Алпи Австрија, Словенија, Италија Доломити - лето 2007
Извештај од целосно успешно изведената и спроведена планинарско
туристичка акција : Алпи x 2 –Доломити од 27.07 - 07.08.2007
(втор дел)
<претходен дел >
ХРОНОЛОШКИ ОПИС НА АКЦИЈАТА
27.07.2007 Од 11 часот сме во Белград, а во 20:15 од пред Соборниот храм СВ.САВА тргнуваме за Грац – Австрија сите облечени во исти маици, а најблиските Белграѓаните ги испраќаат. За кратко време скоро сите се запознаваме во бусот и почнува развој на нови другарства.
28.07.2007 09:00 Грац и обиколка на преубавиот стар, а нов, чист, тивок и спортски град преполн со велосипеди, зеленило и среќни луѓе кои живеат тука. Потоа се упатуваме кон зелениот Малинц во долина меѓу два планински масива, а пред него спој на овие масиви каде некаде високо е и нашиот врв Анкогел. Овде по кратката обиколка го подигнавме нашиот камп на 1200 м. каде нашите шатори беа први /се само приколки и трајлери/ во кампот кај познатиот, типичен Автријанец или Германец Хелмут, кој наплатуваше за се.
Центарот на Грац
Гратчето Малинц под Анкогел
Кампот во Малинц за време на дожд
29.07.2007 Будење, доручек, средување, мала паника или трема кај поединци бидејќи се оди на 3250 м што ќе биде личен височински рекорд за некој од нив. Кратко возење со бусот до 1283 м и укрцување во големи кабини од жичара кои собираат 24 луѓе и кои ќе не искачат на 2650 м. од каде до врвот има 600 м. висинска разлика. Во 11:50 првите од групата се веќе на врвот, а патеката е каменита и одлично маркирана со мало парче снег и мраз до врвот и пентрање како на Олимп во последнит дел до тие 3250 м., пристигаат и останатите, честитки па назад по истиот пат така да во 15.45 со жичарата повторно се возиме назад. Вечерта дожд, па прошетка и честење за успехот во тивкиот и празен Малинц. /идеално за санаториум/.
Излегување од жичарата на пат кон Анкогел
Првите снежни пречки
Долината на Малинц со поглед од високо
Врвот во облаци
Анкогел (3250м)
На враќање назад снимено од жичарата
<понатаму>
|