Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Сурфање на светските бранови - јуни - октомври 2014


Paddle board, surf board и buggy/body board

 

Годинава имавме среќа да посетиме три локации на океан, меѓу другото и да се пробаме во спортовите за кои подолго време имавме желба.

•  Пениш (Peniche) , Португалија – сурфање на Атлантски Океан


(слика 1)

Пениш е познато место за сурфање, секоја година одат многу луѓе или да се пробаат во сурфање за прв пат (има и помали бранови, добри за почетници), или да се подобрат. Местото може да се каже дека живее од сурф-туристите ; сезоната почнува од ран јуни (кога бевме и ние, препорачливо поради пониски цени на аранжманите, и нема гужви на плажа) и трае до октомври. За по искусните, сезоната е многу по издолжена и трае и преку цела година (во есен брановите се најголеми и најинтересни за искусни сурфери). Атлантски е ладен, веру6вам дека цела сезона се сурфа со целосно одело (за јуни тоа беше дефинитивно, температурата на водата е помеѓу 10-12Ц).

Близу Пениш се наоѓа местото Назаре (Nazare ) во кое годинава токму во октомври треба да се одржи светско првенство во сурфање. Висината на брановите во Назаре преку есен/зима достигнува и до неверојатни 30 метри!!! (погледнете линк како се сурфаат ТИЕ бранови: https://www.youtube.com/watch?v=BmLVLB9_QNg , и од интернационален натпревар во Пениш https://www.youtube.com/watch?v=rlUEgBvesX8 )

А ние, изгледавме нешто повеќе вака:


(слика 2) Бескрајни обиди


(слика 3) Чекајќи го Бранко..


(слика 4) Во потрага по бранови и добра интернационална дружба


(слика 5) Филип веќе е про, за разлика од мене..

Бевме сместени во “сурф камп” како што ги викаат (заграден објект со повеќе соби, голема кујна и просторија за сите останати активности), со 10тина други, и локален инструктор кој подобро сурфа, отколку што оди. Практично секој ден маршутата е до една од плажите (зависно од временските услови, во кампот ги следат детално секој половина час брановите на сите плажи и се одлучува каде се оди дента согласно условите) каде се останува цел ден, и враќање во кампот каде се спрема и се вечера заедно во голема просторија. Последователно се гледаат слики и ведеа од денот – во пакетот е вклучен и фотограф кој постојатно е на плажа и го слика напредокот на секого и вечерта со инструкторот се коментираат деталите.


(слика 6) Кампот


(слика 7) Заедничкиот простор ( каде се гледаа сликите и видеата )

Инаку за самиот спорт, и тежината да се совлада –

Сурфањето би требало да наликува на бордање со даска на снег, но не наликува Највеќе е прашање на нова техника која треба да се совлада, и во тој период е дефинитивно доста физички напорно. Сила и енергија која доаѓа од нови агли, која треба да се научи да се совладува (со брановите – тоа е невидена борба во која се знае кој победува). Кога има поголеми бранови, тешко е воопшто да се поминат и да се почне со сурфање (или ловење на бранови). Даската, која е доста голема и гломазна (почетничка), не помага.

Нашиот прво соочување траеше 10 дена, и во тој период било кој успева да почне да се качува на даската. Успеваш да го “фатиш штосот” и тогаш почнува вистинската борба Инструкторот доста помага секојдневно, дополнително и со вежбите на суво, заедно со коментарите на сликите и видеата навечер во кампот. После неколку дена (кој нема да се откаже од секаков тип на болки), чуството кога ќе успееш да се качиш и сам да се придвижиш по бранот, е неописливо. Терминот слобода добива нова димензија и значење, и спортот влегува под кожа . Има и плус бенефит – нема веќе страв од бранови, напротив ги учиш техниките како со/против нив.

•  Флорида - paddle board, нешто што станува се поактуелно


(слика 8) Даска за paddle board

Даската за paddle board е нешто поголема и поширока од таа за сурфање (на таа за сурфање не може да се стои на пример), и во опремата плус влегува едно весло. Paddle board бара мирни небрановити води, и – желба, ништо повеќе (особено го препорачувам за женски). (има и видеа на youtube на кои се гледа како сурфери фаќаат бран со оваа даска со помош на веслото, и потоа го сурфаат бранот како да се со сурф даска, така што очигледно постојат бескрајни комбинации без стриктни граници на “дисциплини” ).


(слика 9)

Веслото се менува од една во друга рака, и тоа мора да се прави постојано за да се задржи правецот. Нема посебна техника или тежина, може да го прави секој и е многу лесно (даската е доста широка, и лесно се одржува баланс).

Конкретно каде што бевме даските се изнајмуваа на час.

Инаку специјално искуство е со paddle board да се отиде што поблизу до китовите (ги има често во Калифорнија), или делфините (Флорида и Калифорнија), кои и не се воопшто реткост во близина на бреговите.

 

•  Калифорнија – buggy board



(слика 10) Buggy board / ја викаат и body board

Оваа даска служи повеќе за занимација отколку за спорт. Лежејќи на неа, подолго и побрзо се фаќаат брановите, и е доста забавно и не бара некој посебен труд околу совладување на техника.


(слика 11)

Како што може да се примети од сликата (без одело), Тихи Океан (иако во Сеп) беше драстично потопол од Атлантски и единствена причина за носење на одело беа jelly fish или некое друго животинче, за што ние ризикувавме.

Земено во предвид дека сме landlocked земја, периодот до следното наше излегување на океан може да потрае. Ова е нешто што го имавме во кампот во Пениш, па го набавивме за вежбање “на суво” до тогаш:


(слика 12) (Потешко е од што изгледа!)

Доколку некој е заинтересиран за повеќе информации, стоиме на располагање за споделување на искуствата подетално.

Брановит поздрав, Биљана и Филип Филиповски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje