Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Кобилица (2528 m) - јануари 2007

Уште од нашето прво искачување на Кобилица - во септември 2006 донесовме одлука дека овој прекрасен врв треба почесто да се посетува. Се распрашавме кај овчарите од бачилото за условите за зимско искачување - препораката беше дека нема големи наслаги на снег но затоа ветар - има. Делумно од ветрот, деломно од јужната експозиција на врвот од наша страна, тоа се покажа точно. Посебно оваа зима која е најскудна со снег откога паметиме.

Во претходните акции на Титов врв постојано го загледувавме врвот Кобилица и конечно падна одлука да се искачи Кобилица.
Ова требаше да биде "прво зимско" искачување, но со оглед на временските услови на теренот, повеке наликуваше како да завршува зимската сезона и се топи снегот, а не да бидат најсурови зимски услови, како што обично е во овој период.

Учесници: Марин, Ана, Марина, Деан, Филип, Вања, Ристе, Шаго и Влатко. На Марин, Ана, Марина и Деан ова им беше второ искачување на Кобилица, додека за останатите ова им беше нивни првенец. За Ристе ова беше и негов личен висински рекорд (2528 m)


Кобилица видена од спротивната страна - на патот Антени - Бакардан

Групата појде од Скопје околу 6:30 часот. Со две возила се упативме кон Тетово. Оттаму со три такси возила, околу 7:10 продолжуваме низ Тетово, Шипковица - се до село Бродец од каде поаѓаме нагоре околу 7:45 часот. Долу се е суво - без снег. Над селото одиме по левата патека - по потокот, кој е исушен, а патеката полна со суви листови. Ги поминуваме двете чешми, се освежуваме и наидуваме на големи изгорени површини, каде што порано имаше папрат. Се чувствува мирис на чад.


Веднаш по излегувањето од шумата и директно соочување со врвот.

Првиот контакт со снекчето го имаме во најгорниот дел од шумата, пред излегување на рамнината пред врвот. Изненадување за сите нас - суво "барут" се наоколу, чисто, јасно, тивко и можност секој да си оди по своја патека кон врвот и да ужива во се наоколу.


На пат кон врвот од јужна страна


Најстрмниот кулоар и чувство како да си на Алпите


Поглед од врвот кон гребенот - граница со Косово.
Во позадина - дел од Проклетије


Поглед кон Титов врв, Мал Турчин, Бакардан (единствените врвови над 2700 m на Шар Планина)

Прв и најбрз на врвот пристигна Вања Милев "дури во" 10:10 часот. Потоа следуваа сите останати - до 11:50 кога се искачи и деветиот член на оваа мала но одбрана екипа. Вообичаено - многу фотографии, телефонски јавувања, SMS пораки, смешки, сендвичи, напитоци.
За разлика од септемвриското искачување кога поради маглата не знаевме што се има околу нас, овој пат глетката беше величествена на сите страни.
Времето лета и за жал мора да се враќаме назад, при што имаше и мало (намерно) лизгање по снекчето.


Втора средба на врвот


Слика од првата средба на врвот (септември 2006)


Деановaта "Кобиличина ката" на врвот, во позадина долината на река Пена


Ристе го прославува својот личен висински рекорд (досега) со учесниците на искачувањето


Еве го и фотографот од горната слика (на работ на амбисот...)


Целата екипа заедно

При враќање назад - на половина пат меѓу врвот и бачилата, забележавме уште три групи планинари. Едните беа кај бачилата, другите под врвот од југозападна страна, а највеселите (свадбарски расположени), од страната на с.Вејце. Раположението од групата од Вејце (поттикната и од звучни ефекти) се пренесе и на нашата група која се консолидираше и наместо да се одмориме подолго, ние забрзавме да влеземе што поскоро во шумата.



Специјален подарок за сите романтични планинари

Враќањето беше по истата патека по која што се искачивме. Околу 15 часот влеговме во такси возилата кои не чекаа под селото Бродец. Околу 16:30 веќе си бевме дома во Скопје.


Кобилица од северната страна - довидување до следниот пат


Марин Стојановски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje