Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Миџор (2.168 m), - Стара планина - 26-28 март 2010

„Клинтон је крив“ рече како за себе Дејан, возачот на комбето газејќи во длабокиот снег. Кисело се насмеавме гледајќи со неверица во снежната виулица. Таа изрека е вообичаена кај Србите кога се шегуваат за некој неочекуван проблем. „Кога падна олкав снег?“ се чудевме сите на 30-те сантиметри нов снег и на силниот ветер кој правеше навеви во неделата наутро. “Ноќеска во 3 почна да врне“ рече Славица од Белград. „Како ли ќе се симнеме долу, во Ниш? Дали стана некој од возачите на камионите за чистење снег?“ - викна некој од групата.

А, саботата беше сончев и ветровит ден. 1 0 -тина планинари од Македонија и Србија во организација на планинарските друштва „Макпетрол“ од Скопје и „Балкан“ од Белград тргнаа полека кон Миџор, 2.168 метри високиот врв на Стара планина, највисок врв во Србија.

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0874.JPG
На почеток на искачувањето – пред домот „Бабин зуб“

Тргнавме од планинарскиот дом „Бабин Зуб“ на 1.750 метри по патека, некаде сува, некаде покриена со снег. Скијачките терени во близина на домот беа празни, а жичарницата вртеше, ли вртеше. Покрај снегот, срамежливо се појавуваа првите расцветани цветови, а залутаните пајаци панично трчаа по снегот.

 

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0877.JPG
Врвот Бабин зуб (или поточно Бабини заби)

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0876.JPG
Врвот Миџор во далечина

За дел од планинарите кои годинава за прв пат излегле од дома искачувањето беше напорно и често се одмараа. Се искачувавме скоро 4 часа, бидејќи го одбегнувавме снегот и одевме по сртот каде што снегот беше стопен.

А, снегот беше влажен и се топеше под топлото сонце. На дел од планинарите чизмите веќе им беа влажни, а сеуште не беа искачени на врвот. Чекоревме покрај граничните камења на границата меѓу Србија и Бугарија. Бугарската страна од врвот Миџор е многу стрмна и над сртот беа навалени стреи од снег. На врвот дуваше силен студен ветер и сите бевме нагрнати со капи, јакни и ракавици. А, ми текнува, лани во ист период го искачувавме Миџор по куси ракави и кратки панталони. Среќа еден пријател од Бор ми кажа какво ќе биде времето за викендот, посебно во неделата, па пред тргнување се препакував и зедов зимска облека и зимски чизми. Инаку, бев спакуван како за на Водно.

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0886.JPG
Македонското знаме на врвот Миџор

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0889.JPG
Знамето на ПД Макпетрол на врвот Миџор

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0892.JPG
Со знамињата во џебовите

На врвот се задржавме 15-тина минути и не дочекувајќи да се соберат сите планинари, почнавме да се симнуваме. Симнувањето беше побрзо за сите освен за една планинарка од Белград која чуствуваше болки во нозете. Се симнуваше и плачеше од болки. Патем сите ја храбревме и и го носевме ранецот, но нејзин „херој на денот“ беше возачот на ски-санката кој ја пренесе до домот.

Во домот се одморивме и вечерта добро се забавувавме пеејќи песни од богатиот репертоар на Никола Доновски, Коле. А, во соседната просторија на домот се веселеа 20-тина луѓе, вработени во службата за одржување на патиштата во зимскиот период во тој крај, за успешно завршената сезона. По начинот на јадење, пиење и пеење, беше очигледно дека имале тешка сезона. Славеа до полноќ и си заминаа, а дел од нив се префрлија да се веселат со нас. Околу 1:30 часот сите се повлековме во собите. Кога утрото, ден недела, се разбудивме, што ќе видиме. Снег, виулица, завеани патишта. А, тие што требаше да ги чистат патиштата, беа во длабок сон после вчерашниот џумбус.

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0897.JPG
Снежна виулица во недела наутро

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0900.JPG
30-тина сантиметри снег

Нашиот возач спиеше до 10 часот, веројатно сонувајќи снег и виулици, а не дека надвор навистина паѓа снег. Но, го разбудивме за да го исчисти комбето и да намести ланци за снег. Се разбуди и еден од вработените во службата за одржување на патиштата кој со големиот камион за чистење патишта го чистеше патот пред нас додека не се симнавме во долината.

Потоа го посетивме водопадот Бигар и заседнавме во кафеаната „Камионџии“ во Сврљиг каде на масите ни ставија вешалици и колбаси долги половина метри.

C:\Goran - My Pictures\Planinarenje\2010\Midzor - 26-28 mart 2010\IMG_0906.JPG
Водопад Бигар

Планинарењето е навистина тешко, оти треба да се издржат разни временски погоди и непогоди, стрмни терени и ливади, карактери на луѓе, големи колбаси и убавина.

Ако Клинтон беше „виновен“ за интересниот викенд, тогаш пак ќе се вратиме на Миџор.

 

автор : Горан Николоски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje