Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Шар Планина - февруари 2006

На 25 февруари.2006 година планинарите од ПСК Макпетрол учествуваа на акцијата - Смрека - Титов врв - зимска маркација - во организација на П.С.К. Трансверзалец.

Претходните денови времето беше врнежливо и тоа најверојатно беше причината што на акцијата не дојдоа многу луѓе, но сепак имаше околу 25 вљубеници во планините кои покажаа дека нивната љубов кон планините е поголема од моменталните временски услови.

На групата и се придружи и екипа од Хрватска - од Х.П.Д. Мосор кои остварија добар контакт со нашите планинари и заеднички одлично си поминаа.

Поради слабата видливост и ветарот беше одлучено да се оди само до антените на Церипашина (околу 2540м). Ветарот на моменти навидстина беше силен.
Половина час по нашето поаѓање назад кон П.Д. "Смрека" времето малку се расчисти, така да можеа да се видат Бакардан, Титов врв, Бориславец и други врвови.
Но, одлуката беше донесена и се вративме назад. Една група планинари : Марин, Ан, Марина, Ивана, Мето и двајца планинари од Хрватска се упатија кон Јелак и оттаму потоа до Смрека.

Вечерта помина во убава дружба и размена на планинарски искуства. Акција која ќе остане во пријатно сеќавање на оние што учествуваа на неа.


На антените (2540m) - сите се насмеани


На антените


Со знамето на Х.П.Д. Мосор


На антените


Антените - поглед кон Бакардан


Кон Јелак - Марина во преден план


Кон Јелак - малку сончање


Зимска разгледница


Домот Јелак во длабок снег


Одмор на Јелак - Мето


Скопје - групна фотографија на домаќините и гостите од Хрватска


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje