Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Osogovo Trail - Пониква, Царев Врв, Руен и назад - 30 март 2014

Последниот подолг тренинг пред IZNIK решивме да го направиме на Осогово и поради терените кои ги нуди за трчање и поради должината која планиравме да ја направиме. Поточно планирано беше да формираме две групи од кои едната би трчала од Пониква до Царев Врв и назад а другата од Пониква до Руен и назад. Само што влеговме во летното сметање на времето со еден час помалку спиење и околу 7:30 бевме на паркингот на Пониква. Од таму пристигнатите десетина луѓе се упативме со трчање наjпрвo кон Царев Врв додека останатите решија да пешачат кон Царев Врв. Во меѓувреме пристигна и екипа планинари од Кочани.


старт од Пониква

Временските услови идеални, патеката исто така. Некаде пред самиот врв почнавме да газиме по снег со длабочнина до глуждови. По 2 часа и 20 минути бевме на врвот со веќе прокиснати патики и полусмрзнати стопала. Само што се комплетиравме веднаш падна одлука да тргнеме кон Руен. Ени реши да се врати назад а Тања и Марјан некако колебливо ни се придружија малку подоцна.


на Царев Врв

Како што спуштавме висина од Царев Врв времето беше се потопло а нашите резерви со вода се помали. Спасот го гледавме во чешмата под Руен. А таму единствено од полу затрупаните знаци со снег можеше да се претпостави дека има чешма која беше комплетно затрупана. Затоа решивме да се обидеме да побараме вода во заслонот на бугарската страна. И за среќа бугарите многу паметно го имаа решено ова. Неколку пакети флаширана вода чекаа на масичката. Земавме две шишиња и братски си ги поделивме меѓу себе. Таман колку да имаме за враќање.


на Руен

Остануваше сега потешкиот дел. Враќањето назад. Веќе бевме доволно уморни па почнаа да се појавуваат и првите симптоми на каење што отидовме до Руен. Знаевме дека штом ќе стигнеме пак на Царев Врв се ќе биде полесно. Така и некако бидна. На спуштање од Царев Врв најдовме изворче со вода со што решивме еден голем проблем. Од таму секој со свое темпо си го фати патот за назад. Кај бачилото близу до Пониква не пречека групата планинари кои ни честитаа за подвигот. Изминавме 48 km за околу 7:30 што не беше  во согласност со предвидениот тренинг но имајќи ги предвид условите кои што ги имавме можеме да бидеме задоволни од сработеното.


Технички податоци:

Должина на патеката : 48 km
Висинска разлика (вкупен успон) : 2000 m


3D патека


профил на патеката

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк :
https://plus.google.com/photos/117670370775049603827

Автор: Жикица Ивановски



© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje