Совети за возачи

Совети за возачи


1. Сервисирајте го Вашиот мотор

Дали знаете дека нередовно одржуван мотор може да ја зголеми потрошувачката на гориво до 50%? Само со замена на неичистите свеќички, потрошувачката моќе да ја намлите за 5%.


1. Одржувајте ги гумите под соответен притисок

До колку Вашите гуми се напумпани само за 1 psi (0,07 бари) помалку, потрошувачката на горивото може да се зголеми до 3%. Затоа, пумпајте ги гумите еднаш неделно или секојпат кога полните гориво.


3. Избегнувајте да пренесувате прекумерен товар

За секои дополнителни 45 kg што ги пренесувате, потрошувачката на горивото може да се зголеми за 1-2%. Затоа, секогаш кога имате можност исчистете го Вашиот автомобил од непотребните предмети што само додаваат тежина на Вашиот автомобил.


4. Извадете ги шините на покривот

До колку не ги користите шините на покривот или кутијата на покривот, отстранете ги. Шините на покривот може да влијаат врз аеродинамичната ефикасност на Вашето возило, создавајќи отпор, што може да доведе до тоа Вашиот автомобил да користи до 5% повеќе гориво.


5. Проверете ги филтрите за воздух

Филтрите за воздух спречуваат нечистотиите да го оштетат Вашиот мотор. Замената на затнат филтер за воздух може да помогне да се подобри ефикасноста на горивото дури за 10% и може да помогне за заштита на Вашиот мотор.


6. Користете соодветно масло

Користењето на препорачаниот квалитет на маслото за подмачкување од страна на производителот може да ја намали потрошувачката на горивото за 1-2%. Моторните масла со повисок квалитет, исто така, помагаат за ефикасна работа на Вашиот мотор.


7. Проверете го затворањето на капачето за гориво

Горивото испарува секојпат кога ќе го отворите капачето за гориво. После секое полнење гориво, проверете дали капачето е добро затворено.


8. Планирајте ги Вашите патувања

Намалувањето на времето поминато во автомобилот е најлесниот начин за заштеда на гориво. За да го намалите времето на возење, искомбинирајте ги кусите патувања и задачи во едно патување.


9. Возете смирено

До колку возите агресивно, може да потрошите до третина повеќе гориво отколку кога би возеле смирено. Избегнувајте нагло забрзување или кочење и обидувајте се да го одржувате управувањето што е можно порамномерно.


10. Користете повисоки степени на пренос

Кога возите во поголем степен на пренос, употребувате помалку гориво. Затоа, секогаш кога можете уфрлете го менувачот во повисок степен на пренос.


11. Држете ги затворени прозорците

Ветрот што дува низ отворен прозорец го забавува движењето на Вашиот автомобил. А, за да надоместите, веројатно е дека ќе притиснете појако на педалата за гас. Затоа, наместо да ги отворате прозорците користите го внатрешниот систем за вентилација во автомобилот, само, до колку истиот не Ви дејствува приспивно.


12. Употребувајте ја контролата на возење (Cruice Control)

Употребата на контролата на возење, во услови кога е тоа возможно и безбедно, Ви овозможува оптимално одржување на константна брзина и со тоа заштеда на гориво.


13. Избегнувајте прекумерно стоење во лер

Заглавени сте во сообраќајот? Стоењето во лер нема да Ве одведе никаде, а, сепак, троши гориво. Исклучете го моторот додека чекате во колона додека не биде потребно да го вклучите. Како правило, до колку треба да стоите подолго од десет секунди, а Вашето возило нема инсталирано Stop&Go систем, исклучете го моторот.


14. Избегнувајте прекумерен број вртежи на моторот

Навремено менувајте ги брзините кога ја намалувате брзината или кога забрзувате. Никогаш не доведувајте го бројачот на вртежи до црвената линија.


15. Избегнувајте голема брзина

Што побрзо се движите, толку поголем ќе биде отпорот на ветерот и Вашето возило ќе троши повеќе гориво за да ја одржи брзината. При брзина од 110 km/час потрошувачката на гориво може да се зголеми дури за 30% повеќе гориво отколку кога би возеле со 80 km/час. Затоа, возете побавно.


16. Штедливо користете ја климата

Некогаш е тешко да се избегне употребата на климата, меѓутоа, запомнете дека таа додава дополнително оптоварување на Вашиот мотор во топли или во ладни денови. А, исто така, и ја зголемува потрошувачката на гориво и до 8%. Во умерени денови, секогаш можете да ја користите внатрешната вентилација на автомобилот наместо климата.


17. Избегнувајте ги сообраќајните шпицови

До колку можете да ги избегнете сообраќајните шпицови, ќе потрошите помалку време заглавени во сообраќајот и, како резултат, ќе потрошите помалку гориво.


18. Одржувајте константна брзина

Наместо да возите во лер кога ќе дојдете до надолнина, одржувајте константни вртежи на моторот со уфрлување на менувачот во соодветен степен на пренос. Ова ќе Ви помогне да одржувате константна брзина, наместо да ја зголемувате, што ќе резултира со намалување на потрошувачката на горивото.