Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Фрушка Гора - ултрамаратон - април 2006

(автор: Марин Стојановски)

29-ти Фрушкогорски Планинарски Маратон
- Пристигнување -

Со голема желба за нешто ново и за прв пат во својот живот, тргнав организирано со автобус на П.Д. Китка за Фрушка Гора, единствената Гора со извишувања во цела Војводина, со највисока кота од 531м. Тоа за наши македонски услови е ништо но покасно, по поминатиот маратон и престој таму од три дена се уверив дека е НЕШТО.

По цела вечер и ноќ поминати во бусот и извозени околу 550 км стигнавме во Нови Сад, а потоа и на стартот на маратонот во местото Поповица на 300 м.н.в. во 05:30 часот на 29.04.2006 година. Таму поставени многу големи и мали шатори од кои и еден за нас но полн со други планинари, така да решив да се одморам под ведро небо во вреќа за спиење.

Бев неполн час во вреќата, а потоа почеток на подготовките за маратонот како: доручек, средување на ранецот со се што ми треба, пиење напитоци, анализа на временските услови, соблекување па пригодно облекување од кои најважни се обувките т.е. патиките и чорапите, пријавување за маратонот, распрашување кај бројните организатори за се што ќе ми паднеше на памет, прашување на искусни планинари и маратонци кои веќе учествувале и уживале во богатото зеленило, свежината и острината на воздухот кој чиниш е како на 1300м, а не како на вистинските 300м, чистотата на местото и околината, убавите и средени викенд куќички и дворови, многуте пристрасни маратонци сите весели, ведри, насмеани и среќни што се тука.

Слушам многу различни светски јазици како меѓусебно си комуницираат, договараат или прават план за стратегија за маратонот. Воглавно сите планови беа исти, а тоа беше: да се стигне здрав и жив до целта, а при тоа да откриеш нешто ново за себе, за другите, за Гората и се она што е околу тебе. Ограниќувања во поглед на возраста за маратонците нема, така да имаше дечиња и девојченца, ама и искусни ветерани од над 75 години возраст. Како се ближеше стартот на маратонот во 09:00 часот, така станува се потесно и потесно од пријавени маратонци за маратонот кој е единствен од ваков вид во Европа. Зошто? Па има различни по должина 12 патеки и секој си решава која патека ќе ја изоди и заврши за да на крај добие званичен и оверен документ или Диплома од организаторот за успехот што го оистигнал. Најкратката е 3.5 км, а најдолгата 102.750 км.


<понатаму - старт на маратонот>


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje