Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Пелистер : Меморијален марш Димитар Илиевски - Мурато - 12 мај 2012


Мирна и топла вечер. Додека голем број млади луѓе се враќаат на спиење од добра петочна журка, ние го започнуваме новиот ден. Во организација на Петар Герасимов во 04:00 часот од бензинската пумпа на Макпетрол-индустриска тргнавме во нова планинарска авантура. Нашето одлично друштво: Петар и Тања Герасимови, Данчо Марковски, Тања Манчева, Светлана Стојаноска, Радосав Тасевски, Бранка и Зорица Илијевски, Билјана Костовска, Филип Филиповски, Панче Попоски го збогатија две кучина Барон и Бона. Се сe одвиваше според планот. Кога имаш одлични шофери патувањето е вистинско уживање. На стартот стигнавме на време доволно да може да појадуваме и да се припремиме за пешачење. Пред нас е предизвик од околу 26 км пешачење и висинска разлика од 1700 м.


поспани чекори на почетокот

Тргнавме во 07:10 минути. Времето беше одлично, облаци доволно колку да не заштитат од жешкото сонце. Се движевме по стандардната патека предвидена за маршот – Широка.


водени препреки

На почетокот од патеката немаше многу гужва. Си викам сигурно тргнавме во првите, ајде на враќање ќе биде врвулица од луѓе. Луѓе имаше доволно, но во годините кога сум идела јас имало многу повеќе.

Во првиот дел се движевме сите заедно како група. Беше доста интересно зафрканции, смеа, интересни моменти со кучињата, ладење со изворска вода. Водата оваа година ја има во изобилие како резултат од топењето на снегот кој оваа година го имавме во големи количини посебно по планините.

Коритото од чешмата сместена длабоко во шумата еден од нашите членови ја искористи како џакузи.

И дојде моментот на голем одмор крај ловечката куќа. Каснавме по некој сендвич, се освеживме со инстант кафе.


мал одмор - голем појадок

 

И дирекно по „рамното“ на Тања Герасимова до врвот.


"рамното на Тања“

Само што тргнавме и некако на Перо и на Данчо навистина им се виде рамно па се пуштија во еден здив да го искачат Пелистер. Тактички ги следеше и Тања Манчева.


прекрасните предели на Баба планина

Снегот оваа година се стопи порано. Немаше потреба од употреба на гамашни и друга зимска опрема.

Првите од нашата група Перо и Данчо на врв беа 10 минути пред 11:00 часот.

На врвот битолчани како добри домаќини не пречекаа со топло и вкусно чајче.

Камените блокови од задната страна на антена одма не привлекоа за да направиме уште некоја интересна фотографија.

Му оддадовме почит на Диме кај споменикот.

И патот под нозе....кон топлото гравче кое почна да ни мириса уште на врвот.

На враќење на седлото каде се спојуваат патеките од Големо Езеро и Ловечка ја сретнавме сестра и на Бранка со Бона. Бранка сеуште беше на пола пат до седлото. Ни кажаа дека не планираат да одат до врв. Решија да се вратат кај детското одморалиште и таму да кампираат.

На Копанки набрзо си ја вративме истрошената енергија со богат и заслужен ручек.

Занесени во добар разговор на заминување не забалежавме дека го нема Барон се додека не слеговме до Молика. Па ајде газдите се враќаа по него. Среќа што кучето е многу паметно и чекало таму каде што го оставивме. Набрзо сите се собравме, ги заменивме тешките чизми со лесни патики, ги спакувавме ранците. Во 18:00 часот, најадени, напиени, насмеани влеговме во возилото и тргнавме накај Битола.


Технички податоци:
Должина на патеката 26,4 км.
Висинска разлика (вкупен успон): 1700 м.

Автор: Светлана Стојаноска

Фотографии: Петар Герасимов, Радосав Тасевски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje