Ултраматик

Ултраматик


УлтраМатик е систем за автоматска идентификација на возилата при полнење гориво на бензинските станици на Макпетрол и првенствено е наменет за потрошувачи со сопствен возен парк.

Начин на работа на системот 

Во возилото се вградува мемориски чип со податоци за самото возило (регистерски број, вид гориво, комерцијални податоци за сопственикот на возниот парк и сл) кои преку антена монтирана во самото грло на резервоарот од возилото, безжично се пренесуваат до пиштолот од автоматот за точење горива. Понатаму функцијата ја презема информатичкиот систем, којшто, со проверка на комерцијалните податоци на сопственикот на возниот парк и изборот на видот на горивото, дозволува да почне полнењето на горивото во возилото.

Точењето на горивото во возилото мора да се заврши без прекин сè до планираната количина, во спротивно системот ја прекинува целата операција на точење. 

Постои можност во возилото да се вгради електронски уред, поврзан со бројачот на километри на возилото или со компјутерот од возилото, така што при процесот на точење на гориво ќе се отчитуваат и ќе се пренесуваат податоци за возилото (изминати километри, состојба на резервоарот и слично), преку интернет. 
 
Компоненти на УлтраМатик
 
За интегрирање на возниот парк во системот УлтраМатик и за користење на неговите предности, потребна е инсталација на соодветни компоненти. 
 
Идентификатор на возило 

Уредот за пасивна идентификација на возилото, видот на горивото и информации за возниот парк се состои од мемориски чип, поврзан со антена во вид на прстен што едноставно се монтира во грлото од резервоарот на возилото. Со безжична (РФИД) комуникација, податоците се праќаат до избраниот посебен пиштол од автоматот за точење гориво. 
 
Идентификатор за возачот 

Посебен уред во форма на привезок ги содржи податоците за возачот на возилото од конкрентниот возен парк. Пред самото полнење гориво возачот со својот привезок безжично се идентификува преку приемникот што е монтиран на самиот апарат за точење гориво. Со тоа имателот на возниот парк ќе добие информација кој од неговите возачи го извршил полнењето на горивото во службеното возило. 
 
Датамерач 

Уред што се поврзува со возилото и од него ги отчитува податоците за изминати километри, просечна потрошувачка на гориво и др. и системот електронски ги пренесува до сопственикот на возилото. Се вградува во предниот дел од возилото.
 
База на податоци 

Сите податоци за полнење гориво се пренесуваат во реално време до сопственикот на возниот парк и се достапни преку онлајн сервис, со високо ниво на заштита при најава во системот.