Во недела - 20 јули 2014 година малото и живописно село Беличица беше центарот на еден интересен настан - нешто што за прв пат се одржува во овие предели - натпревар во планинско трчање (trail running) наречен BM Trail 2014 - Беличица - Меденица - Беличица. На повикот за учество се одзваа 50 натпреварувачи и уште околу 15 планинари. Временските услови за одржување на натпреварот беа идеални. Убавината на природата како да им ја олесна маката на натпреварувачите па тие на целта стигнуваа уморни но сепак со озарени лица - среќни што ете - повторно успеале да направат нешто ново и да се надминат себе си. Се на се - голема група на позитивни луѓе овој ден ја оплеменија планината а верувам и таа нив.
Дел од екипата пристигна во саботата - десетина луѓе - за да се провери уште еднаш патеката, да се дочистат и маркираат некои делови а и да се направат други подготовки. Важно беше исто така да се организира транспорт на донираната Горска Вода до врвот Меденица. Со помош на љубезните домаќини од НП Маврово и од овчарите од бачилото Говедарник - и таа работа беше успешно завршена.
Макпетрол - одржувачи на планински патеки :)
на пат кон бачилото Говедарник
во саботата на врвот Меденица облачно и малку ветровито
овчарите од бачилото Говедарник со Горска Вода на врвот
Вечерта престојувавме во старото школо - сега тој објект се пренаменува во планинарски дом и за него се грижи ПД Македон. Двајца си поставија и шатори. Во весела атмосфера, со скара и приготвените свежи печурки, по некое пивце - убаво мина вечерта.
Беличица е место во кое нема постојани жители - доаѓаат неколку фамилии само за летните месеци. Место со прекрасна локација и со богата и херојска историја. Ако се направи поголем паркинг пред селото и малку да се очистат гранките на пристапниот пат од Трница - овде често може да има многу туристи - дека оваа убавина што се протега од селото па нагоре во планината - го заслужува тоа.
Следното утро веќе од околу 8 часот почнаа да пристигнуваат првите возила - главно од Скопје но имаше и натпреварувачи од Прилеп, Охрид, Велес, Штип. Ни дојде и Amy - американка која е само 10 дена во Македонија и со тоа и даде интернационална нота на манифестацијата. Околу 8 судиите Буце и Владо се упатија од страна на патот за Галичник кон нивната контролна точка - врвот Меденица. На стартот се делеа стартните броеви. Малку пред стартот се кажа нешто за патеката. Малку после 10 часот стартуваше трката - 49 натпреварувачи стартуваа. Планинарите појдоа отприлика еден час порано.
дел од натпреварувачите пред стартот
стартот на трката
имаше доста "градски тркачи" од SNR а и неколку алпинисти
Патеката во првиот дел се движи низ една убава шума по прекрасна широчка шумска патека а пооа излегува на поотворен простор - прекрасниот Суви Дол - место оградено со високи елки а во средината дебел тепих од трева и цвекиња. Добро де - има и коприви - но патот беше пробиен да може натпреварувачите безбедно да трчаат. А малиот нагиб овозможува убаво трчање нагоре. Потоа се издигнува патеката до Сенечкото езеро кое е речиси без вода но има тенка зелена скрама како прекривач. Оттаму се навлегува во попланински дел главно покриен со трева, на места висока трева. Понекогаш се оди по тесна патека, но понекогаш патеката се губи и се оди преку трева. Можеби маркациите требаше уште почесто да се ставаат - нешто што ќе го корегираме следниот пат - за да може уште полесно да се ориентираат тркачите на теренот. Ќе се обидеме и да најдеме малку поинаков пристап за да го намалиме делот од патеката каде се гази странично, што на поголем број од натпреварувачите им пречеше, а на некои им предизвика плускавци на стопалата.
ливади, ливади...
победникот на трката Бонев пред врвот Меденица
поголема група натпреварувачи на врвот Меденица - највисокиот врв на Бистра
Времето беше малку облаци, малку сонце - потоа нешто повеќе сонце што кон крајот на искачувањето предизвика зголемена потреба за вода кај оние кои од стартот тргнаа со мала залиха. На врвот се делеше по едно шише од 0,5 литри вода што се покажа во вакви временски услови недоволно, па следниот пат и тоа ќе го корегираме. За жал покрај апелот да не се фрлаат празни шишиња - беа забележани неколку такви случаи - па некои од посовесните тркачи на целтс стигнаа со по неколку празни шишиња во рацете. Ги молам сите натпреварувачи во иднина да бидат максимално одговорни и да не ја загадуваат природата.
Назад по истата патека. Најбрзите летаа надолу. Кај оние што беа поназад преовлада тимскиот дух и помагањето на оние кои за прв пат се соочуваат со ваков предизвик. Тие нешто побавно, но уживајќи максимално во природата се вратија назад. Некои дури и собраа по некој букет планинско цвеќе / чај.
на пат надолу
преубавите питоми падини на Бистра
Марјан Бонев - прв на целта
Марија Богдановска (лево) - прва од жените
весели и среќни трчаат кон целта - SNR
Прв на целта пристигна Марјан Бонев со време 2 часа 53 минути и 48 секунди. Само околу 50 секунди по него притигна Жикица Ивановски, а по 3 минути пристигна и третопласираниот Срѓан Милошевски. Кај дамите прва беше Марија Богдановска со време 4 часа 12 минути и 25 секунди, само четириесетина секунди пред втората Amy McGoldrick. Трета беше Тања Манчева. Подолу е прикажана комплетната листа на финишерите со време на врвот Меденица и време на целта.
