Shop&Drive

Shop&Drive


Широкиот избор од квалитетни производи во нашите Shop&Drive маркети Ви нуди можност посетата на станиците за гориво да ја искористите и за завршување на делот од секојдневните обврски. 

Прегледниот распоред на производите и соодветните услови на климатизација во Shop&Drive маркетите овозможуваат набавките да ги извршите брзо и во пријатно расположение, што претставува важен фактор во динамичното секојдневие. 
 
Кога патувате, кога се движите низ градот или ја барате најблиската продавница во соседството, ние секогаш ќе се погрижиме Shop&Drive маркетите да бидат вашиот прв и најдобар избор, за Вас, за Вашите патници и за Вашето возило.