Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Пирин планина : Вихрен - 09 јуни 2012

• Ако сакаш да те освежи ветер развигорец си кажуваш ПИРНИ

• Ако сакаш да совладаш нешто што е високо кажуваш РИПНИ

• Ако сакаш свежина, височина и многу (++++) појди на ПИРИН.


Така и беше.

Петок, 08.06.2012.

Од паркингот пред железничка станица, 12 члена екипа, составена од Синиша, Никола, Симон, Ратко, Владимир, Љупчо, Иван, Кирил, Жикица (маратонец од Штип), Верче и Вики, и јас Радосав-Аце се упатува кон нашата цел : БАНСКО - ПИРИН ПЛАНИНА и врвовите ВИХРЕН И БЕЗБОГ.


Скопје - на паркингот пред поШта , дел од екипата пред поаѓање

Сите бевме во добро расположение и одвај чекавме да тргнеме во нашата планирана акција. Во Банско пристигнавме вечерта некаде пред 23 часот. Се сместивме во хотел Вихрен. По крако освежување излеговме да прошетаме и седнавме во една крчма да се освежиме, кој со пиво кој со вода, а некој и да касне нешто за да се окрепиме малку, па се вративме во хотелот за да преспиеме.

 

Сабота 09.06.2012

Дамите си избираат по желба свои активности, Жикица останува во хотелот

да се подготвува и размислува за трката во недела 10-06-2012 а ние останатите се упатуваме до нашата појдовна точка, планинарскиот дом Вихрен ( 1950 м ) . Стигнавме некаде околу 08 и 30, и по кратки подгтовки се упативме по планинарската патека, која истовремено беше обележана со жолти ленти за трката во недела и се до врвот ја следевме таа патека.

Се движиме со умерено темпо, без брзање за да имаме време и да уживаме во убавините кои се на сите страни. За овие убавини нема да расказувам јас, тоа ќе го направат фотографиите кои следуваат.


Љубопитен поглед кон околината и . . .


Првите чекори од планираната акција за денес

 

 


Веселиот , разигран и запенет поток


Крстосница (без сообраЌаец ), и други планинари се упатуваат кон Вихрен

 

 


Поглед наназад кон планинарскиот дом Вихрен, појдовната точка, (1950 м.)


Дел од планинарите на патеката, питома околина. Неколку фотографии кои следуваат ќе го потврдат тоа (питома и . . . )

 


Траги во снегот


Некој комбинира и сончање


Пролетен колорит заплиснат и напоен со разжуборени потоци

 

 


Снеговите кои ги напојуваат малите езерца и кривулести потоци кои ги скокоткаат ушите со своето жуборење.

 

 


Нема никаква дилема, за ова пред нас се определивме


Кој пат води . . .


На вистинскиот пат, Вихрен во позадина


Колку време му требало вака да го израмни . . . ???


Само напред , уште овој успон, и на врвот сте на пркосниот и сончев Вихрен


Поглед насочен напред кон преостанатиот дел од успонот до врвот на Вихрен


Поглед наназад кон платото пред искачувањето, пораки, споменари . . . ???


Тука блиску, или таму во далечината, можни идни предизвици ???


Дали да коментирам ???????


Раскомотување , опуштање и мал одмор по пристигнувањето на врвот


Задоволни членови од екипата на врвот (2914 м)


Следуваат неколку фотографии со поглед од врвот наоколу по моќниот Пирин.



Банско пладнува во долината



Горе високо ….


Долу длабоко, а наоколу . . .


Моќ , убавина , . . .


Скриени тајни и многу предизвици.


Спуштањето од Вихрен по успешното искачување на врвот


Некој се враќа, некој угоре.


Вихрен е веќе зад нас, следува поблагото спуштање

Неколку фотографии од заслужениот одмор и освежување покрај разиграниот поток, кој во периодот од искачувањето до враЌањето добил во количината вода.


Најдете го гавранот кој љубопитно не гледа


Одмор за очите и


Одмор за душата


Ова е гласникот кој ни дојде со порака.


И после сиот напор , чувствувајте се лесни и полетни како пеперуга во лет.

 

Заслуживме богат и обилен ручек. Тоа и го направивме во една крчма покрај патот и задоволни се вративме во Банско. Имавме убав, сончев и успешен ден, сите задоволни од успешно реализираниот план. Утре не очекува новиот предизвик, искачување на Безбог.

Автор: Радосав Тасевски

Фотографии: Радосав Тасевски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje