Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Алпи Австрија, Словенија, Италија Доломити - лето 2007

Извештај од целосно успешно изведената и спроведена планинарско

туристичка акција : Алпи x 2 –Доломити од 27.07 - 07.08.2007
(четврт дел)

<претходен дел >


Прослава на Илинден во Нова Горица

02.08.2007 Празник, Илинден и наше честење на екипата вечерта, а денот бевме на бањање во Порторож на море и ПРВ ПАТ планинарите во купаќи заедно на плажа, па посета на величествената ШКОЦИЈАНСКА ЈАМА која на секого му ја препорачам да ја посети и и види како таму некаде 170 м под земја има 180м х 30м х 80м голема хала, тече река и многу, многу необични природни форми и фигури.


Порторож - планинарите во купаќи


Излез од Шкоцијанска јама

03.08.2007 Бохињско езеро, убавина, водопад од карпа извор на Бохињсака Бистрица па сместување во ПЛ.дом Војах на 690 м,одмор, состанок за утре и план за искачувањето на Триглав и поделба во две групи за тоа. Првата по напредната ќе стартува од 1015 м од пл. дом АЛЈАЖЕВ и ќе оди преку ПРАГ и скоро 90% од патот или околу 6 часа ќе изигруваме вид дивокози за да стигнеме до Пл. дом Кредарица на 2515 м, малку се освежиме со топла супа па потоа повторно во исти стил и на исти начин уште час ипол пентрање до врвот Триглав каде следуваше традиционалното камшикување за среќа, здравје и повторно доаѓање тука на оние кои прв пат се искачуваат на овој убавец.


Бохињско езеро


Бохињско езеро


Изворот на Бохињска Бистрица


Домот над Бохињ каде преноќувавме пред успонот на Триглав


Алајжев дом - стартот на триглавскиот успон - првата група

Втората група преку Рудно поле од 1400 м. и преку Водников дом (1800 м) стигнаа до Планика домот на 2408 м па кон врвот. Идеално време и пред врвот на гребенот се сретнавме двете групи за потоа сите заедно во една просторија преспиеме во Планика пл дом на 2408 м.н.в. Со тоа планинарскиот дел од акцијата 100% беше реализиран со напомена дека врвот Анкогел беше загревање,Мармолада најопасен, а Триглав нај спектакуларени и физички најзахтевен и повторно моја препорака е прва шанса да се искористи и појде на Триглав и види од близу како се тоа таму изгледа и функционира.


Триглав во позадина


Северна Триглавска стена


На пат кон "прагот"


На пат кон "прагот"


На пат кон "прагот"


Конечно сме на "прагот" - уште малку e домот Кредарица


Кредарица со Триглав во далечина (десно)


Од Кредарица кон врвот


Гребенот кој води до Мал и Голем Триглав


Гужва на патот


Триглав (2864м)


За арно - за убаво - за среќа

Значи на 04.08.2007 го искачивме Триглав, вечерта се отспавме на 2408 м. во домот Планика, за да на 05.08 се спуштиме во Рудно поле каде не чекаше бусот со возачите. Откако се средивме покрет и правец кон Бледско Ез. каде се честевме со супер езерско капење кое ептен се погоди по вчерашниот напорен ден, а поединци испливаа дури и до малото островче во езерото. На зајдисонце веќе бевме во Љубљана каде по сместувањето во студентскиот дом во центарот на градот следуваше ноќно разгледување на Љубљана со барање место каде да се вечера во 23.30 часот, бидејќи таму во тоа време скоро се е затворено.


Водников дом (1800м) - во позадина Триглав


Вратени од врвот во потрага по левата чорапа

06.08.2007 Имавме слободно време до 10:00 часот, а повеќето спортски продавници со богат и разноврсен избор и големи сезонзки попусти отвараат во 09:30 и на повеќе од екипата поради тоа им се плачеше но Плитвички Ез. не чекаат да ни покажат се она по што се единствени во светот. Групната влезница со попуст која изнесуваше 13,60 Евра прво изгледа голема но по поминатите пет часа таму е џабе во однос со например 6 Евра во Венеција за извозени 3 до 4 минути во јавен превоз на локално такси бродче. Околу 20 часот заврши обиколката на езерата, а со тоа и почеток на враќањето назад на исток кон Белград и Скопје. Се има свој почеток и крај ама сите од екипата како да сакаа бар уште малку да бидеме на овој дел од Европа, да искачевме уште некое врвче, да се брцневме уште малку во синиот Јадран, ама и ова што го видовме и реализиравме верувам дека ќе држи влага уште долго кај секого во екипата.


Бледско езеро


Планинарите повторно на бањање во купаќи - Блед


Љубљана


Плитвички езера

07.08.2007 Во раните утрински саати околу 04.10 часот стигнавме во Белград на истото место од каде што тргнавме но сега многу побогати со многу вредни нешта и се разделивме секој на своја страна со една единствена мисла:

Кога повторно пак заедно на некое друго вакво патување полно со многу, многу нешта доживеани и видени за прв пат.

Истиот ден во 16:00 часот со Млаз Богданци, кои се навистина професионални и брзи или најбрзи на автопатот стигнавме во Скопје точно во 22.00 часот.


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje