100 Miles of Istria Ultratrail - 10-13 април 2014
Четврток 10.04.2014 година ден после мојот 33 роденден, рано утро 7:00, звони мобилниот ме бара Тако (Александар Таковски): Спремен ли си? Тргаме ли? Спремен сум тргаме за 30 мин. Арно ама тој нема изведено патничко осигурување ја немам купено евра и ставено бензин, а заедно двајцата немаме доручкано и пиено кафе. Па поради сето погоре наместо да тргнеме во 7:30, тргнуваме некаде околу 9:20 часот. Нормално добро расположени, најадени, пиено кафе, во опуштена атмосфера, без навигација и навигациони системи, тргнуваме на пат од 1200 км, Скопје-Белград-Загреб-Умаг.
По неколку промашувања на патот но сеуште добро расположени стигнуваме во Умаг негде околу 23:30, следи пронаоѓање на куќата во која сме сместени. Најдовме, се сместуваме, сместувањето не е баш нај нај, ама кому му смета кога си патувал 15 часа, во 00:20 мислиш само на кревет.
Петок 11.04.2014 година, утро 08:00 часот, опуштено се припрема опремата, се договараме да одиме да подигнеме стартен број, да доручкаме, а после да го најдеме местото каде што ќе треба да престојуваме ноќта после трката. Ги завршивме формалностите, споделивме некој флаер за нашата трка, доручек покрај море, некоја слика во центарот, најдовме каде е сместувањето. Малку подалеку од центарот, но за разлика од претходниот смештај ова беше де лукс хотел со 5 ѕвезди, откако видовме каде ќе бидеме сместени ни се дигна малку расположението. Наближува 14 часот, Тако мора да оди, на АТП игралиште каде ќе ги чекаат автобусите кои треба да ги однесат до Лабин, 80-100 км далеку од Умаг. Таму ги видовме сите наши стари познаници Тања Стојановски, Леонтиќ, Среќко Гомишлак и жена му Мариета, Александар од Фрушка Гора, Владимир (Русинот кој на Тара беше втор) си разменивме по некој збор, флаери и чуда. Го испратив Тако, се поздравив со него, набрзо автобусите тргнаа и тоа е тоа.
Се вратив назад во Унгариа, село до Умаг не многу далеку од центар каде што бевме сместени, се обидов да дремнем, но едноставно адреналин не ти дава. Се спремив и заедно со нашите цимери Срѓан, Никола и Мира тргнуваме на АТП Игралиштето каде во 18:30 треба да не чекаат автобусите кои ќе не одведат до старт во Ловран, оддалечен 80-100 км од Умаг. Утовар во автобуси, и после час и пол, а можеби и два часа возење се наоѓаме на старт во Ловран. Се решив наместо ранец да носам бубрег од 8 л, кој има две шишиња вода од 0,6 л, и во кој сместив неколку гела, 2-3 пакетчиња електролити, резервни батерии за челната лампа, задолжителна опрема (прва помош и алуминиумско ќебе), челната лампа и шушкавец.
Старт со голем набој на адреналин кај сите, беа претставени фаворитите, особено фаворитите помеѓу домашните тркачи. Се обидував да бидам што порелаксиран, да не ме понесе атмосферата, и не ме понесе. Не се ложев многу, иако бев спремен за добра трка, цел ми беше време помеѓу 14-15 часа, со план да бидам умерен,да не се трошам во првите 52 км, делот кој требаше да е технички и полош, а да дадам се од себе во вторите 53 км, дел повеќе за трчање, дел кој по се повеќе ми лежи на мене.
21:00 старт следи искачување долго 8 км, со 1400 D+, се до највисоката точка на оваа трка Војак, на 1403 м.н.в., тукуречи две споени вертикали. Патеката води по низ градот, а потоа по скали се качуваш и качуваш, и качуваш, и можда пречекоривме илјада скали додека влеговме во шума, т.е. на патека која беше карпа и камен, суров терен, кој качуваше јак успон се до врвот. Долго време бевме низ град и под светло на градското осветлување, па немаше потреба да запалам челна лампа, а кога конечно ја запалив сфатив дека осветлувањето и е слабо и најверојатно батериите се пред крај но решив да продолжам со таква лампа и да не застанувам уште од почеток. Не се брзав, качувавме тежок успон, на тежок терен, а јас не бев ниту ни задишан, лесно и лагано нагоре, поминував луѓе еден по еден, иако тоа не ми беше целта. Уште на стартот осетив дека мојата одлука да трчам со бубрег, наместо со ранец е погрешна. Тежина на бубрегот дополнително ми ги оптоваруваше нозете, на квадрицепси и на задниот бутни мускули (под газот и околу газот). Но тоа сега не ми пречеше многу, се беше како треба лесно, умерено без брзање и бркање. Од време на време пиев вода, после еден час активност лапнав еден гел и тоа е тоа. Мачно искачување, прекрасно маркирана патека, и како награда за вложениот труд прекрасен поглед од Војак, кон целото крајбрежје под него.
