Алпи Австрија, Словенија, Италија Доломити - лето 2007
Извештај од целосно успешно изведената и спроведена планинарско
туристичка акција : Алпи x 2 –Доломити од 27.07 - 07.08.2007
(трет дел)
<претходен дел >
30.07.2007 Пакување по дожд, мокри шатори и луѓе,.пат за Салцбург, таму сонце, град МУЗЕЈ и не знаеш каде и во што да гледаш или фотографираш од многуте нешта кои вредат да се фотографираат. Сега сме во потрага по водопадот КРИММЛ за кој потрошивме многу време да го најдеме но ВРЕДЕШЕ, бидејќи сите не освежи, а некои и буквално наводени. Последица беше тоа што во кампот под Доломитите во Италија дојдовме во 02:00 часот наредниот ден т.е. 31:07. и одморивме во предворието на тоалетот како не би правеле галама меѓу заспаните во кампот со нашето монтирање на шаторите.
Салзбург со поглед од тврдината
Кримел водопадот
Кримел водопадот
31.07,2007 Во две навези со цепини, кациги, дерези, зимска опрема по глечер со неколку пукнатини надолжни кои требаше да се поминат, прескокнат, заобиколат па потоа демонтира се тоа бидејќи следуваше суво качување по карпа во тесен кулоар или полуцевка околу 200 м. висинска разлика со сајла долж целата вертикала на која со прусици се обезбедуваш за да на крај пред врвот повторно по снег стигнеме до тие 3342м. Браво за сите, насмевки, среќа, и констатација потешко од првит врв. Во исто врема спроти нас другата група од нашите го искачи врвот Пиц буе (3152 м) кој немаше ниту снег ниту глечер. Назад по истит пат 9 души во навеза па повторно со жичарата до браната на вештачкото езеро. Втората група 5 во навеза, враќајќи се назад имаа проблем кој вешто го решија и среќно затоа што Ненад падна во 8 -10 м. отвор на процеп во снегот па со познати алпинистички методи го извлекоа назад меѓу нив, така да Ненад слави нов роденден на овој датум, а помина само со гребаници од мразот по рацете. -- Кој сака може да го прочита Ненадовиот извештај за овој настан (на српски) - <тука>
Подготовка во кампот под Доломити
Премин преку браната на вештачкото езеро - напред глечерот кој треба да се искачи
На пат кон почеток на искачувањето
Поглед од жичарата кон спротивната страна
Врвот Пиц Буе (десно)
Пред самиот врв
На врвот Пунта Пениа (3342м) - првата навеза
Поглед од горе на преубавите Доломити
Задоволни и среќни вратени од искачувањето
01.08.2007 Венеција,туризам,0 м.н.в., море, гужва, сонце,, а вечерта на спиење во Н.Горица-Словенија во дом на прав вистински кревет.
Венеција
Венеција
Венеција
<понатаму>
|