Авиогорива

Авиогорива


„Макпетрол” АД располага и со две наменски инсталации за керозин, што се лоцирани на двата аеродроми во Републиката, во Скопје и во Охрид, снабдувајќи ги авионите со потребното секојдневно количество гориво. Тие работат според посебни технолошки системи што ги исполнуваат светските стандарди за оваа намена.

ГМ-1 (JET A-1)

Гориво што исклучиво се користи како погонско гориво во современите авиони опремени со мотори на млазен погон т.н. турбомлазни и турбоелисни авиони што работат врз принцип на директно вбризгување и согорување на горивото во внатрешноста на комората на млазниот мотор како резултат на што се генерира потисна сила (млаз од гасови) што го движи авионот. Според својот квалитет одговара на најновите светски стандарди за квалитет на млазно гориво Def 91-91/5 и ASTM D1655-07, и е целосно во согласност со The Aviation Fuel Quality Requirements for Joint Operated Systems (AFQRJOS). Според својот изглед е чиста проѕирна безбојна течност со карактеристичен ароматичен мирис. Транспортот, складирањето, манипулацијата и испораката на овој вид гориво се врши во строго контролирани услови, со помош на специјална опрема и обука на вработените согласно со меѓународните правила во цивилното и военото воздухопловство.

АВИОНСКИ БЕНЗИН АБ 100/130 (AVGAS 100 LL)

Гориво врз бензинска основа што исклучиво се користи како погонско гориво во авиони опремени со клипни мотори што работат врз приинципот на моторите со внатрешно согорување. Според својот квалитет одговара на најновите светски стандарди за квалитет на авиобензинот Def 91-90/2 и ASTM D910-07. Според својот изглед е чиста проѕирна сина течност со карактеристичен мирис на бензин. Транспортот, складирањето, манипулацијата и испораката на овој вид гориво се врши во строго контролирани услови, со помош на специјална опрема и обука на вработените согласно со меѓународните правила во цивилното и военото воздухопловство.