Традиционалното искачување на Титов Врв - највисокиот врв на Шар Планина, на кое оваа година земаа учество повеќе од 1000 планинарки и планинари од Македонија, но и од повеќе други, главно соседни земји, се одржа во недела, 29-ти мај 2011 година. Од нашиот клуб - ПСД Макпетрол, учествуваа неколку претставници кои во друштво на нашите блиски пријатели од ПК Балкан од Србија, како и на другите наши добри пријатели - планинари - поминаа убава и не баш вообичаена тура - тие одеа по гребенот од кај Церипашина, Антени, Бакардан. Се симнаа на седлото помеѓу Бакардан и Титов Врв и таму се споија со главниот тек на маршот. На врвот - многу луѓе. Времето со чести промени -сонце, облаци... Потоа нашите планинари го продолжија патот во правец на Мал Турчин - прекрасен врв - но за жал многу ретко посетуван поради непосредната близина на нешто повисокиот Титов Врв. На тој начин ја комплетираа "Шарската трилогија" - ги искачија единствените три врва на Шар Планина повисоки од 2700m.
Од сликите се гледа дека искачувањето и глетката од Мал Турчин им била вистинска авантура. Уживајте во изборот на фотографии од оваа убава акција.

на поаѓање од Попова Шапка - 7 часот наутро
променливо време - од едната страна сонце - од другата облаци
гребенот после Антени - позади ѕирка Титов Врв
се уште има траги од снег
Александар над снежните наноси
имаше време и за малку искачување по карпите
стрмни падини со снег

навистина е шарена планинава - Бакардан, Титов Врв, Мал Турчин

група луѓе кои од кај Вакаф се движат кон Титов Врв
нашата група на Бакардан
на седлото помеѓу Бакардан и Титов Врв - средба со другите планинари
на Титов Врв

поаѓање кон Мал Турчин
на седлото помеѓу Титов Врв и Мал Турчин

Мал Турчин - многу убав врв
искачување по камени плочи
поглед наназад кон Титов Врв - се гледаат планинари на врвот
пред врвот - Мал Турчин

поглед во длабочините под врвот
поглед надолу по прекрасниот и стрмен кулоар под Мал Турчин
групата на Мал Турчин - Ѓоре -> Херкул
назад кон Попова Шапка - Вакаф и позади гребенот на Бакардан
повторно сонце
снегот се топи и ги дополнува планинските потоци
Фотографии:
Петар Герасимов