победничките на BM Trail 2014
домаќинката од селото - Тамара Брајковска им ги доделува медалите на машките победници
групна слика за на крај
Ова прво - навистина пробно издание на оваа трка помина одлично - навистина ги надмина очекувањата. За следната година ќе се обидеме уште подобро да го организираме настанот и да се појават на стартот повеќе натпеварувачи. Благодарност до сите што го помогнаа настанот, а особено до волонтерите кои учествуваа во чистењето и маркирањето на патеката - дека без нив овој настан немаше да биде можен.
poz |
poz kat. |
ime i prezime |
KT1 |
Finish |
team |
1 |
1 M |
Marjan Bonev |
1:34:53 |
2:53:48 |
TREX |
2 |
2 M |
Zhikica Ivanovski |
1:39:30 |
2:54:39 |
TREX |
3 |
3 M |
5rdjan Miloshevski |
1:36:02 |
2:57:40 |
AK Izgrev |
4 |
4 M |
Vlatko Velickovski |
1:40:00 |
2:02:02 |
SCM |
5 |
5 M |
Jovica Jovancev |
1:40:00 |
3:17:56 |
TREX |
6 |
6 M |
Kristijan Ristovski |
2:00:05 |
3:39:42 |
|
7 |
7 M |
Jordan Atanasovski |
1:45:10 |
3:41:34 |
TREX |
8 |
8 M |
Dejan Krle |
2:02:43 |
3:42:48 |
|
9 |
9 M |
Sasho Jakovleski |
1:35:08 |
3:51:16 |
|
10 |
10 M |
Borche Miloskovski |
2:01:52 |
3:54:49 |
TREX |
11 |
11 M |
Igor Pirkovski |
2:02:20 |
4:02:06 |
TREX |
12 |
12 M |
Ivica Mitrovski |
2:03:56 |
4:11:12 |
|
13 |
13 M |
Petar Gerasimov |
2:13:36 |
4:12:24 |
TREX |
14 |
1 F |
Marija Bogdanovska |
2:12:35 |
4:12:25 |
|
15 |
2 F |
Amy McGoldrick |
2:12:55 |
4:13:10 |
|
16 |
14 M |
Vladimir Andonoski |
2:09:55 |
4:17:21 |
|
17 |
3 F |
Tanja Mancheva |
2:17:20 |
4:27:14 |
TREX |
18 |
15 M |
Aleksandar Zarapciev |
2:08:48 |
4:35:17 |
AK 8 |
19 |
16 M |
Angel Kurtelov |
2:09:27 |
4:35:17 |
AK Patagonija |
20 |
17 M |
Dimitar Popovski |
2:14:00 |
4:43:38 |
SNR |
21 |
18 M |
Kire Dimoski |
2:15:15 |
4:43:38 |
SNR |
22 |
19 M |
Vlatko Jakimoski |
2:12:36 |
5:10:18 |
AK Rabotnicki |
23 |
20 M |
Dejan Petkov |
2:12:36 |
5:10:19 |
|
24 |
21 M |
Arian Jusufi |
2:19:20 |
5:14:45 |
SNR |
25 |
22 M |
Aleksandar Chekorov |
2:07:06 |
5:15:42 |
SNR |
26 |
23 M |
Igor Shapeski |
2:15:50 |
5:15:42 |
|
27 |
4 F |
Svetlana Stojanoska |
2:07:05 |
5:19:40 |
TREX |
28 |
24 M |
Stefan Pejovski |
2:40:36 |
5:26:29 |
SNR |
29 |
25 M |
Davor Gligorovski |
2:41:15 |
5:40:15 |
|
30 |
26 M |
Damjan Spasevski |
2:32:53 |
5:44:18 |
PK OKTA |
31 |
27 M |
Tomche Spasevski |
1:51:05 |
5:44:18 |
AK Rabotnicki |
32 |
28 M |
Bojan Bazerkoski |
2:41:36 |
5:51:44 |
|
33 |
5 F |
Ivana Gerchakova |
2:38:55 |
6:04:05 |
TREX |
34 |
6 F |
Blagica Andonovska |
2:38:19 |
6:04:07 |
|
35 |
29 M |
Dejan Donevski |
2:53:07 |
6:04:10 |
TREX |
36 |
7 F |
Maja Gjorgjevska |
3:11:34 |
6:12:48 |
|
37 |
8 F |
Tanja Peneva |
2:40:33 |
6:36:50 |
TREX |
38 |
30 M |
Lazo Zdravev |
2:40:35 |
6:36:50 |
|
39 |
31 M |
Aleksandar Dimitrovski |
2:38:19 |
7:03:00 |
SNR |
40 |
9 F |
Snezana Bachevska Josifovska |
3:06:53 |
7:03:02 |
SNR |
41 |
32 M |
Aleksandar Stojanovski |
3:05:03 |
7:03:04 |
SNR |
42 |
10 F |
Elena Velichkovska |
3:05:03 |
7:03:06 |
SNR |
43 |
11 F |
Tatjana Gerasimova |
3:24:59 |
7:31:00 |
TREX |
44 |
12 F |
Viki Kolashinac |
3:24:52 |
7:42:09 |
SNR |
45 |
13 F |
Arta Jusufi |
3:25:30 |
7:42:09 |
SNR |
46 |
14 F |
Elisaveta Nojkovska |
3:14:34 |
7:43:28 |
SNR |
47 |
15 F |
Iskra Jovanovska |
3:23:14 |
7:43:28 |
SNR |
48 |
33 M |
Aleksandar Smilkov |
3:22:59 |
7:43:28 |
SNR |
Технички податоци за патеката
должина ; 25 km
вис.разлика : 1250 m D+
просечен успон : 10 %
максимален успон : 37 %
Приказ на патеката
висински профил на патеката
Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк :
https://plus.google.com/u/0/photos/112609901195674801011/albums/6039322064972033681?authkey=CKbahvy2l-2sCA