Животна средина

Животна средина


„Макпетрол“ АД е компанија која како правно лице, со нејзиниот предмет на работа и дејствување, е вклучена во сите области на животната средина, поради тоа континуирано се усогласуваме со законската регулатива на Р. Македонија од областа на животната средина.

Согласно со законската регулатива, „Макпетрол“ АД е обврзан да обезбеди елаборати за сите објекти да за оцена на влијанието врз животната средина (EIA). Во рамките на оваа обврска, за сите бензински станици и складови изработени се елаборати и се добиени согласности од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овие елаборати јасно покажуваат дека објектите на „Макпетрол“ АД се со современи технички и функционални содржини, како и со предвидени мерки за заштита на животната средина.