ULTRA LPG plus

За пониска емисија и помалку трошоци


Авто ТНГ горивото веќе со децении наназад претставува најпопуларно алтернативно гориво за возилата на македонскиот пазар. Основната предност на авто ТНГ горивото е пониската цена во споредба со останатите видови моторни горива, а тоа овозможува брзо враќање на вложените средства за вградување на уредот на плин. Автоплинот или течниот нафтен гас (ТНГ) е достапен во нашата продажна мрежа под името ULTRA LPG plus. ULTRA LPG plus горивото од програмата на ULTRA горивата на Макпетрол претставува идеална мешавина од пропан и бутан која за разлика од обичното ТНГ кое се нуди на Македонскиот пазар како АвтоТНГ овозможува зголемен октански број и идеално подесен напон на пареи за овој вид на гориво. Ова овозможува задржување на проектираните перформанси на возилото во однос на моќноста, стартноста и потрошувачката на гориво.

На тоа се надоврзуваат уште цела низа предности, почнувајќи од зачувување на животната средина преку намалување на штетни емисии при согорувањето во моторот, одржување на чистотата и техничката беспрекорност на моторот, па сé до продолжување на векот на моторот и системот за третман на издувните гасови на возилото. Посебната формула што ја применуваме за нашето ULTRA LPG plus гориво овозможува едноставно и сигурно користење на возилото во секојдневието, во сите услови на работа. Покрај тоа, постојаниот развој на ТНГ системите за вградување во возилата овозможи задржување на перформансите на моторот, секако само под услов да се користи квалитетно авто ТНГ гориво.

Уверете се во многубројните предности што ги нуди нашиот ULTRA LPG plus:

Feature
Пониска цена на автоплинот во споредба со останатите видови горива и брз повраток на средствата за вградување на плинскиот уред.
Feature
Достапност на автоплинот на 52 станици за точење гориво на Макпетрол.
Feature
Задржување на проектираните перформанси на возилото во однос на моќноста, стартноста и потрошувачката на гориво, продолжен век на работа на моторот и на системот за третман на издувните гасови, како резултат на отсуството на талози што може да се создадат при користење неквалитетни горива
Feature
Отстранување на постоечките талози и спречување на создавањето нови талози, како основа за правилно распрскување на горивото и штедлива работа на моторот. Лесно стартување при студено и топло време, како и при незагреан и загреан мотор.
Feature
Во издувните гасови на возилата што како погонско гориво користат автоплин, присуството на штетни гасови е значително помало отколку во издувните гасови кај возилата што користат бензин или дизел. Автоплинот не содржи бензен или олово, најштетните супстанции во другите горива, така што, при неговото согорување не се создаваат ситни честички, што се еден од главните извори на загадување во градовите.
Feature
Одржување на чистотата во моторот, поради подобро распрскување на горивото и негово поцелосно согорување, што исто така придонесува за намалување на потрошувачката на гориво. Намалена емисија на штетни гасови и честички, за подобра заштита на животната средина

Како гориво од нашата фамилија ULTRA, LPG plus е единствено вакво гориво на македонскиот пазар кое целосно го задоволува најстрогиот европски и македонски стандард за квалитет на автоТНГ - МКС ЕН 589, како во поглед на квалитетот така и во поглед на чистотата на горивото, неопходната заштита на деловите на моторот и возилото, како и обезбедувањето правилна работа на возилото.