Макпетрол како работодавач

Макпетрол како работодавач


Мотивираноста на нашите вработени и позитивната работна клима претставуваат основа на натамошниот развој на Компанијата. Континуирано го следиме глобалниот развој на технологијата и ги применуваме современите решенија на домашниот пазар. При тоа секогаш се трудиме ефикасно да одговориме и да ги задоволиме барањата на клиентите.

Лојалноста, довербата и взаемната поддршка претставуваат темел на заедничкиот успех на нашиот работен тим. Користењето на синергиите меѓу разновидните работни подрачја на Компанијата е наша предност и притоа преку поврзување на нашите ресурси и таленти работиме поефикасно и поиновативно. Меѓусебно ги споделуваме нашите искуства и индивидуални гледишта, концепти и мислења и заеднички доаѓаме до нови решенија.

Макпетрол негува висока социјална одговорност кон своите вработени и кон општествената заедница.  Притоа, заедничките вредности на Компанијата претставуваат основа на нашето делување. Како водечки субјект во снабдувањето со енергенси на македонскиот пазар, на нашите, скоро 1.800 вработени во различни деловни подрачја на Компанијата, им нудиме сигурност и поттик за иновации.

РАБОТНОТО СЕКОЈДНЕВИЕ ВО МАКПЕТРОЛ

Работните подрачја во групацијата Макпетрол покриваат широк дијапазон на активности, почнувајќи од развој и усовршување на нашите горива, преку сопствено производство на биодизел, до квалитетена услуга и грижа за задоволството на крајните корисници. 

Работното секојдневие во нашата компанија се одликува со:

- возбудлива и динамична работа во хомогена и колегијална работна средина во дејност што бара постојанa посветеност; 
- систематско и целно усовршување на вработените преку програми за обука и усовршување, со цел реализација на стручните, персоналните и социјалните способности;
- отворен дијалог со раководните тимови за целите, постигнатите резултати и перспективите за натамошно усовршување;
- соработка и размена на искуства со колегите од широкиот круг деловни подрачја што ги покрива компанијата;
- соодветно наградување на вработените;
- обезбедени високи стандарди на заштита при работа;
- континуирано здравствено и социјално осигурување.