Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Krali Marko Trails 2014 - 12 октомври 2014

"Ден што траеше два дена..." рече Александар Еленин вечерта по завршувањето на целиот настан. И навистина - екипата која работеше на подготовката на настанот и на неговата реализација имаше споени речиси два дена во едно, а по интензитетот на работите и вклучената енергија и емоции - можеби и цела недела може да се збере. Секако - ова беше шлагот на тортата која повеќе месеци се подготвуваше од членовите на TREX, ПСД Макпетрол и волонтерите од Скопје и Прилеп. На крај испадна прекрасна реализација на замислената цел - јавето испадна дури и поубаво од сонот. Голема благодарност до сите инволвирани во овој настан.


Сега малку потехнички.
Две трки :
• првата - ултра 64 km со 3000 m D+ (вкупна позитивна висинска разлика
• втората - 16 km со 830 m D+

Пријавени близу 200 натпреварувачи за двете трки од 12 различни земји од кои околу 45 странци.

Вечерта во сабота се делеа стартни броеви за натпреварот на 64 km. Потоа во 19 часот состанок со волонтерите, а од 20 часот технички состанок со натпреварувачите на 64 km - детално се објасни патеката и предизвиците кои ги очекуваат натпреварувачите. Потоа Pasta Party па на спиење -поголемиот дел беа сместени ви новата спортска сала во населба Точила и според информациите - сместувањето било супер.


технички состанок за трката на 64 km

Недела - екипите стануваат рано и веќе во 6:30 сме собрани кај Амфитеатарот во Варош. Поаѓаат екипи за контролните точки : судии, штоперици, храна, пијалоци.

Околу 7 почнуваат да доаѓаат натпреварувачите а од 7:30 се делат чиповите за натпреварувачите со кои ќе се регистрираат на контролните точки. Атмосферата се загрева - почнуваат и песните со кои секоја година се стартуваат трките. Пристигнува и групата планинари на ПСД Макпетрол кои се на тура Крушево и Прилеп. Во 8:07 почнува трката на 64 km.


банерот на трката со организаторите и спонзорите


стартот на трката на 64 km

Наскоро доаѓаат натпреварувачите за втората трка - на 16 km - од Варош до ман. Трескавец и назад - по друга патека. Се земаат стартни броеви и се загреваат - имаше и групно загревање со аеробик вежби што беше со интерес проследено од собраната публика. Околу 10 часот пристигнува и градоначалникот на општина Прилеп - г-н Марјан Ристески и тој одржува говор и го поздравува настанот. Потоа е стартот и на трката на 16 km.


групно загревање на SNR - Skopje Night Running team


американските девојки


благодарница за градоначалникот на општина Прилеп


старт на трката на 16 km

Петнаесетина минути подоцна една група од околу 15 млади од 10 до 15 години стартуваат на последната - промотивна трка на 4 km околу Маркови Кули. Денот убав, сончев, без ветар. Времето речиси идеално, иако подоцна беше малку повеќе топло.


од трката на 4 km околу Маркови Кули


се приближуваат кон целта натпреварувачки на 16 km


трка на 64 km - контролна точка на Прилепско езеро


стрмното искачување кон врвот Козјак - највисока точка на патеката


еден од нашите јунаци


на пат од врвот Козјак кон село Крстец


шарена екипа на мал одмор


контролна точка кај ман. Св.Ѓорги - Присад - супа за натпреварувачите

Се редеа информации од разни контролни точки и многу настани - по некој се откажал, но помал број - останатите упорни се борат со себе и со километрите и висинската разлика по патеката. Пристигнуваат натпреварувачите на 16 km. Победници во машка конкуренција : Илија Пајмакоски, Марјан Бонев, Michael van Baelen (Белгија). Во женска конкуренција : Благица ЈовановА, ilze Timi (Латвија), Милена и Мери Чкрипеска го делеа заедно третото место.


победничките во трката на 4 km


победниците на трката од 4 km


победничките на трката од 16 km


победниците на трката од 16 km

Сонцето почна да се спушта кон запад, сенките се издолжија, боите омекнаа. А нашите тркачи на 64 km си трчаат по патеката. Првите најбрзи пристигнаа околу 16 часот - со време блиску до 8 часа. Потоа почнува полека да се стемнува - загрижени сме како ќе се снајдат во темницата натпреварувачите но тие главно доаѓаат насмеани, велат дека добро се снаоѓале по мракот благодарение на поставените фоторефлектирачките ленти. Последните притигнаа на неколку минути пред временскиот лимит на трката - 13 часа - односно до 21 часот вечерта.


манастирот Трескавец


првопласираниот на 64 km - Mahmut Yavuz од Турција

н
неуморните волонтери


првата во женска конкуренција - Марија Николова од Бугарија


фаќа темница - ама нашите момци ги мава еуфорија


на последната контролна точка пред манастирот Трескавец


победникот на 64 km пристигнува на целта - 7h 59min 22sec


заедно со второпласираниот - нашиот Жикица Ивановски 8h 05min 11sec


трето место за Константин Атанасов од Бугарија - 8h 28min 06sec


групна фотографија на првите тројца

Во меѓувреме со одржаа прогласувања на победниците и доделување на скромни награди на трките од 4 km и 16 km. Присутните дел од времето уживаа во музика од двата бенда : ЌЕЛИЈА 9 од Скопје и THE HOUNDS од Прилеп.


четврто место - Александар Симјаноски од Тетово, Македонија


второпласирана во женска конкуренција - Росица Костова од Македонија


третопласираната девојка - Лили Георгиева Ангелова од Бугарија


трката успешно ја заврши и Здравко Дејановиќ - тука со нашата маратонка Тања Вељановска Савеска


победничките на 64 km заедно со градоначалникот на Прилеп


победниците на 64 km


од настапот на ЌЕЛИЈА 9

Многу богат настан, многу среќни луѓе, многу позитивна енергија.

Комплетни резултати и многу повеќе фотографии може да се најдат на сајтот на трката www.kmt.mk


Автор: Трајче Панковски
Фотографии: многу автори - благодарност до сите - Борис, Марин, Аце, Даниела, Мартин, Александар...


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje