Историски податоци за друштвото
Планинарското друштво Макпетрол е формирано во 1983 година со одлука бр. 214 од 20.05.1983 од Претседателството на Планинарскиот сојуз на Македонија.
Список на членовите на Иницијативниот одбор за основање на друштвото: Чадиев Александар, Торбевски Вангел, Кирова Љубица, Стојановски Ратко, Дуковски Велимир, Јакимовски Трајко, Николовски Вељо, Златановиќ Дарко, Најдески Драге и Михајловски Никола.
Прв претседател на друштвото е избран Чадиев Александар, секретар - Кирова Љубица и благајник - Јакимовски Трајко.
Извадок од Статутот на друштвото:
Цели и задачи на друштвото:
- да ги собира работните луѓе и граѓаните, а особено младината и подмладокот и да ги воспитува за активно движење и снаоѓање во природа, а особено во планина заради рекреација и физичко воспитување, а како хуманитарна организација оспособува кадри и врши спасување на луѓе и имоти во планина и во други елементарни непогоди, да ги запознае со постојните и да пронаоѓа нови природни убавини, богатства и културно-историски споменици.
- преку општествена дејност да ги воспитува своите членови за совладување препреки во природа, да негува позитивна основна, општествена, активна и прогресивна личност, особено кај нив да создава навики за организирана и колективна активност.
- да работи на запознавање и зближување со другите народи преку соработка со планинарски и други напредни организации во светот во духот на прогресивната солидарност.
Февруарски поход 1981 - Јегуновце
Тетово - 1987 година
од првите акции на планинарското друштво
|