Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Шар Планина - Титов Врв - 22 декември 2013

Традиционално зимско искачување на Титов врв во организација на ПД Трансверзалец – Скопје

 

Добар почеток за првиот зимски ден. Додека Скопје се гушеше во магла ние на Попова Шaпка уживавме во совршена комбинација на снег и сонце, ѕвезди и месечина.


Титов врв со целата негова убавина


Убавина. Честитка за Нова Година

За цел викенд остана приказна која долго ќе ја паметиме. Совршена можност за сите кои долго време посакуваа да го искачат Титов врв во зима, на снег, по патека која би кажала од моја гледна точка дека е една од најтешките во нашата држава.

Дел од нас заминавме уште во сабота со цел да го искористиме топлото сонце и да уживаме по падините на Шара.


Буце спремен за бордање.

Малку пешачење, малку трчање неколку минути за совладување на техниката за бордање и денот стана совршен.


Мал одмор и сончање...


Жико многу брзо влезе во шема со борд даската


Ете го и Буце

Сеуште неможам да верувам со која леснотија дишев таму горе. Чувствував како воздухот ме ослободува и за миг заборавам на се.

- И само убавината пред мене постои.


Трчање по снег и зајдисонце

Спиевме во планинарскиот дом Смрека.

Сабајлето уште пред да заѕвони алармот Перо не разбуди со најава дека пристигнуваат за да се спремиме за тргнување кон врвот.

Од нашата дружина тоа беа првите 2 коли кои најрано тргнаа од Скопје во 04:00.

Надвор беше сеуште темно и прилично ладно.


На планината

Се собравме цела екипа и тргнавме по стрмната Церипашина. Втората група составена од Трајче, Марјан Бонев и Александар Симјановски дојдоја нешто покасно и не стигнаа многу брзо бидејќи овој пат решија патеката до врв да ја поминат со трчање. Зад нив пристигнаа Марин, Тања М. и уште мноооогу весели луѓе.


Марјан Бонев во трчачки чекор

Сонцето грееше во граници на удобност. Ветер освен на самиот почеток по Церипашина немаше воопшто. Температура идеална за уживање.

Снегот го имаше малку. Многу помалку од очекуваното. Патеката за скијање на Церипашина иако беше помината со ратрак сепак немаше доволно снег за да можеш опуштено да се скијаш по неа.

Додека нашата екипа се движеше нога пред нога впивајќи го секој момент максимално во себе, до жичарата стигнавме за 1:45 мин. А трчачите истото го направија за цел саат помалку од нас.

Ете колку снег имаше. А ние спремни со камашни, со дерези во ранците ама правило си е правило во зима мора да се носи зимска опрема. Бидејќи никогаш не се знае.

Карабунар иако доста стрмен го искачивме без потешкотии. Немаше снег, не беше замрзнато се движевме по подлога исто како во лето. На седлото помеѓу Карабунар и Бакардан згазивме на доволно длабок снег за да ни направи малку кејф да остетиме дека сепак дојде зимата.

Откако ги напуштивме Антени, Жико предложи после Бакрдан да го искачиме Мал Турчин и од таму по сртот на Голем Турчин - Титов Врв. Мене и на Ангел ни се допадна идејата и одма прифативме.


Трајче на искачувањето на Бакрдан

На искачувањето на Бакрдан не стигна Трајче и му кажавме за нашата намера. Срце јуначко не издржа и тој тргна со нас за да после Бакрдан се оддалечи и за многу кратко време во друштво на две кучиња го прелета Мал Турчин.

Спуштењето од Бакрдан како и секогаш беше со големо внимание и концентрација.


Жико


Верни другари


Врвулица од луѓе пред нас, после нас толку беше убава Шара- исшарана со луѓе.


Шаренило од луѓе


Ангел уживаше да се слика

На Мал Турчин примамени од убавото време се искачија уште планинари. Совршена прилика за совршен подвик.

Трајче за време од 03:16 мин. го искачи Титов Врв притоа поминувајќи преку 5 врвови.

По првичната замислена патека на движење во која не беше вклучено искачувањето на Мал Турчин, Марјан Бонев на врв пристигна за време од 02:13 мин.


Весела екипа да го поздравиме денот

На самиот врв имаше многу луѓе, од око може бројката да стигнуваше и до стотина души. Да гледа некој да неможе да поверува колку луѓе, колку убав прв зимски ден.

Поголемиот дел од луѓето во 12:00 почна да тргнуваат назад накај Шапка.

 


Спуштање


Стари штипски пријатели


Со Миланка од Балкан – Србија

Колку и да биде убаво времето на врв или колку и да биде голема желбата за качување, посебно во зимиски услови 12:00 часот беше идеално време за тргнување назад. Движејќи се со нормално темпо и долги паузи за уживање во совршеноста, во Смрека стигнавме точно кога заоѓаше сонцето околу 16:30.


Мал одмор во Планинарскиот дом Смрека

Стазата на движење вклучи искачување на 5 врвови: Церипашина, Антени, Карабунар, Бакардан, Титов Врв и на одење и на враќање. За дел од нас испадна + еден врв - Мал Турчин кој уште повеќе го зголеми нашето задоволство. Секоја чест и честитки до сите учесници на овој традиционален марш.


Стаза и профил на патеката на движење заедно со Мал Турчин

Текст: Светлана Стојаноска

Фотографии: Петар Герасимов и Жикица Ивановски

 

 


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje