Општествена одговорност

Општествена одговорност


Животот во општествените сфери, кога станува збор за бизнис активности, сe повеќе подразбира општествена одговорност. „Макпетрол“ АД активно се вклучува во делот на зголемување на квалитетот на општественото живеење. Здравјето и безбедноста на своите вработени, како и на граѓаните, спаѓаат во редовните активности.


Отворениот и транспарентен приод,постојаната консултација со претставниците на општеството и на граѓанските асоцијации во интерес на долгогодишната соработка, се главни заложби на Компанијата.

За таа цел и, во согласност со определени законски регулативи,деловноста се одвива во рамките на исклучително квалитетен корпоративен менаџмент. Тука спаѓаат вообичаените индустриски стандарди,заштитата на животната околина и основните човекови права.

Уште еден мошне важен дел во работењето на „Макпетрол“ АД претставува поттикнувањето на своите вработени за активно вклучување во развојот на општеството. Организираните обуки придонесуваат за поголеми и поквалитетни можности за учество на големи настани од областа на екологијата и енергетиката, а резултатот се повеќе врвни награди на државно ниво.

Филантропијата отсекогаш претставувала синоним за добро организирана и менаџирана компанија.Во тој сегмент, „Макпетрол“ АД не се разликува од големите светски корпорации.Покрај големиот број донации,Компанијата е основач и спонзор на спортските клубови за карате и куглање, Планинарското друштво, како и Клубот на крводарители со свои редовни акции.

„Макпетрол“ АД докажа дека е дел од меѓународното бизнис семејство.Во 2004 година, преку проектот Global Compact на Обединетите нации,се обврза да ги поддржува принципите за човековите и работничките права, човековата средина и борбата против корупцијата.Овие принципи стануваат стожер на работењето на Компанијата, како дел од стратегијата за транспарентност и јавна одговорност.