По Трасата на Гасоводот : Осоговски планини - 15 мај 2011
Четврта година по ред нашето планинарско друштво ја негува воспоставената традиција - во средината на месец мај - месецот кога се се раззеленува и расцутува - да организираме планинарски марш во источниот дел од нашата татковина, дел кој за жал малку го запоставуваме поради повисоките и поатрактивните врвови во Западна Македонија, но дел кој е неверојатно убав, питом, а особено се добри и питоми луѓето од овој крај. Планинарите - а оваа година и планинските ултрамаратонци - земаат учество во оваа секоја година се помасовна акција која симболички ја прати трасата на Гасоводот во Македонија. Оваа година на оваа акција учествуваа околу 220 планинарки и планинари од Македонија и од Р.Србија. Имаше три патеки, прилагодени според можностите на учесниците: Прва патека - 8 km - за децата, постарите планинари и рекреативците, Втора патека - 28 km за планинарите со добра кондиција и Трета патека - 39 km за нашите трчачи по планина. Временските прилики ни беа навистина наклонети - имавме идеално време - сончево со повремени облачни периоди, слаб до умерен јужен ветар и максимална температура околу 20 степени. Во пријатна атмосфера - без проблеми, весели и расположени - планинарите ги поминаа своите патеки. На некои места беше тешко, имаше поголеми угорници, сонцето на моменти и посилно ни ги гореше лицата и вратовите, но на крајот сите беа среќни и весели. Духот на пријателство, позитивна енергија, дружење е најголемата придобивка на ваквиот тип на акции и се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме ваквите акции успешно да ги организираме.
ГМС Жидилово - старт на акцијата
групни фотографии пред стартот на пешачењето
домаќините даваат некои појаснувања за гасоводниот систем
почеток на пешачењето - 1 km по асфалт до селото Узем
нагоре по широкиот шумски пат
малата група што сака да трча
по ливадите во правец на Калин Камен
низ мали шумички
на чешма
бос во снегот
на Калин Камен 1884 m
Barefoot running - 2,5 km трчавме боси по тревата кон Царев Врв (2084 m) - во позадината
Боси по тревата
одмор на Калин Камен
спуштање кон село Станци
Станечка река - вистинско освежување кога е топло
со љубезните домаќини од село Б'с
на крајот - песна и игра пред манастирскиот ресторан
Технички податоци :
Прва патека:
Должина на патеката : 8 km
Висинска разлика (вкупен успон) : 380 m
приказ на изминатата патека од 8 km
профил на патеката од 8 km
Втора патека:
Должина на патеката : 28 km
Висинска разлика (вкупен успон) : 1580 m
приказ на изминатата патека од 28 km
профил на патеката од 28 km
Трета патека:
Должина на патеката : 39 km
Висинска разлика (вкупен успон) : 2080 m
приказ на изминатата патека од 39 km
профил на патеката од 39 km
Автор: Трајче Панковски
Фотографии: Петар Герасимов, Трајче Панковски, Марин Стојановски
|