Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Бистра планина : Меденица и Карбула - 2 ноември 2014

Со зборови се е можно да се опише, а јачината на зборот зависи од умешноста на авторот тоа да го прикаже. Се е во ред до моментот додека не настане некоја магија, некоја нестварност, некој спој во случајов меѓу планината, небото, синилото, околината, пространството, погледот, височината и човекот кој е далеку од  секојдневието, а чувството е како да си во друг свет.

Тој спој се случи на Бистра, каде 33 вљубеници на планинарењето имаа несекојдневна среќа со помош на ветерот ( 0 метра во секунда), височината од 2148 метра, амбиентот,околината, сонцето,топлината, сплотеноста,насобраната многууууу позитивна енергија на врвот КАРБУЛА да се претопат како еден. Таа магија, тоа неповторливо задоволство и среќа го стори нашиот успешен обид да замолчиме на минутка, две, да потоа  несакајќи таа апсолутна тишина,мир и спокојство се продлжи уште малку,а тоа    како делуваше на секој од нас  НЕ СЕ ОПИШУВА, тоа се доживува, чувствува и останува врежано во секој среќник кој беше таму горе, во тој друг свет. Малку потоа ми беше жал што тие минутки молчење посветени нам и на врвот не ги продолживме уште за малку, а ако тоа се случеше со голема сигурност ви велам ќе сакавме тоа да  продлжи и многу повеќе...но и ова беше повеќе од доволно за  да се почуствува и согледа на своја кожа колку на секого од нас му треба ваква магија, како вид храна или мелем за душата, затоа што онаму каде живееме вакво нешто нема ни за лек.

Затоа тука се нашите планини, постои нашето бегство во нив, постојат вакви едно дневни планинарски акции со кои се храниме, а потоа полесно  опстојуваме во урбаните  средини , а таа насобрана планинска храна се троши и најчесто трае до среда, четврток, па потоа повторно вообичено е секој од нас следниот викенд ( ако е слободен)да си бара нова планинарска дестинација за полнење на батериите, но тука е природата, временските услови, друштвото,екипата кои се пресуден фактор во тоа каква доза задоволство,среќа и мир ќе се понесат со себе таму долу во градскиот метеж и сивило.

Овој пат нашата голема група имаше огромна среќа да Бистра ни се предаде во целост,  ни се отвори и ни покажа навистина се што нуди и има, беше буквално бистра, јасна и сјајна, па си велам еве зошто и го дале името БИСТРА. Така беше од самото влегување со автомобилите во националниот парк Маврово па се до вечерните  часови кога и последното возило не го напушти паркот.

Се што беше зацртано во акцијава реализиравме без грешка и тоа масовно да не кажам 100%. Љубиша не искачи на Меденица по најкратката и најбрза линија на движење( мојата идеја останува за друг пат)така решивме за да имаат сите планинари време да стигнат и до Карбула, и таму да ја почуствуваат горе опишаната магија. По краткиот одмор на Меденица и квизот наречен ; КОЈА ПЛАНИНА Е ОВА, КОЈ ВРВ Е ОНОЈ, КОЕ МЕСТО Е ОНАМУ, кој продолжи и  додека се движевме кон Карбула, за на кратко да престане, бидејќи една диво коза  излезе пред нас, па потоа повторно да погодуваме и даваме  одговори.Најсигурен во одговорите беше картата со испишаните блиски топоними, села, локалитети.Кулминација на денот беше погледот од Карбула, останатато таму што се случуваше го знаете, ама скоро никој од групата сем Љубиша ,не знаеше дека како џокер  или наградно за сите 33  планинари ќе биде фрлениот поглед кон с. Галичник од високо. Тоа се случи враќајќи се назад од Карбула по шумскиот пат кој води до местото каде ни беа паркирани автомобилите и мало скршнување (после масовниот одмор на новиот вид  ноемвриски планинарски гуштерчиња кои тешко се дигаат повторно на нозе) во десно по маркираната патека кон Галичник. На тоа прекрасно место со феноменален поглед имаше и краток договор  и непристоен предлог дека има шанса да се посети и с. Галичник, затоа што времето т.е. тајмингот беше наш сојузник, така да веднаш посадите на 10 те автомобили се договорија како им одговара. Тоа значеше дека една група се спушти кон Галичник,а другата група повторно се врати назад на патаеката за  да  дојдат до возилата, а  потоа возејќи како такси возачи пристигнат во Галичник и повторно се сретнат со своите сопатници. Само две посади ми се чини веднаш заминаа назад за Маврово, а една посада остана малку и горе на видиковецот( кривината пред Царева чешма)да фрли уште еден поглед на Мавровското езеро.

За да биде потполн извештајот повелете и тајминг на движење; старт Б.С.Макпетрол –Ѓорче Петров 06;15, старт со планинарење 08;10, во 10,05 ја напуштаме Меденица, во 11,05 првите доаѓаат на Карбула, во 12,30 си одиме ( за жал) од Карбула, а  во 15,30 ( нашето возило си заминува од видиковецот), за да околу 17,00 пристигнеме   во скопското сивило.

Голема благодарност до сите учесници на акцијава, за нивниот однос кон природата,компакноста, а посебни честитки за сите оние планинари кои за прв пат стапнаа на Меденица и Карбула,а се вели вообичаено дека се што е прв пат долго се памети, а можеби кај некого и нема никогаш да се избрише.

Автор : Марин Стојановски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje