Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Пирин планина : Полежан - 10 јуни 2012

Недела наутро. Во договореното време, со помалку членови во екипата (дел од нив се откажаа) Синиша не носи со комбето до жичарата. Од тука со жичарата се упатуваме кон планинарскиот дом Безбог на височина нешто под 2200 м. Наша цел е искачување на врвот Безбог. И тука, по пристигнувањето кај планинарскиот дом првото пријатно изненадување. Прекрасното планинско езеро кое ќе ни посака угодно, лесно и пријатно искачување. За неговите убавини нека зборуваат следните неколку фотографии.


Пред тргнување од планинарскиот дом Безбог


Првиот дел од денешната приказна и поздрав до и од езерцето за нашата дружина

 


По каменест, тревнат и грмушест пат ги правиме првите чекори, и го избегнуваме мокриот дел од теренот од водите кои го напојуваат езерцето.


Платото пред Безбог

 


И поглед кон југозападната страна и крајоликот во подножјетео на Безбог

 


Местото од кое донесовме одлука да го промениме нашиот план, и да ја смениме маршутата. Нека не ни замери Безбог меѓутоа еден поглед кон
Полежан и веднаш се одлучивме. Денес тој ќе биде нашата цел, а Безбог ќе не пречека во друга прилика.


Не привлече на прв поглед. Полежан.
Повисок, поголем успон, повеќе бара, поглем предивик. Немаше фрлање паричка петка-глава , веднаш го фативме патот под нозе..




Примамливо и предизвикувачко.



Благиот успон пред да се стигне на седлото пред Полежан. Следуваат неколку фотографии кои ќе потврдат дека направивме вистински избор,
и дека не згрешивме што тргнавме по оваа патека.




Уште еден поглед кон нашата цел. Благиот успон пред каменестиот Полежан


Како сврзани садови, езерца, потоци, жуборење на вода, . . .

 


Последниот напор и блиску сме до целта


Поглед кон Банско и од врвот Полежан


Пристигнување на врвот



Задоволни и среќни на врвот Полежан (2851 м)


Сеуште заспано, дремливо езерце кое како да ни намигнува за поздрав и кани на повторна средба

И не за крај , туку за почеток бидејќи овие приказни немаат крај, Пирин планина во своите недра многу тајни крие. Само на нејзин јазик, разбирлив за вистинските вљубеници на височините и природата, разкажува без зборови за нејзината моќ, таа раскош и убавина нуди, но истовремено и најразлични чувства буди. Вредеше да се искачат овие височини, да се ужива во убавините на оваа прекрасна планина и за кратко да се биде дел од неа.

Автор: Радосав Тасевски

Фотографии: Радосав Тасевски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje