Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Кораб - септември 2005

На 04 септември.2005 година планинарите од ПСК Макпетрол учествуваа на 14-то традиционално искачување на највисокиот врв во Македонија - Голем Кораб (2754m). На овој меѓународен настан учествуваа околу 1000 планинари од 17 држави од светот.

Од нашето планинарско друштво учествуваа следните планинари: Марин Стојановски, Трајче Панковски, Никола Доновски Влатко Ивановски и Влатко Трајчевски. Сите успешно се искачија на врвот.

Времето беше најчесто облачно иако повремено имаше кратки сончеви периоди. На врвот по малку подолго задржување стануваше ладно, па голем број планинари ставија ракавици, капи, јакни.

Времиња на минување (Трајче Панковски)
- 08:35 - 09:00 - од автобусите до караула Стрезимир
- 09:10 - старт од караулата
- 09:40 - бачило
- 10:17 - сртот со црвени камења
- 10:47 - изворче пред искачување кон Мал Кораб (Kepi Bard - 2589 m)
- 11:18 - почеток на спуштање кон котлината под врвот (Кобилино поле)
- 11:38 - подножје под врвот (околу 2300m)
- 12:00 - врв Голем Кораб (2754m)

Вкупно време на искачување од караула до врв - 2 часа и 50 минути - со 5 минути одмор кај бачилото.


Поголема слика.

Колоната се искачува

Поголема слика.

На пат кон врвот - Делчо, Драги, Николче, Буран, Трајче, Сашко

Поголема слика.

На врвот - Николчо, Трајче, Буран

Поголема слика.

На врвот групата од Кочани: Боки Мацано, Кире, Анче, Коле, малиот Боки, Ванчо Прошев, Благојчо Дикси, Методи, Сашко

Поголема слика.

На врвот - Сашко, Ана, Николчо.

Поголема слика.

На врвот - поголема група планинари.


Поголема слика.

На пострмните делови од патеката.

Поголема слика.

Карта на патеката

Поголема слика.

Профил на патеката


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje