Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Миџор - март 2006

(автор: Марин Стојановски)

После неколкудневно средување на впечатоците од мојот прв престој на Стара Планина во Србија го пишувам овој текст со цел за доближување на оваа планина до сите во Македонија кои ги сакаат планините, планинарењето и откривањето на нешто ново во својот живот.

Бидејќи овој викенд во календарот на П.Д. Макпетрол и неговите активности за оваа година беше резервиран за одење на Стара Планина и искачување на врвот Миџор 2170м - највисок на територијата на Србија, а досега непосетен - очекував голема заинтересираност која изостана, па морав сам да појдам како да знаев дека ќе ми се случат многу убави нешта доживеани за прв пат во мојот богат и долг планинарски живот.

Организатор на се ова беше планинарскиот водач Миланка Арсиќ член на П.Д. Победа од Београд кое во своите редови има активни околу 3000 планинари, а на оваа акција водеше 28 и јас еден = 29 планинари.

Моето приклучување кон нив беше изведено во 22:00 часот на раскрсница оддалечена 7.5 км од Ниш према Сврљиг на 03.03.2006 година, по претходни телефонски договори и СМС пораки, а тогаш и јас станав дел од нивната екипа. Голем бус, многу весели нови лица за мене, непознат терен, тесно патче, снекче наоколу, благи успони, црна темница надвор, рели возач, а убаво во мене затоа што прв пат сум на овој дел од Србија.



Место Кална, пауза и средба со домаќините во големо теренско Пинцгауер возило, краток договор со нив па повторно во нашиот бус, а тие пед нас демек да ги следиме. Ова возење беше кратко бидејќи набргу потоа бусот не можеше да го следи теренецот и застана. Гледам многу снег, 23:00 часот, збунети планинари, напуштени стари куќи од с. Црни врв, жубор на поточе или поточиња, шума, се темно, тивко само милиони ѕвезди на небото и безгрижен водач.

Команда сите надвор со сите ствари од бусот, бидејќи до Пл. дом Бабин Зуб има 13 км. пешачење и благ успон угоре. Теренецот да не оди празен ги зема скоро сите наши ранци, а на отворената платформа се качуваат и понежните планинари со цел тие да се возат, а другите да пешачат по темнината на возилото да се врати и да ги собере и останатите и им ги скрати тие 13 км. Проработија светилките и батериските ламби и започна искачувањето и моето запознавање со дел од тие 28 планинари. Снегот се поголем и крцка под нозете, студот се поголем, заморот се поголем, а светилките од домот горе високо ни кажуваат уште колку имаме до нив. Во 01:00 часот кога дојде празниот теренец по нас започна главниот дел или шлагот на ноќта кој траеше само 30 минути, а како да беше вечност.

Зошто?

Затоа што чистото возило долу во с. Црн врв сега личеше на возило врз кое паднала некоја лавина од снег или пак било заглавено во снег, а возачот само ни рече: Брзо влегувајте, држете се добро, морам брзо да возам бидејќи патот се затвара. Што беше тоа сфатив кога дојдовме во Пл. дом Бабин Зуб на 1750 м.н.в.



Сите се качуваме на отворената платформа и возилото тргнува како да стартува на трка, силните фарови го осветлуваат змиулестиот пат, ние се држиме за што ќе стигнеме, се луламе, смешкаме, ѕиркаме напред, снегот пршти од сите страни, од брзината застудува се повеќе и повеќе, мрзне се што не е добро заштитено и насмевките веќе ги нема, ами само загрижени лица на патниците на таа рамна и снежна и ледена платформа. По кратко време никој веќе не ѕирка напред оти лицата се ледени како од ветрот, брзината, студот така и од снежните честички кои како иглички те боцкаат каде ќе стигнат. Бочните вертикални рабови од патчето се веќе повисоки и од возилото така да ракавиците со кои се држиш за оградата од возилото за да не се истресеш ти се лижат со снегот од страна на патот. Мене се ова ми личеше на боб стаза угоре и трка со времето како да не бркаат некои терористи на пример па сега ние мораме толку многу да рескираме за да се спасиме. Брзо после тоа заглавување и напуштање на возилото, а пред нас возило со 3 фара кое се бори и ги расчистува навевите со снег. Буквално пеш одиме низ тунел од снег, газиш, се пробиваш, а малку гледаш ради замрзнатите и замаглени наочари и ситните снегулки кои те боцкаат. По едно 5 минути еве го пак нашето возило и пак вкрцување во него и пак исто такво брзање. Си мислиш до кога вака и уште колку и како ли е горе на 2170 м, кога вака е на 1500 м.н.в. Се има крај, светилки, успорување на брзина, два објекти, кочење, излегување и 3-4 лесни возила паркирани и веднаш ? - како и кога ќе се вратат меѓу остатокот од светот. Целите сме оковани со снег, бели како да сме биле на некој од половите на пример и такви влегуваме во домот а таму ТОПЛО, МИРНО, ТИВКО, ПРИЈАТНО и веднаш се насмевнуваш и си велиш ова ми беше најлудо зимско возење до сега, а можда веќе и неповторливо, но вредеше и се исплатеше. Гледам 01:30 часот, а првата група планинари веќе како дома, суви, раскомотени, радосни, среќни и насмеани. Брзо и ние се средивме па заедничка вечера со обавезно малку допинг од секаков вид за што побрзо стоплување.

Домот со парно - топол, среден, уреден, чист со многу убави фотографии, детали од природата и веднаш го прифаќаш како дел што си го барал. Надвор многу снег, друг голем објект (хотел), возила со ланци на тркалата, дрвја, шума, исчистени површини, светилки и чувство како да си во друг свет различен од оној од пред некој час. Следуваше сместување во 9 креветни соби, распакување и спремање за потребен сон и одмор.

Се ова заврши во 02:30 часот кога бев во кревет, а сигурно сум заспал со насмевка оти бев презадоволен од тоа како до сега се одвива оваа акција, поточно зимска авантура и се што доживеав до овие 1570 м.н.в.

<понатаму - следниот ден - искачување на Миџор>


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje