Олимп - септември 2004
Од 23.09 до 26.09 2004 година планинарските друштва "Макпетрол", "Трансферзалец" и "18 август" организираа посета на Грција - Метеора, Олимп, Пела.
Од П.Д. "Макпетрол" учествуваа 17 членови: Љубинка Аргировска, Цветанка Николовска, Илинка Лазаровска, Блажо Лазаревски, Родна Палевска, Милан Палевски, Оливера Николовска, Цвета Кузиновска, Никола Доновски, Слоботка Крстевска, Љубомир Крстевски, Марин Стојановски, Љупчо Ацковски, Васко Стружанчев, Трајче Панковски, Владо Костадинов и Занко Костадинов.
Прв ден - Петок:
Појдовме од Скопје во 22 часот. Вториот автобус од Скопје појде во 24 часот. По нешто подолго задржување на граничниот премин "Богородица" пристигнавме на Метеори рано наутро. Причекавме околу еден час да ги отворат манастирите за посета. Во меѓувреме пристигна и вториот автобус. До околу 12 часот ги разгледувавме манастирите - Големи Метеори и Варлаам.
Метеора - Варлаам
Метеора - Големи Метеори
Со мало попатно застанување на шопинг во близина на Лариса, пристигнавме во Олимпик Бич.
Бевме сместени во три вили.
Попладнето - капење во морето.
Поглед на Олимп од Олимпик Бич
Втор ден - Сабота:
Станување во 5:30 (отсега само грчко време). Поаѓање - оние што сакаат да се искачуваат - во 6:10. За останатите беше организирана посета на Катерини. Најголемиот дел од групата отиде со автобус до Приониа, од каде го започна искачувањето.
Помала група од 5 планинари се симна малку порано на местото Gortsia (1100m) и оттаму го почна искачувањето.
Морето рано наутро од околу 1200m
Мапа на Олимп со патеките на двете групи
Тура 1 - од Prionia:
Искачување на група од 14 планинари до планинарскиот дом Refuge A - Spilios Agapitos (2100 m). Дува ветар. Четворица планинари: Влатко Ивановски (21), Тања Ефтимова (28), Дамјан Павловски (26) и Кире Трпчевски (53) - продолжуваат и го освојуваат врвот Scala (2866 m).
Од Prionia до домот Refuge A се искачуваат за 2h 20min, а од домот до Scala за 1h 30min. Горе дува силен ветар и видливоста е слаба.
Враќање назад кон Prionia од домот заедно со втората група околу 14 часот. Пристигање во Prionia околу 16 часот.
Scala (2866 m)
Тура 2 - од Gortsia:
Искачување: 7:00 - Gortsia (1100m); Barbas (1450m); 8:30 - Petrostruga (1940m); - 10 мин. пауза на околу 2200 m; 10:00 - Skourta (2475m); 10:30 Плато на музите (2600m); 10:50 - Refuge S.E.O - Y.Apostolidis (2697m); - пауза 20 мин - чај и облекување потопла облека, бидејќи дува ветар; Zonaria; 11:55 Mitikas (2918m). Последниот дел (25 мин.) во алпинистички стил.
На врвот дува силен ветар. Се потпишуваме и фотографираме. Наскоро почнува да роси дожд. По 15 мин. пауза почнуваме со спуштање кон Scala.
Спуштање: 12:10 - Mitikas (2918m); 12:47 - Scala (2866m); 13:40 Refuge A (2100m) - се среќаваме со другата наша група. Бидејќи повремено врне дожд, - правиме групна фотографија и по 10-15 минути поаѓаме надолу; 15:20 - Prionia (1100m) каде го чекаме автобусот. По еден час пауза, една група од 7 планинари се спушта до манастирот Св. Дионисиј и до пештерската црква (760m) по текот на живописната планинска река Enipeas. По 1час и 25 минути се искачуваме на патот кон Литохоро. Автобусот со останатите пристига по 5 минути чекање.
Екипа: Синиша Алексовски (47), Марин Стојановски (46), Зоран Костадинов (45), Трајче Панковски (43) и Влатко Стојановиќ (15).
На патот до манастирот Св. Динонсиј учествуваше уште Васко Стружанчев (Vasilis Kakalos), Влатко Ивановски, Горан Николовски и Димитар Чичов.
Mitikas (2918m)
Групна фотографија на домот Refuge A - S. Agapitos (2100 m)
За уште слики - притисни >>> тука <<< .
По враќањето од Олимп - капење во морето.
Трет ден - Недела:
По утринските прошетки и капење - околу пладне поаѓаме за Пела. Еден час разгледување на археолошкото наоѓалиште и музејот на античките македонци.
Враќање во Скопје.
|