Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Chase the Gray Rabbit Run / Фани го сивото зајче - 02 февруари 2014

Датумот на кој се одржа овој настан го донесе и ова име но и варијантата да се појде во бања после трчањето.. Како и многупати досега на името кумуваше Трајче, а негов предлог беа и двете варијанти за овој ден, една пократка и една подолга. На моја радост после толку време на овие патеки се појавија десетина луѓе(пет дена во неделата трчам по овие предели и најчесто сам). Уште од старт се поделивме во две групи, првата Трајче, Софија и Тања, а втората Александар, Јовица, Здравко и штипската екипа Мики, Ристе, Влатко, Миле и јас. 


на стартот од кај Средното Медицинско

Во прв план беше да истрчаме некоја солидна должина, нешто над 30 и плус километри. Воден од таа цел решив малку да се "прошетаме" по ридовите па од медицинското школо фативме кон чешмата Курт Бунар (444m). Следуваше искачувањето на Калисибар (577m) и потоа краток стрмен спуст по што се упативме во правец на село Долани (373m). Една убава "singletrack" патека води до чешмата пред самото село. На делови патеката е обрасната со трње заради што паднаа и неколку шеги дека ретко трчам. Во селото Долани се сретнавме со првата група што беше и прилика да направиме една заедничка фотографија. Морам да напоменам дека во текот на целото трчање бевме во постојана комуникација со новите "воки-токи" станици. 


прекрасни патеки за трчање


селото Долани под нас


целата група во село Долани

Од Долани следно село беше Љуботен (544m). Фативме еден широк земјен пат кој не одведе до самиот асфалтен пат Штип-Радовиш. Заради тоа моравме искачувањето кон Љуботен да го направиме по асфалтниот пат што води до селото. Таму си дополнивме вода и со поминати 18k решивме да фатиме во правец на Штип. 


по асфалтниот пат кон с. Љуботен


црквата Св. Јован во село Љуботен

За да биде поинтересно се спуштивме кон Липов Дол (472m) и следејќи една од притоките на Отиња излеговме кај Љупчова чешма. Овде ја изгубивме комуникацијата со првата група која и онака беше на враќање. Откако излеговме кај Суитлакот по поминати 30k Јовица, Ристе, Влатко и Миле решија да стигнат што побрзо до возилата а Александар, Здравко и јас се одлучивме за дополнителни 6k. Па така се искачивме до Струмина чешма (553m) каде повторно се сретнавме со првата група. Од таму си фативме повторно една "singletrack" патека речиси до самото школо каде правејќи неколку дополнителни круга за да дојдеме округло на 36k ја дочекавме првата група која имаше 25k позади нив. За жал ентузијазмот за бањање пропадна па како опција остана да се појде некаде на јадење.


поглед кон Липов Дол и над него село Шашаварлија


Штипската тркачка елита


низ селото Липов Дол

Технички податоци за патеката (за првата група) :
Должина : 25 km
Поз. висинска разлика : 880 m
Посечен успон : 6.2 %
Максимален успон : 19.5 %


Изминатата патека од првата група (25 km)


профил на патеката

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк :
https://picasaweb.google.com/117320863135421357287/ChaseTheGrayRabbitRun

Текст: Жикица Ивановски
Фотографии: Жикица Ивановски, Трајче Панковски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje