Банско - Бугарија - 31 јануари - 02 февруари 2014
Рапорт од изминатиов викенд во Банско: Поминавме еден прекрасен викенд - сончев, без ветар, со доволно снег за скијање. Сместувањето беше одлично - собите топли, појадокот солиден, персоналот пријатели, собите ги напуштивме во недела во 17ч. Неколкумина користеа сауна, џакузи и масажа. А ЕКИПАТА БЕШЕ ФАНТАСТИЧНА ! Млади, ведри и распеани - да им плаќаш за да доаѓаат! Никогаш толку брзо не сме ги поминале границите на враќање! Им благодарам за прекрасното дружење, се надевам дека пак ќе се дружиме. Останаа уште многу неиспеани песни!
Текст: Никола Доновски
Фотографии: Никола Доновски
|
|