Спуштав лагано како што кажував, набрзо дојдов до Поклон, втора контролна точка, набрзина лапнав една банана, дополнив вода во шишињата и пат под нозе. Таму беше Среќко Гомишлак од Словенија, ја чекаше Марјета, кога ме забележа, викна по мене ме поздрави, ме бодреше. Кој трчал ултра знае колку значи да го охрабриш некого во текот на трката. (Официјална статистика на организаторот: На Поклон сум бил за 1 час и 56 мин.)
Следеше качување до Вели Планик, па спуштање до Корита, па повторно качување до Орјак, се мачев со теренот, карпа, камен, остри спуштања на кои не можев многу да компензирам за спорото качување, но сеуште лесно се движев како на успоните, така и на спуштањата. Камењата и карпите беа лизгави, често се препнував, лизгав по нив, а на неколку пати и се исеков, изгребав. Суров терен, што да се прави. Освен ова проблем беше бубрегот кој го носев на половината, почнав да чуствувам како премногу ми ги замара нозете, се решив шишињата со вода да ги носам во раце, на тој начин некако да го олеснам товарот кој го носев. Но морав да ги чувам до врв полни затоа што следеа 20 км, во кои немаше освежителна станица. Се покажа како исправно, но дали беше доцна.Го поминав Орјак, следеше спуст, а потоа качување до Гомила.
Настана првата криза, беа поминати некаде околу 3 и пол часа од почетокот на трката, имав поминато, нешто околу 25-27 км, нозете почнаа да ми стануваат тешки, почна да ми се спие до таа мера што ми паѓаше мака, да не речам губев свест, но сеуште се држев. Ми беше ладно и стануваше уште поладно, здивот се гледаше кога издишуваш. Успорив малку, едноставно не можев побрзо. На Гомила ги заменив батериите на челната лампа, како да се препородив, конечно се подобро се гледа. На качување кон Гомила за првпат почуствував дека почнува да ме совладува замор и да ми се спие. Се спуштив доТрстеник (39 км), запрев и за првпат на трката, решив да направам пауза, се освежив со супа, Ц-витамин, некоја банана, па продолжив понатаму.
Следуваше качувањето кон Жбевница, ова качување ми беше тешко, на очи сон, на нозе олово, губев свест на моменти, мижев и не се сеќавам најдобро на случувањето во овој дел од патеката. Единствено што знам е дека на качување конЖбевница, за првпат таа вечер почнаа да ме поминуваат други тркачи, првпат таа вечер не ми беше воопшто мило што гледам луѓе во моја близина. Сакав да појачам, но не можев, се движев како во сон, како под дејство на халуциогени материи, дополнително имав мачнина во стомакот, си реков мора да е од геловите, лапнав само два, ама тешки се бре човече не е прв пат да не ми ги поднесува стомакот. Се прашував, криза, зошто баш сега, толку рано во трката, почнав емотивно и душевно да пропаѓам со секој тркач кој ме поминуваше. Почнав да се нервирам, анализирав, но се потешко ми беше, нозете стануваа се потешки, очите се повеќе се склопуваа, ми се спиеше како никогаш до сега. Се нишав, тетеравев лево, десно. Мачно ми беше, помислував да се откажам, крив ми беше патот од 1200 км, бубрегот кој ми ги оптерети нозете на успонот на почеток од трката, криви ми беа маратонот од пред три недели, и полумаратонот пред само една недела, криви ми беа вреќите (шунд, песок, малтер) кои ги симнував и качував по скали дома во последниве три недели приморан заради реновирањето. Барав вина во неколкуте претходни ноќи кои ги поминав со малку спиење, без одмор човек едноставно не може, истрошен сум, уморен сум, јас оваа трка нема да ја завршам. Но срамота, како човек да помине 1200 км за трка и да не ја заврши, па не е многу само 105 км. Само уште 60 км, најтешкото помина. Уште колку? Уште 60 км, уф многу у ваква состојба не можем да стигнем ни до 52 км. Треба да се откажам, за срамота сум, ама едноставно сите обврски и сите тие трки и се друго едноставно оставија белег, замор е во прашање. Конечно Жбевница, се качив, но не знаев повеќе каде се наоѓам, секоја минута ме поминуваше по некој, следеше спуштање, најпрвин по трева и земја, а потоа пак карпи и камења, налет нека е, во ваква состојба уште и ова. Во овој дел за првпат почуствувам болка во десното колено, уф готово е со мене, ако до сега немавоправдание за да се откажам, еве ми го алибито, болка во колено, повреда. Веќе не одев се влечев, на места дури и легнував за да можам да ја спуштам карпата, правев разно, разни гимнастики, газев повеќе на лева нога, секое превиткување на десното колено, морав да викам од болка, ме поминуваа тркачи, никој не ни застана, никој не праша. Толку од тркачката солидарност, никој не помага, си помислив на некој да му побарам штека за да може да се потпирам на неа, но од кого да побарам кога никој не ме ни праша што ми е, и дали сум во ред, а јас повеќе не можев ниту да одам, секое газење со десната нога беше ужасно болно, викав и викав, но продолжив. Ми дотекна дека сум во шума и дека таму дала природата полно штеки, излегов малку од патеката во шумата најдов едно дрво, си направив штека, и продолжив со колот-штеката во раце. Луѓе ме поминуваа и се чудеа, но никој не праша. Ни колот не помогна многу ме болеше, замор, потреба за сон, конечно повреда, е у пичку матер зар мораше и ова сега, повреда. Ок, сега барем нема срам и ако се откажам, повреда била во прашање.Лупав со колот по чат-пат некое дрво кое ќе се појавеше по патот чисто ради да заборав на болката, да ми исчезне нервозата. Ајде полека до Бузет 52 км, пола трка, таму има топла храна преоблекување, замена на бубрегот со ранец, нови полесни патики, и се надевам фиксирање на коленото со завој или трака после кои ќе можам да продолжам. Одев со часови, полека, лазев, легнував се превиткував, се со цел да не газам на десната нога, теренот никаков најлошиот спуст на трката во отприлика 2 км се спушта 500 м D- , се по карпа.
Конечно некој ми проговори, „шта је,шта ти је?“ му одговорив коленото, изгледа отиде курбан по карпине. „Не жури, само лагано близу је Бузет“– ми одговара гласот. Нема кај да идем не брза до Бузет и толку од трката за мене- му викам. Продолжив лека полека, цупкајќи на една нога и со колот во раце, конечно населено место, о не па тоа не било Бузет, проклето да е, па каде е овој Бузет. Стигнав сите ме гледаа со чудење зошто со кол во рака.
Во кантината топло, полно со луѓе, имаше можеби 30-40 тркачи, побарав лекарска помош, дојде една повозрасна г-ѓа ме праша што и кажав, ми одговара го имам само овој маст да ти го ставам, и ми става маст. Проклетство си викам, ја очекувам лекарска помош, а таа ми дава само маст. Се пресоблеков, се средив, нови патики, полесни, нови чорапи, краток шорц, нова маица, лапнав малку ориз, леб и нутела, кока кола, ми дојде подобро, бев свеж. Надвор зазори веќе беше ден, челна лампа нема да ми треба, ќе се појави сонце. Одморив уште малку и тргнав. Тргнав охрабрен и без колот, но каде по ѓаволите, десното колено воопшто не ни можев да го превиткам, боли како лудо, повеќе од претходно, ако и можев малку, малку да идам, сега и тоа не можев. Поминав 500-600 м, се вратив назад во кантината, ја барам г-ѓата, и викам те молим, како бога те молим, најди завој лента, било што и фиксирај ми го некако коленото, мора да дојдем до цел. Ме гледа чудно, потоа најде завој, ме преврза, ми го фиксира коленото и ми вика ова нема да ти помогне, башка залепено е со лепенки, ќе се одлепат што се испотиш. И викам па ја последни 2-3 часа на оваа трка не сум се испотил воопшто, каде да брза и да трчам со вакво колено, ќе идам полека. Се поздравив и кажав фала и заминав, излегов од Бузет, за првпат на трката го утнав патот, но не беше страшно, наместо да тргнам по патеката за 105 км, тргнав по патеката за 100 милји. Ха се насмевнам, ова е некој знак дека сеуште можам и сеуште сум жив.
Пешачев малку и полека по полека силата ми се враќаше, не ми се спиеше, нозете ми станаа лесни, сега уште да не беше болката во коленото се ќе беше супер, ќе појачав, па види го теренот каков е како дома, трева ливади, шума, лесни и средни успони, прекрасни за спуштање надолнини. Ми досади да кукам и викам, да барам изговори, се појави лесен успон, си реков идам ја, и му ја летнав, болеше коленото, ама и ја го болев него, после некој 500 м, лека полека ја снема и болката во коленото, не ни забележав кога, и почнав да форсирам што можам појако, веќе немаше каде, се спасува честа. Жив или мртов ќе стигнам на цел, доста ми е да ме поминува секој, доста ми е да се влечам, доста ми е оваа агонија, нека заврши побрзо. Летав, брзо одење или лесно трчање на нагорнините, лесно не пребрзо спуштање на надолнините, летав повторно се осетив жив. Ха почнав и да поминувам луѓе, сите се чудеа, ме гледаа како се влечам, како одам со кол, сега сите ме прашуваа како е коленото, ми одговарав или ја ќе го однесем коленото во пеколот или тоа мене, како сака нека е, агонијата повеќе не се трпи. Секое поминување на некој тркач ме правеше уште посилен, уште појак, уште пожив.
До тој момент не трката немав пиено, електролити, имав лапнато само два гела, и се ми се чинеше дека од нив ми беше тешкото, решив да пијам само чиста, вода и да лапа само леб со нутела, еветуално кока кола и портокал како освежување. Така и беше се до крај, и се чуствував одлично, никогаш не осетив мака, тешко во стомакот или болка, не почуствував потреба од нешто повеќе, редовно мочав и мочката беше сосема во ред ни бела, ни кафеава.
Летав и се чуствував повторно жив секој чекор поминував по некој од оние кои ме поминуваа во најтешките мигови, кога ги поминував се чуствував како да сум им се осветил за некој грев што ми го сториле.
Стигнувам на Опртаљ 71 км, остануваат уште 34 км, во кантината 5-10 тркачи, воопшто не се задржувам, дополнувам вода, парче две лебче со нутела, кока кола и портокал, и си заминувам. Се сретнав со Владимир, беше зачуден што сум се вратил, што сум се опоравили што толку бргу си заминувам, се поздравивме и заминав.
Теренот сеуште беше убав, спуштав, и наеднаш некаде пред Завршје наредната контролна точка се појави река, а бидејќи немаше ниту мост, ниту камен за преку неа да се помине, неколку тркачи од Австрија се чудеа како да ја поминат. У наш стил, си седнав на земја, си ги соблеков патиките и чорапите и цапа, цупа, си прегазив со боси нозе преку реката, ладната вода за сите пари ми ги освежи, нозете, неверојатно многу се радував. Се е исто како дома, како во Македонија. Неколку километри подолу веднаш после контролната точка уште една река, имаше неколку поредени камења за да се прерипа преку нив. Ха се насмевнав, си ги соблекувам повторно чорапите и патиките и повторно газам бос преку реката, ладната вода е мелем за нозете на ултрашот, будала да си да пропуштиш ваква шанса за освежување за време на трка. Неколку тркачи во близина повторно ми се чудат, но што е битно тоа, мене ми е супер почнав да уживам во тркава, се ми беше погодено, брзав напред да поминам што може повеќе тркачи, да надоместам што сум изгубил додека болував, да си ја спасам честа. Но повторно заплет, непосредно пред Грожнјан (83 км) почна да ме боли другото колено, сега левото, осетив дека не е меко ткиво се работи за зглобот, уф, какво сум ти ја среќа, таман се оправи работава. Газам, трчам, форсирам, ама боли и тоа се повеќе и повеќе.
Стигнав на Грожнјан (83 км), прекрасните волонтерки, додека јас полнев вода, ми донесоа, еластична завој трака и ми помогнаа да ги бандажирам двете колена, сега фокусот беше на левото, левиот зглоб на коленото.
Од Грожнјан, до крајот следеше рамен макадам пат долг 6 км, а потоа следеше контролна точка Трибан, па 5 км подолу доаѓаше градот Бује претпоследната контролна точка која се наоѓаше на 91 км. Овој дел во должина од 11 км цело време го трчав, беше рамен пат со ниски успони, така што тука веќе не се штедев газев, заборавив на левото колено, кое болеше се повеќе и повеќе. На секоја освежителна станица земав една две кришки леб со нутела, кока кола и парче портокал, сето тоа ми даваше енергија и истовремено ме освежуваше, ниеднаш не се задржав повеќе од 2-3 мин.
Од Бује патеката кон Витанија (100 км) следната контролна точка поминуваше низ полиња, и се беше толку рамно, и таман си помислил дека полето ќе заврши и ќе се префрлиш на друг дел каде има нешто друго, патеката повторно те враќа кон полето. Толку беше досаден овој дел од патеката, што повремено си помислував дека некој намерно за да се зеза со нас ја правел патеката во змијовидна форма да се прекршува долж полето и никогаш да не заврши, на 2 км од Витанија, левата нога веќе очајно ме болеше, почнав повремено да пешачам за да ја одморам, но не помагаше. Почнав да се нервирам што ја нема таа Витанија, трчав и одев ми се чинеше со часови но ја нема Витанија. Одвреме навреме ќе здогледав друг тркач пред мене ќе се мотивирав да го стигнам, но колку јас да сакав ногата не даваше. Едвај стигна до Витанија, остануваа само уште 5 км до целта, за да се мотивирам си поставив цел да стигнам под 17 часа, но левото колено не попушташе, ме фрлаше во очај. Комбинирав малку трчање, малку одење, па пак трчање, но сето тоа траеше до бескрај, Умаг се гледаше но сеуште беше далеку, видов двајца пред мене се обидов да се мотивирам да ги стигнам, но не одеше. Некаде на 1-2 км од целта, многу блиску до влезот во градот Умаг, ме поминаа двајца кои имаа баш добро темпо. Двајцата кои беа пред мене видов дека се во тешка криза едвај одеа не се ни обидуваа да трчаат, целата ситуација двајца ме поминаа, ама можам и ја да поминам двајца, ме мотивираше, стиснав заби и почнав да трчам, левото колено болеше, па се обидував да трчам превиткан и со пренесување на товарот на десната нога. Не ми одеше никако, но решив да трчам до цел без оглед на болката, сепак целта не беше далеку. Ги поминав двајцата пред мене и добив мотив, целта се приближуваше, и конечно успеав, ја поминав целта, им дојде крајот на сите маки, на сета агонија, на борбата сам, против себе. Завршив за 17 часа и 12 мин. Според официјалната статистика на трката и покрај болката, патеката од Опртаљ (71 км) до Бује (91 км), во должина од 20 км, сум ја поминал за 2 часа и 44 мин., патеката од Бује (91 км) до Умаг (цел-105 км) во должина од 14 км сум ја поминал за 1 час и 52 мин.
Воопшто не бев уморен или истрошен како на други трки, немав никаква болка, грч во мускули, ниеден дел од моето тело не беше укочен, ми беше криво што заради повреда на колената, не успеав да се истрошам како треба и да ја остварам зацртаната цел да се помине патеката за 14-15 часа. Но тоа е тоа да помина ‘ рскавицата на левото колено ќе има и догодина трка, ќе има и други трки.
Веднаш по пристигнување на цел се слушнав со Тако, ми кажа дека е некаде пред 110 км, дека го боли десната нога и дека ќе се откаже. Се обидов да го мотивирам, но се можев да почуствувам дека му е навистина тешко, на крај му реков твоја одлука е, ти како што ќе си решиш. Додека се туширав, хидрирав и средував Тако си дојде. Следеше добра лапачка after party организирана од организаторите на трката, а потоа и ние со цимерите си направивме слична забава со паста и пиво.
Наредниот ден го чекавме доделувањето на наградите, а потоа го фативме патот под нозе, во Скопје стигнавме во 03:30 часот во понеделник.
Мој впечаток е дека оваа трка беше најдобро и професионално организираната трка на која сум учествувал, особено заради маркацијата, која беше идеална за ноќни услови. Знаменца ниско по земја поставени, на кои имаше флуоросцентни коцки, беа поставени на секои 50 м. Нема шанса човек да промаши на маркација. Освежителните станици имаа се и сешто, можам слободно да кажам дека ништо не недостигаше, освен соодветна медицинска помош. Иако вредните волонтери и волонтерки се потрудија и тоа да го надоместат колку знаат и умеат. Бруталната патека во првиот дел ги уби моите колена и ме оддалечи од успех, но се гледаме и догодина. Знам дека сите сакаат слики од теренот, но за жал јас додека трчам не сликам, си имам други борби, поради што длабоко ви се извинувам на сите.
Автор: Александар Симјаноски
|