Масла и мазива


Како производител на моторните масла од фамилијата Лубекс, ние создадовме богата понуда од целосно синтетички, полусинтетички и минерални масла, кои придонесуваат за заштита на моторот во Вашето возило во сите услови и се грижат за задржување на чистотата на моторот. Користењето на моторните масла Лубекс исто така придонесува за подобрување на моќноста на моторот и за продолжување на неговиот работен век. Со моторните масла Лубекс се овозможува и намалување на потрошувачката на гориво, а со тоа и на оптоварувањето на животната средина со штетни материи.

При развојот на фамилијата моторни масла Лубекс внимававме особено на почитувањето на строгите стандарди што ги пропишуваат водечките производители на возила, меѓу кои Volkswagen, MAN, Volvo, Toyota, Fiat, Cat, Allison и уште многу други. Тоа го постигнавме со примена на најсовремена европска технологија во производството и со грижлива контрола на квалитетот на производите.

Покрај моторните масла, фамилијата Лубекс опфаќа и широка понуда од хипоидни масла за менувачи и диференцијали, течности за хидраулични системи, течности за сопирачки, масти за подмачкување, како и средства за чистење. Овие производи исто така се развиени и се произведуваат според високи стандарди и со напредни технологии, како основно начело за целата фамилија моторни масла и мазива Лубекс.