Управување со отпад

Управување со отпад


Во 2010 година, со цел исполнување на законското барање на Р. Македонија, „Макпетрол“ АД се стекна со овластено лице Управител за отпад.

Управување со отпадот во „Макпетрол“ АД:

Комерцијален отпад

Постапувањето со комерцијалниот отпад на објектите на „Макпетрол“ АД се врши на тој начин што се врши селектирање на отпадот според вид во посебни садови што се со соодветна боја, согласно со законската регулатива на Р. Македонија.

Количеството создаден/предаден отпад соодветно се евиденитира во дневници за постапување со отпад, пропишани од законската регулатива на Р. Македонија и се предава на овластена компанија за понатамошно постапување.

Отпад од пакување

За отпадот од пакување на производите што „Макпетрол“ АД ги пушта на пазарот на Р. Македонија, плаќа надоместок кон овластена компанија за управување со отпад од пакување.

Отпадни масла

Со отпадните масла кои се јавуваат при тековното работење и од Центарот Хонда на „Макпетрол“ АД се постапува согласно со законската регулатива на Р.Македонија, истите се евидентираат и се предаваат на овластена компанија за понатамошно постапување.

Опасен отпад

Опасниот отпад кој произлегува од тековното работење на „Макпетрол“ АД соодветно се собира и привремено се чува се до негово преземање од страна на овластена компанија со која „Макпетрол“ АД има склучено договор.

Електрoнски отпад

Со електронскиот отпад на „Макпетрол“ АД се постапува согласно со законската регулатива на Р.Македонија, истиот се евидентира и се предава на овластена компанија за понатамошно постапување.

Батерии и акумулатори пуштени на пазар во Р.Македонија

Со батериите и акумулторите пуштени на пазар во Р. Македонија од Центарот DELL и Центарот HONDA на „Макпетрол“ АД се постапува на соодветен начин, во согласност со законската регулатива на Р.Македонија, т.е. во соработка со овластена компанија.

Согласно со законската регуалтива на Р. Македонија на бензинските станици на „Макпетрол“ АД: 001 Индустриска, 002 Партизанска, 004 Козле, 053 Лисиче, 153 Ново лисиче, 046 Гевгелија и во Деловната зграда во Скопје, поставени се посебни туби за собирање отпадни батерии. Отпадните батериите се предаваат на овластена компанија за понатамошно управување.

Електрична и електронска опрема пуштена на пазар во Р.Македонија

За електричната и електронската опрема пуштена на пазар во Р.Македонија од страна на „Макпетрол“ АД се постапува на соодветен начин, во согласност со законската регулатива на Р.Македонија, т.е. во соработка со овластена компанија за управување со овој вид на отпад.

Отпадни тонер касети

Отпадните тонери кои произлегуваат од тековното работење во „Макпетрол“ АД се преземаат од страна на овластена компанија со која „Макпетрол“ АД има склучено договор.