Алпи Австрија, Словенија, Италија Доломити - лето 2007
Извештај од целосно успешно изведената и спроведена планинарско
туристичка акција : Алпи x 2 –Доломити од 27.07 - 07.08.2007
(автор: Марин Стојановски)
Еве со кратко закаснување од оправдани причини го објавувам ова мое видување на штотоку завршената горенаведена акција со цел сите љубители и поклоници за ваков вид одмор да почуствуваат како тоа се реализира и остварува во живо, иако се беше запишано на хартија која секој од 25 учесници ја знаеше однапред.
План и организација на ПД Победа од Белград и водач Миланка, 25 планинари/ки, 2 возача, 1 убав, нов, климатизиран бус и водачи по успоните однапред ангажирани Словенци/ки кои стручно и мајсторски извлекоа максимум од сите планинари кои пак вечно за тоа ќе им бидат благодарни. Голема благодарност до Италијанската Амбасада во Скопје која во минута по 12 ни излезе во пресрет и ни даде визи на 6-рицата Македонци кои беа учесници во оваа акција и секој на свој начин даде свој допринос во реализацијата на истата. Морам да ги споменам и временските услови кои ни одеа постојано на рака, така да се ова долу опишаното и спомнато ќе беше делумно и сиромашно ако времето не беше наш најголем сојузник.
Пред поаѓање во Белград - сите во исти дресови
4400 поминати километри во бус од Скопје до Скопје., 6 држави (Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија /само во бус/ и Италија), 4 искачени врва на три различни планински масиви во 3 различни држави, посетени и разгледани градовите Белград, Грац, Салзбург, Венеција, Нова Горица, Љубљана, градчињата Малинц, Порторож, Пиран, Бохињско и Бледско Езеро, Шкоцијанска јама, Плитвички Езера, водопадите Кримл и Бохинска Бистрица и се ова за 12 ноќи од кои :
По 3 ноќевања во шатор и бус, во Студенски домови исто 3, Планинарски домови 2 ноќевања и една вечер или 2 до 3 часа ноќевање во предворие на тоалетен простор во камп под Доломитите во Италија.
Начин на исхрана по слободен избор, исто и за консумирање на течностите немаше ограничувања така да на крај на акцијава јас бев минус 2 кгр, а некој можда и во плус, без изгубени предмети, луѓе, пасоши, дефекти, ранци, опреми, без повреди сериозни но многу т.е. ПРЕМНОГУ НЕШТА ЗА ПРВ ПАТ, ПОЛНИ СРЦА, ДУШИ, ОЧИ, УШИ, КОИ ВЕЧНО ОСТАНУВААТ ВРЕЖАНИ КАЈ СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ОВАА АКЦИЈА. Многу нови другарства, научени нови нешта, корисни совети, трикчиња, полни апарати со фотки, многу смешни случки, досетки и СЕ она што прави повторно да се пријавиш на нешто слично во иднина.
<понатаму>
|