Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Прилеп : KMT испитување на патеката за 2014 - 15 декември 2013

Не чекавме долго да помине после КТМ за да го направиме и првиот тест на патеката за наредната година. Од магливото Скопје преку Прилеп па назад до селото Оревовец до сончевите падини во околината на Прилеп. Со трчање започнавне од Оревоец во насока кон селото Крстец по земјениот пат кој го користат и возилата.


на поаѓање од с. Оревоец


загревање по патот кон с. Крстец


од с. Крстец нагоре кон Борула и потоа кон ман св.Ѓорги - Присад

Промената на патеката од првобитната 60к е токму во Крстец со насока на движење северо-запад во правец на манастирот Св. Ѓорѓи. Овде патеката е потесна и на делови обрасната со грмушки и трње, но затоа пак изобилува и со делови кои ја доловуваат целата убавина на trail running -от. Од манастирот трчавме по широк земјен пат се до чешмата кај Прилепското Езеро. Првин краток спуст, а потоа рамен дел покрај село Присад се до самата чешма. Овде направивме одвојување идентично со првобитната патеката во правец на Кукул. Вистинско уживање претставува трчањето низ боровата шума и расфланите камени формации на овој дел.


измаглица во правец на Прилепското езеро


на места подмрзнати вирчиња


шпицовите на Златоврв


манастирот Св. Ѓорги - Присад


на ритчето над Прилепското езеро


кон ман. Трескавец

Спуштањето од седлото го направивме по земјените патеки а потоа си фативме малку off road се додека не се приклучивме на патеката кон манастирот Трескавец но овојпат од источната страна, неиспитана од наша страна до сега. Убава патека и доста интересна за трчање. Од седлото пак си ја фативме стандарднаната маркирана патека и како по обичај си финиширавме кај Слончето. За кратко се спуштивме до амфитеатарот во подножјето на Марковите кули, место идеално за старт и финиш, колку да фрлиме некој поглед. Направивме и одличен тренинг и добар тест на патеката минувајќи 31.46 k со 1086 m + D.


сонцето полека заоѓа а ние пристигнуваме во Прилеп


висински профил на патеката

 

Автор: Жикица Ивановски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje