Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Шар Планина : Љуботен (2499 m) и Пирибег (2524 m) - 12-13 ноември 2011

Традиционалната акција - искачување на врвот Љуботен оваа година беше организирана како помасовна акција со учество на планинари од повеќе планинарски друштва - со тоа што носители на акцијата беа ПСД Макпетрол и ПД Трансверзалец. Искачувањето на овој врв се поврза симболички и со денот на ослободување на град Скопје - 13 ноември - бидејќи врвот Љуботен се наоѓа во грбот на градот Скопје. Во неделата во акцијата на искачување на Љуботен учествуваа вкупно околу 70 планинари.

Веќе една недела пред традиционалната акција - искачување на Љуботен, помеѓу дел од членовите во нашето друштво падна договор за спиење во шатори. Во сабота сабајле од Скопје тргнавме Јас - Светлана, Ања, Тања и Александар. Ние бевме првата група која ги носеше шаторите, останатите дојдоја вечерта.

Шаторџии бевме 2 групи женска: Светлана Стојаноска, Ања Бубања и Тања Манчева и машка група: Александар Буцевски, Ѓоре Ѓорѓиевски и Петар Герасимов.


Местење на шаторите

Вермето беше суво и прилично ладно зачинето со јак ветар.

Во саботата како што минуваше денот така се повеќе се полнеше домот. Вечерта во трпезаријата имаше луда журка со распеани и поднапиени луѓе. За среќа го преживеваме тој дел и дојде времето за спиење.

с
се спремно за спиење

Како минуваше времето беше се поладно и поладно, а ноќта се подолга и подолга...

Некако дочекавме да дојде 5 часот и оп вратата од домот заклучена, нема пристап. Правило број 1 ако спиеш во шатор тогаш спиеш во шатор - дом нема.

Првата група која тргна накај Љуботен и Пирибег броеше седум души, тргнавме во 05:50 ч. Останатиот - поголем дел од планинарите ќе појдат од домот нешто подоцна. Исто така од Скопје беше појден рано утрото еден автобус полн со планинари.


Рано наутро

Како се качувавме нагоре така се повеќе се загревавме и почнавме да забораваме на утринскиот студ.


со месечината

Некоја минута пред 08:00 часот стигнавме на врвот Љуботен. Пред да тргнеме да слегуваме накај Козја стена се договоривме со Ања Бубања, која не беше расположена да продолжи понатака, да слегува надолу и заедно со Дражен кој сеуште не беше качен на врв да се вратат во дом.

 


Љуботен 2499 м.н.в.


планинари од втората група на врвот Љуботен - силен ветар

Како го слеговме Љуботен од неговата пострмна страна, патеката не водеше дирекно по срт, неверојатни пејзажи и чист видик поради силниот ветар.


на слегување од Љуботен

Одлично друштво, насмеани лица. Ајде да се сликаме овде, ајде онде ќе застанеме има убав поглед и се така ја впивавме целата убавина која ни се пружаше.


врвот Љуботен - западниот срт со Козја Стена (десно)


тристраната пирамида на врвот Љуботен со облакот над него


Ливадичко Езеро како срце


долги нозе

Вака-така, уште ова брдо уште она брдо го истеравме и Пирибег.


Пирибег 1524 м.н.в.

На Пирибег се сретнавме со Мики од Тетово кој беше со втората група која од под Козја стена тргнаа накај Прибег и од Пирибег накај Беловиште.


весела дружина

Враќањето го испланиравме да биде по истата патека до Козја стена и потоа под неа по сипарот до планинарскиот дом Љуботен. Да ги спаковаме шаторите, и да продолжиме за Старо село.


Козја стена

На враќање на врвот кај Ливадичко Езеро ја начекавме Ања. Најпрво здогледавме човек во далечината, на наше големо изненадување тоа беше Ања. А на уште поголемо изненадување ни кажа дека со неа некаде тука на планината бил и Дражен тргнале по нас, но после некое време се разминале и Ања не знае каде заминал.


со маглата

Ајде врти се, мисли се што да се прави, едни тргнавме побрзо, други забавија за да се распределиме да го најдеме. Не знаевме дали тргнал назад или продолжил до Пирибег. А, Дражен како што јас дознав си се качил на Пирибег и си тргнал полека назад.

Добро е штом на крај се добро се заврши, Но додека дојде моментот добро да се заврши некои од нас мораше да го променат планот за тој ден.

ПОУКА: Кога се договара со групата дека дел од луѓето во групата го менува планот на движење, треба сите да се придржуваат до тој договор и без консултација и известување на останатите да не се носат одлуки на своја рака за кои после се доведуваат во непријатна ситуација сите од групата заедно. И мое лично мислење кога човек гледа дека неможе да се прилагоди со темпото на сите останати во една група треба да знае да донесе одлука со која нема да се загрози прво неговата безбедност на планина а потоа и безбедноста на останатите луѓе.


Технички податоци :

Должина на патеката : 38 km за двата дена
Висинска разлика (вкупен успон) : 2400 m



3D GPS-регистрирана патека - од домот до врвовите и назад до домот


профил на патеката од пл.дом Љуботен до врв Љуботен, Пирибег и назад до пл.дом


Автор: Светлана Стојаноска

Фотографии: Тања Манчева, Ѓоре Ѓпргиевски, Петар Герасимов


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje