Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Шар Планина: Беловишки водопади - 03 април 2011

Во недела - на 3 април 2011 година поголема група на планинари - во најголемиот дел членови на ПД Макпетрол и ПД Трансверзалец изведоа еднодневна планинарска акција на падините на Шар Планина - ги посетија Беловишките водопади. Појдовна точка за оваа акција е селото Беловиште, убаво село сместено во пазувите на Шар Планина, оддалечено дваесетина километри северно од Тетово - на патот Тетово - Јажинце. Од селското плоштатче води асфалтирана патека прво до црквата "св. Богородица", а потоа и до месноста наречена Петачко водиче - каде што има две помали цркви, ресторан и тука се наоѓаат првите - најмалите слапови на Беловишка река. Ова место е убаво за помали прошетки и правење убави излети. Од ова место поаѓаат две патеки - едната на лева страна - по која може да се стигне до првиот - понискиот водопад - на висина од околу 1300 m - а по десната патека може да се пристигне до погорниот водопад - на висина од околу 1600 m - а понатаму оваа патека може да ве одведе до изворите на Беловишка река и уште погоре - до врвовите Ливадица и Пирибег.

Погледнете ги фотографиите од оваа еднодневна акција.

 

Текст: Трајче Панковски
Фотографии: Петар Герасимов


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje