Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Високогорство

Во 20 години постоење и изведување успешни планинарски акции низ Македонија, со искачување на бројни врвови над 2000m, а подоцна се почесто и низ Балканот, членовите на друштвото созреваа и почнаа да стануваат се поискусни планинари. Моментот кога секој планинар сам за себе ќе стекне мислење и ќе се увери дека може повеќе и може повисоко, кога е подеднакво активен и лете и зиме, кога проработува нешто вон него и станува зависен од врвовите, палнините, височините - и кога тоа вон него не престанува, а го тера да оди понатаму, е тогаш се нарекува високогорство. Од зборот се чита дека е тоа високо горско планинарење чија долна граница е околу 3000m, а завршува на 8848m, каде што веќе тројца македонци се искачиле, а во иднина наша цел е со организирана, систематска и планска работа во сите планинарски и алпинистички клубови ширум Македонија тој број да се зголеми, а истото тоа да го сторат и првите македонки.

Алпите се наши најблиски и најпосетени високогорски предели, затоа што од некаде 3000m па до највисокиот Мон Блан 4807m има постојан снег и мраз, а жив свет во тие зони се само планинарите, алпинистите и птиците. За разлика од балканските високогорски предели кои може да се посетуваат преку цела година, на алпите тоа е редуцирано и важи само за летните месеци. Зошто? Па ниските температури, ветровите, снегот, лавините, нестабилното време тоа не го дозволуваат во останатиот период од годината, но има и такви посебно ретки момци и девојки кои тоа го прават и тогаш, но тие сега-за-сега не живеат во Македонија, а со работа, тренинзи и финисиски стимул по мое мислење брзо (за 3-4 години) би можеле и ние да се пофалиме дека наша екипа била во зимски услови на алпите.




© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje