Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Дестинација: Елбрус – Највисок врв во Европа (5645 м.) - август 2013

Во организација на „Позитив Плус“ од Белград во периодот од 1 до 11 август 2013 кон Елбрус, на Кавказ, во Руската Федерација, тргнавме ние седмина : Камиловски Александар и Гелевски Борче од Македонија, Јасмин, Фико и Шефкет од Босна и Херцеговина, Едита од Хрватска, Слободан Стокиќ од Србија - водич.

Со оглед на тоа што во извештајот од претходната експедиција на членовите на „ПСД Макпетрол“ имаше доволно детали за врвот Елбрус, јас ќе се задржам само на деталите кој би биле корисни за љубителите на следните качувачи на врвот. Мора да потврдам дека Кавказ е два пати поголем и поубав од Алпите во смисла на недопрена природа (никако по организираноста на градби и обележувања на патеки , како и по понудени услови, туку само по природна убавина...), но и три пати помал и помалку убав од Хималаите.....

Како прво, препорачувам да одите со авион до Москва и од таму до Минералне Воде, каде што ве чека такси до Терскол. Значи има врзан лет каде што од Белград до Москва пристигнувате за 2 часа и 15 минути, потоа од Москва до Минералне воде за додатни 2 часа и 10 минути и уште околу 2 часа и 15 минути до Терскол (на 250 км од Минералне воде) со такси. Значи, за вкупно 6 и пол до 7 часа вие стигнувате од Белград до Терскол, на Кавказ. Цената со авион би била поскапа за 180 ЕУР од цената за аранжманот со автобус, но со оглед на тоа што ќе скратите мака од 3 дена патувања во еден правец , мислам дека е повеќе од евтино. Она што треба да обрнете внимание на патувањето е дека иако нема потреба од виза со Русија, мора да имате оригинал Ваучер од руската агенција за влез во Русија , инаку би имале големи проблеми (како и ние што ги имавме!!!) на влез во Русија, исто како и на излез од Русија. При излез морате да имате и потврден печат од истата (ама баш од истата) агенција за престојот во Русија. Затоа и се препорачува да си го организирате качувањето преку некоја професионална агенција од Минералне Воде, која воедно ќе ви организира и сместување на Елбрус. Втора битна работа е да си обезбедите дводневно сместување на Гарабаши и дводневно сместување на Пруит 11, бидејќи за 4 дена сместување ќе платите 70 евра и ќе можете слободно да ја користите кујната со плински шпотет за готвење, додека ако одите со шатор истите пари малтене ќе ги дадете само да купите плински боци. Поубаво е исто така да тргнете да се искачувате од Пруит 11 на 4,200 м. без користење на ратрак (нормално за спремните планинари) и спиејќи во тврда градба е поубаво и ќе можете да ја осетите убавината на права експедиција со дружење на луѓе од цел свет во мало и како дел од исчекувањата на времето и сите пропратни настани и нервози во неговото менување... Опрема мора да имате многу добра без експерименти за чевли и ракавици , зошто мрзнат прсти максимално, од нив фаќа и депресија.... Направете ги сите потребни аклиматизации и имајте резервен ден.... Бидејќи како на секоја планина, прогнозата над 3000 м. никогаш не е точна, и времето се менува на секои 2 до 3 дена... И на крајот: секогаш имајте на ум дека никој не ја освојува планината, туку планината секогаш ни дозволува да ја освоиме неа ....

Инаку ние имавме и пехови и многу повеќе убави моменти, но најбитно од све имавме секакво време, па видовме и убави работи, а за позитивното дружење и нема да зборувам....

Овој извештај го напишав без детали од нашето качување од погорекажаните причини и доколку имате макар и малку корист за вашето идно качување, јас сум ја остварил целта.

Јас и мојте пријатели планинари Ви стоиме на располагање за сите додатни информации....


Терскол, убавина на првиот ден и нашето сместување подоле во хотелот...


Чегет, и скилифтот за нашата аклиматизација на 3,400 м. , вториот ден


Аклиматизацијата на Азау првиот ден на 3,000 м. и поглед во долината...


Прекрасните пирамиди на Кавказ, кои многу наликуваат на Монт Еверест , но на 4,000 м!!!!


Поглед на Терскол од Чегет на 3,400 м. на вториот ден од аклиматизацијата...


Водопад пред Опсерваторијата на 3,000 м. на третиот ден од аклиматизацијата..


Прекрасен дел на Кавказ со сите нишани....


Фаќање на “ градите ” на Елбрус!!!!!! Се се гледа од фацата!!!!!


Сончање


Видик од милион долари


И уште еден!!!(па тоа се два милиони долари, ти автоматски стануваш богаташ!!!!)


Членови на стан бр. 7 : Француз, двајца македонци, двајца шкотланѓани и еден иранец, да се осети атмосферата на права експедиција........(од лево на десно)


Качување на Елбрус во зората на минус 30 степени......


Момент на голема депресија и криза, кога очекуваш врвот да е блиску, а го гледаш дека е горе на крајот......и одиш ко пијана кокошка по рамното до седлото!!!!!!


И конечно се се заборава по 7 часа качување од 4,200 м., среќни и весели на капата на Европа (5,642 м.)


Прекрасен поглед на рускиот дел од Кавказ....


УШБА - врвот во средината како буквата У - еден од најубавите врвови...


Грузиски Кавказ извира од маглата....


Утринско капење на русите....па после зошто немало настинка..!!!!


Уште еден од многуте малери на нашето последно спуштање кон Трескол...Менување на тркалото на жичарата и осигурување со фаќање за каиш!!!!!!!!


И за крај , лежење и кулирање покрај реката што ја формираат кавкаските глечери и со прекрасен поглед на долината и планините......по освоениот врв....

Напишал: Борче Ѓелевски
Сликал: Борче Ѓелевски

 


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje