Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Гросглокнер 3798 m, 5-6 септември 2014

Врне - не врне, врне - не врне, врне, врне, врне.... На 4 Септември сабајлето, Тања, Горан и јас тргнавме од Скопје на пат кон Гросглокнер, на Алпите на југот на Австрија. Тоа е највисокиот врв во државата, со своите3.798м. Тргнавме со дожд и лоша временска прогноза. Последните денови повеќемина се имаа вратено од различни места од Алпите заради лошо време, без да си ги остварат качувачките планови. Во Белград се сретнавме со организаторот – весела група од “Балкан”, со Бранко Дикиќ и Влатко Контиќ како водичи, Жаклина како наш неформален фоторепортер, Михајло, Владо од Врање и Стефан од Шабац. Ако по пат врнеше – во Белград истури, ама нашето комбенце тргна полно со оптимизам.

Во Калс пристигнавме во петокот утрото околу седум. Возевме уште десетина километри за да стигнеме до голем паркинг на околу 2000 мнв од кај што се поаѓаше. Претходно гледав клипчиња на YouTube и знаев дека од тоа место треба да се види Гросглокнер, но заради маглата и ситниот дожд тоа не беше можно.

Се гледа или не се гледа – мора да е таму ... па тргнавме.

Планот беше дента да поминеме добар дел од патот до домот Erzherzog Johann на 3.454 м, за утредента да ги искачиме последните 344 метри.


1. Паркингот (десетина км од Калс) од каде што тргнавме и требаше за првпат да го видиме Гросглокнер ...

 


2.  Дел од веселото друштво, спремно за поаѓање (од лево на десно Стефан, Тања, Владо, јас, Жаклина, Горан)

 


3.  Одевме доста релаксирано и без форсирање, затоа што цел ден беше пред нас.

 


4.  Убава и релаксирана патека

 


5.  Женскиот дел од екипата .. појачан со Влатко

 


6.


7. Првата станица – домот Lucknerhutte. Стигнавме за нешто повеќе од саат време пешачење.


8. Мрмотите се заштитен знак на Алпите. И ние имавме задоволство да ги видиме неколкупати ...

 


9. Насмеани од поаѓање ...

 


10. Втората станица – вториот дом Studlhutte na 2801m (фотографирано на враќање)

 


11. Нашите водичи

Направивме пауза од околу саат време за да продолжиме до одредиштето за дента. Помеѓу двата последни дома нe чекаше глечер. Одењето преку глечерот беше околу 2 часа. Според проценката на Бранко, немаше потреба од наврска, па истеравме ненаврзани.


12. Поголем дел од патот преку глечерот беше низ магла

 


13. Имаше по некој процеп, барем она што можевме да го видиме ...

 


14.

 


15. Последниот дел беше карпест и поголемиот дел обезбеден со сајли. Јас лично, уживам во вакви делници,
а тек утредента допрва нe чекаше ваков терен ...

 


16. Домот Erzherzog Johann ни посака добредојде

 


17. Попладневно лабавење ...


18. Утредента на 6 септември, околу 7 часот изутрината бевме спремни за поаѓање. (Горан е секако зад камерата)


19. Во колона по еден ...

Ако претходниот ден го минавме под ситен дожд и магла, утрото ветуваше прекрасен сончев ден.

Небото се отвори за нашата мала екипа да ужива во финишот.

 


20. Врвот покриен со првите утрински зраци (поглед низ прозорецот од домот)

 


21. Grossglockner е познат по својата правилна пирамидална форма која може да се забележи од одредена позиција...

 


22. Поглед надолу...

 


23.

Првиот дел од искачувањето го минавме без наврзување, но понатаму обезбедувањето стана неопходно. Поставени се само шипки (без сајли) на растојание од околу 7-8 метри, па сами си поставуваме обезбедување (т.е. Бранко нe обезбедуваше нас останатите)

 


24. На раце, на нозе ...

 


25. На седлото ...

 


26. Има два врвови: прво е Kleinglockner (од лево) висок 3.770, па преку седлото Glocknerscharte се доаѓа до Grossglockner со височина од 3.798 м.

 


27.

 


28. Над облаците...

 


29. Во средина се гледа малиот Глокнер

 


30.

Искачувањето траеше околу 3 часа. Временските условите беа подобри од што би посакале. Речиси цело време искачувањето бара концентрација, но мојот впечаток беше дека цела екипа беше сосема опуштена и покрај захтевните делници (ако има некој што се чувствувал поинаку – нека се јави). Врвот е доста тесен, но за наша среќа се погоди, повеќе од половина час горе да бидеме сами и комотни. Беше добра одлуката да искачуваме во сабота, затоа што во неделите велат е права врвулица.

 


31. Препознатливиот крст на врвот (200 години од првото качување во 1800г. ... веројатно со крстот се достигаат 3.800 m)

 


32. Алпите распослани во недоглед ...

 


33. На врвот (да нема забуна ...тоа жолтото на средина е маичка со логото на Макпетрол)

 


34. Македонскиот дел од екипата ...


35. А овие двеве уште се смеат ....

Текст: Климентина Тунтева
Фото: Горан, Тања, Жаклина, Климентина


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje