тера едно две недели пред поаѓањето да читам за тој терен, долго да ги проучувам картите и GoogleEarth, да се распрашувам кај другите планинари. И пак, кога ќе дојдам на теренот - не знам ништо - тогаш се отвораат картите и гледаш на што си...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Белград, Авала - септември 2009.
Формирање на ново планинарско друштво, каде и да е, е повод за убаво дружење. Штотуку формираното Планинарско друштво „Балкан“ од Белград, организираше интересна акција „Со пешачење до здравје“ по околните белградски ридови. Тоа не можеше да помине без малата, одбрана група планинари од Македонија...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Крушево, Охрид, Галичица, Вевчани - август 2009.
Планинарските друштва „Макпетрол“ од Скопје и „Балкан“ од Белград, Србија, организираа интересно планинарско-разгледувачко-пливачко патешествие низ југозападна Македонија; Прилеп, Крушево, Охрид, Галичица, Калиште, Вевчани.
Со два минибуса, околу 30-тина луѓе од Македонија и од Србија утрото на 28 август, петок, тргнаа по убаво време кон Крушево.
Србите беа зачудени кога од далечина го видоа високо издигнатото Крушево, како гнездо на дрво, на надморска височина од 1250 метри (највисокиот град на Балканот)...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Елбрус (5642m) - јули 2009 .
Детален извештај за експедицијата на највисокиот врв на Европа - Елбрус на Кавказ во Русија. Опис на патот, аклиматизацијата, подгоговките за искачување на врвот, самото искачување и враќањето до Москва и потоа до Скопје...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Алпи Словенија, Швајцарија, Франција - лето 2008 .
Детален извештај за големата акција организирана заедно со П.Д. "Победа" - од Белград - искачување на Гринтовец (2550m) во Словенија,
Брајтхорн (4175m) во Швајцарија и Мон Блан (4808m) во Франција...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
3 Највисоки врвови во 3 земји - јули 2008.
Планинарот Горан Николоски од ПСК Макпетрол заедно Борко и Селена од Србија направија подвиг искачувајќи се на трите највисоки врвови во три земји - Миџор (Србија), Триглав (Словенија) и Гросглокнер (Австрија). Прочитајте го извештајот и уживајте.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Галичица - септември 2007 .
Марин и Трајче од ПСК "Макпетрол" учествуваа во акцијата на ЦСО (Центар за Стручно Оспособување) при ФПСМ на Галичица. Ние поминавме два прекрасни дена во планинарење и дружење. Дел од програмата (поради која и бевме повикани) беше практично вежбање на користење на GPS уред за ориентација во планина и снимање на планинарски патеки ...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Алпи Австрија, Словенија, Италија Доломити - лето 2007 .
Планинарите од ПСК Макпетрол заедно со уште неколку луѓе од Македонија и дваесетина луѓе од Србија - во организација на ПД Победа од Белград поминаа десетина незаборавни дена искачувајќи три големи врва и уште многу други работи...
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Банско - Пирин планина (Бугарија) - февруари - 2007.
Доживувања на планинарите од патувањето во Банско, во организација на П.Д. "Макпетрол" и "18-ти август", поточно на помалата група од 6 планинари и една планинарка кои се упатија кон врвовите на Пирин планина.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Кобилица - јануари - 2007.
Еднодневна тура на Кобилица.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Голем Крчин - декември - 2006.
Еднодневна тура на Голем Крчин.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Патишка Река - Убава - октомври - 2006.
Прекрасна еднодневна тура на преубавите наши планини.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Кобилица - септември - 2006.
Прекрасниот врв Кобилица на Шар Планина - наша дамнешна желба - конечно го искачивме.
Убава еднодневна тура која треба почесто да се практикува
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Фрушка Гора - Ултрамаратон - април - 2006.
Марин го опишува своето несекојдневно искуство на 29-тиот Фрушкогорски маратон - на патека долга 102 км и 740 метри.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Љуботен - март - 2006.
Марин со своата екипа и со планинарите од П.Д. Победа од Белград беа на Љуботен. Нашите планинари го искачија Љуботен два пати.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Миџор - март - 2006.
Во организација на П.Д. Победа од Белград нашиот планинар Марин Стојановски беше на врвот Миџор (2169m) и оттаму ни донесе прекрасна репортажа.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Шар Планина - февруари - 2006.
Во организација на П.С.К. Трансверзалец се организираше искачување на Титов врв во зимски услови. Поради временските услови групата се искачи до антените на Церипашина. Заедно со нас беше и група од Х.П.Д. Мосор од Хрватска.
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Кораб 2005.
Планинарите од П.Д. "Макпетрол" заедно со уште околу 1000 планинари од вкупно 17 земји учествуваа на 14-то традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија Голем Кораб (2754m).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Мусала 2004.
Планинарите од П.Д. "Макпетрол", "Трансферзалец" и "18 август" беа во Бугарија - искачување на Боровец - Мусала (2925,40m).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Стара Планина 2004.
Планинарите од П.Д. "Макпетрол", "Трансферзалец" и "18 август" беа во Бугарија - искачување на Стара Планина - Ботев врв (2376m).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
Олимп 2004.
Неодамна планинарите од Макпетрол, заедно со своите колешки и колеги од планинарските друштва "Трансферзалец" и "18 август" беа во Грција - посета на манастирите - Метеора и се искачија на Олимп - врвовите Scala (2866) и Mitikas (2918).
>> Детален извештај и фото-галеријa <<.
|