Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

SKY RUNNING - VERTICAL KILOMETER : Церипашина - трето издание - 12 јануари 2014

Почна Новата година а со тоа започнува и новата спортска сезона. За да одат работите напред, ете се потрудивме да организираме трка во планинско трчање од серијалот CERIPASINA VERTICAL KILOMETER но овој пат во зимски услови - на снег. Интересен предизвик кој го прифатија дваесетина натпреварувачи од Македонија, дел од нив планински тркачи, дел планинари кои сакаат да пробаат нешто ново. За среќа и времето се погоди доволно убаво - сончево со по некое облаче, температура околу нулата и со слаб ветар. Само на делот околу врвот Церипашина дуваше нешто посилен ветар. Во вакви околности трката помина во најдобар ред и постигнатиот резултат е навистина одличен - 59 минути и 13 секунди.


Дел од организаторите на трката дојдовме уште во саботата да ја маркираме патеката и да се погрижиме за другите потребни работи. Престојувавме во ПД Смрека за кој се грижи ПД Трансверзалец на кои им се заблагодаруваме за гостопримството и помошта.

Стартот беше закажан за 10 часот. Уште од околу 9 почнаа да пристигнуваат првите натпреварувачи. На просторот кај ски-лифтот Тетекс се собра поголема група натпреварувачи и публика - пријатели и роднини на натпреварувачите. Имаше и присуство на TV KISS од Тетово кои снимија прилог за трката.

Во 10:00 започна трката и веќе на самиот почеток водството го презема Марјан Бонев и тоа водство го одржуваше и зголемуваше до крајот.


Стартот на трката

Трката се одвиваше од ски-лифтот Тетекс покрај двоседешницата и потоа по столбовите се до крајот на жичарницата Церипашина. Тука имаше волонтер кој им делеше чај на натпреварувачите. Патеката продолжува уште нагоре до самиот врв каде имаше судија кој го проверуваше поминувањето на натпреварувачите. Потоа следуваше спуштање кон Бобинова стена и на крајот многу стрмно искачување по сртот на Антени се до целта.


последната стрмнина пред целта - стрмниот срт на Антени


целта е се поблиску

На целта победникот Бонев пристигна за 59'13'' што е одличен резултат - само неколку минути побавно од неговиот рекорд што го постигна во октомври на сув терен. Втор беше Жикица Ивановски а трет Александар Симјаноски. Во женска конкуренција победи Светлана Стојаноска пред Тања Пенева и Ангелина Барбировска.


приближување на победникот кон целта


победникот - Марјан Бонев


Второ место - Жикица Ивановски


Трето место - Александар Симјаноски


група натпреварувачи пред целта


Прва во женска конкуренција - Светлана Стојаноска


Втора - Тања Пенева


Трета - Ангелина Барбировска


прогласување на победниците во ПД "Смрека"

Еве ги комплетните резултати :

поз.

Име и презиме

време

кат.

поз.кат.

1.

Марјан Бонев

59:13

М

1

2.

Жикица Ивановски

1:07:38

М

2

3.

Александар Симјаноски

1:13:20

М

3

4.

Срѓан Милошевски

1:15:20

М

4

5.

Благоја Ацковски

1:17:50

М

5

6.

Јовица Јованчев

1:23:00

М

6

7.

Марјан Чаушевски

1:23:20

М

7

8.

Мики Стефанов

1:24:00

М

8

9.

Гордан Петровски

1:35:50

М

9

10.

Светлана Стојаноска

1:39:45

F

1

11.

Ивица Митровски

1:40:00

М

10

12.

Тања Пенева

1:44:15

F

2

13.

Ангелина Барбировска

1:44.45

F

3

14.

Борче Милосковски

1.53:50

М

11

15.

Александар Силјаноски

2:09:30

М

12

16.

Горан Велковски

2:10:00

М

13

Се одржа убава трка, се продолжи традицијата на CERIPASINA VERTICAL KILOMETER и тоа во зимски услови. Се гледаме на некоја следна трка.

Текст: Трајче Панковски
Фотографии: Петар Герасимов, Трајче Панковски

Две видеа од трката :
- на Петар и Александра Герасимови - http://www.youtube.com/watch?v=T6T9U9gP5cM
- на TV KISS - прилог од Регионалните Вести
- http://www.youtube.com/watch?v=zVhbcD6ddU4&feature=youtu.be

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк :
https://picasaweb.google.com/117320863135421357287/CeripasinaVerticalKilometer003


Поддржувачи на акцијата :

NATUSANA - кои дадоа дел од својот проивод AllgaSan - Mobil Creme за тестирање на натпреварувачите

Благодарност и до ратракот ESKIMO FREERIDE за помошта околу транспортот на судиите и чајот



© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje