Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Фрушка Гора - ултрамаратон - април 2006 (...продолжува...)

<претходен дел - Пристигнување>

- Старт на маратонот -

Два поздравни говора, две ора и СТАРТ на маратонот и татнеж и урлик на 6400 грла на учесниците од маратонот и движење во колона гради до гради, рамења до рамења, бидејќи сите сакаа да бидат напред пред другите, а просторот ограничен. Пријатно време и услови за движење, одлично маркирани патеки, јасни контролни точки, прецизни инструкции и секој по својата патека и сопствени можности почнува да напредува и минува километри живописен пат кој е пред него.


Димов Зоран (втор на 102км) на стартот

За мене се ова е прв пат, се сакам да видам, почувствувам како треба и затоа сум малку збунет, бидејќи има многу нешта да апсорбирам наеднаш. Прво Гората која е прегуста со дрвја од различни видови и личи на места на прашума, многу различни пријатни шумски миризби, ароми, песни од многу птички, цвеќиња во разни бои, понекоја зелена ливада, туристички објекти, многу излетници, патеки, рекички, извори, чешми, објекти, манастири и мое неверување дека се ова се случува и го има на 150 до 539 м.н.в. Како да природата намерно му подарила на овој народ ваква Гора и сакала да компензира се тоа што нема, анародот тоа го знае и затоа ја чува, пази и негува како ретко каде на друго место. Ние со бројните наши планини и односот кон нив сме далеку од ова и можда и не ги заслужуваме бидејчи само ги уништуваме па потоа кукаме кога има толку многу ерозии, свлечишта на земјиштето, одрони, пожари, дрвокрадци, рибокрадци, ловокрадци, запустеност и бројни планинарски домови кои порано биле наша гордост, функционирале, работеле, а сега се запустени, се распаѓаат, а некои се рушевини и наш срам.

Полека минува времето, часовите, контролните точки, продолжува насладувањето со се што гледам и чувствувам, се јавува првиот замор но нема застанување и долг одморзатоа што до КТ 13 треба да се стигне до 20:00 часот, а некаде пред КТ 10 во желба за мало скршнување од патеката погрешивме (Душко, Синиша од Нови Сад и јас) и тргнавме кон КТ 20 наместо кон КТ 10 и изодевме 4-5 км екстра или 1 час повеќе. Мала нервоза, паника, но брзо консолидирање и повторно на вистинската патека со ветување без експерименти повеќе до крајот на маратонот (ако има крај). Конечно КТ 10, мал одмор и средба со Оливера Димова која беше единствена претставничка од понежниот пол од нашиот бус што се реши за учество на Ултрамаратонот. Сега сме права екипа, се движиме во група ние четворица и така во 18:50 стигнавме на КТ 13 (Летенка), а од таму кон екстра патеката од 20 км со ново картонче за да повторно до 02:00 часот (најкасно) дојдеме до Летенка од каде до целта ќе имаме сами уште 30 км. ХА, ХА, ХА, ХИ - смешно но вистинито и реално затоа што тие 30 км треба до 19:00 часот наредниот ден да се поминат ако сакаме нашиот Ултрамаратон да се верификува званично. Тоа значи цела вечер и ноќ пешачење, без забушавање, подолги паузи, а за сон не доаѓа збор бидејќи ако легнеш колку ќе спиеш и колку време ќе ти треба повторно да ги размрдаш нозете за движење.

<понатаму - кон целта>


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje