Планинарска вечер - 25 јануари 2014
Како и секоја година така и оваа година ја одржавме нашата традиционална планинарска вечер. На 24 јануари 2014 во ресторанот Журнал со своето присуство не почестија скоро 200 планинари и љубители на природата. Беше
како што е вообичаено многу весело. Тоа беше прилика да ги запознаеме присутните со нашите успеси во текот на изминатата 2013 година и да им ги изложиме нашите планови за 2014 година со збор и со печатена програма.
Каква беше атмосферата можете да видите од приложените слики. Добивме пофалби за организацијата и заложби за повторно организирање на вакво дружење. Ќе се обидеме повторно да се собереме и развеселиме некаде во мај месец. Им се заблагодаруваме на сите кои се одзваа на нашата покана.
Ви пожелуваме здравје, среќа и успеси во 2014 година!
Автор: Никола Доновски
Фотографии: Никола Доновски
|
|