Најчесто поставувани прашања


Пред се на препораките од страна на производителот на возилото, кои се однесуваат на соодветната API и (или) SAE градацијата која е дирекно поврзана со вискозноста на маслото. Покрај овие препораки, при изборот на моторното масло треба да се земат во предвид и условите на експлоатација на возилото.
Адитивите се составен дела на секое моторно масло и не е потребно негово дополнително адитиврање, бидејќи може да дојде до нарушување на карактеристиките на маслото. Некои производители на моторни масла дури и забрануваат да се адитивираат нивните масла поради влошување на загарантираните карактеристики на истите. Маслата од програмата на LUBEX во себе го содржат целосниот пакет на адитиви соодветен на нивната класификација и намена. Секое дополнително адитивирање е непотребно финансиско оптеретување за корисникот на LUBEX масла.
Адитивите го штитат моторот од создадените талози по пат на неутрализација на штетните киселини кои се создаваат во текот на работата на моторот, обезбедуваат антикорозивна заштита на металните делови, а со тоа го продолжуваат неговиот животен век. LUBEX маслата во себе покрај овие два основни адитиви содржат и дополнителни подобрувачи на одредени карактеристики како што се вискозноста, оксидативната стабилност на маслото, намалување на способноста за пенење и други соодветни адитиви согласно класификацијата на маслата кои обезбедуваат целосна и сигурна заштита на моторот од сите можни аспекти.
Мултиградните масла се погодни за непречена употреба во текот на целата година, а се препознаваат во ознаката на нивната амбалажа, како на пример: SAE 5W-30, SAE 0W-40, SAE 10W-40. Во ознаката мултиградните моторни масла имаат секогаш две бројки и буквата W (W- Winter- зима). При споредбата на две мултиградни масла на пример SAE 5W-30 и SAE 0W-40, подобри возни карактеристики има маслото SAE 0W-40 поради поголемата отпорност на влијанието на надворешната температурата врз менувањето на вискозноста, што значи ова масло нема да ги менува своите својства и при поголеми максималните и минималните годишни темепратури, за разлика од другото. Моноградните моторни масла не се погодни за употреба во текот на целата година, бидејќи се многу поподложни на влијанието на надворешната температура врз промената на вискозноста и во својата ознака имаат секогаш или само една бројка или една бројка и буквата W: на пр. SAE 30 (летно) или SAE 5W (зимско). Скоро сите Lubex масла се мултиградни масла и нивната употреба е препорачана во текот на целата година, што значи дека корисникот на Lubex маслата нема дополнителни трошоци за замена на маслото со промената на годишните времиња.
За целосна замена на моторното масло треба да се земат во предвид препораките во однос на периодот за замена, времето на работа како и поминатите километри на возилото пропишани од страна на производителот на возилото. Замената на маслото може да биде и пред горенаведените препораки на производителот, доколку при мануелната проверка на нивото на масло во моторот се забележат честички на мерната лента за ниво на масло. Исто така, зголемената бучавост може да биде предизвикана од нарушената вискозност на моторното масло, а со тоа и потреба од негова замена. Кај некои од возилата од новите генерации, информацијата за земена на моторното масло возачот ја добива преку on board компјутерот на информативната табла во кабината на возилото.
API (American petroleum Institute) ознаката кај моторните масла се состои од најамлку 2 букви. Првата буква во API ознаката ни ја укажува препораката на производителот на масло за употреба на истото во зависност од видот на моторот. Ознаката S - Service или Spark (искра) - се однесува на масло препорачано за употреба во бензински мотори каде што начинот на палење на смешата во моторот е со надворешна иницијализација т.е. со искра. Ознаката C – Commercial или Compression (компресија) - се однесува на масло препорачано за употреба во дизел мотори каде што начинот на палење на смешата во моторот е под влијание на високата температура која се генерира при зголемената компресија во моторот. Втората буква од API ознаката претставува редоследна буква од англиската азбука која го означува потенцијалниот квалитет на маслото, видот на адитивите кои се дел од маслото како и препорачаната старост и опрема на возилото кое тоа масло би го употребувало. Колку оваа буква е подолу во азбуката толку тоа масло е поквалитетно и е препорачано за употреба во понови возила.
Пример:
- доколку на амбалажата на маслото стои ознака: API SC, тогаш се работи за масло што е за употреба исклучиво во бензински мотор и за возила кои се од постарата генерација. За разлика од него ознаката API SЈ означува дека маслото е за употреба во бензински мотори, но за возила од поновата генерација.
- доколку на амбалажата на маслото стои ознака: API CD, тогаш се работи за масло што е за употреба исклучиво во дизел мотор и за возила кои се од постарата генерација. За разлика од него ознаката API CH-4 означува дека маслото е за употреба во дизел мотори, но за возила од поновата генерација.
Доколку во API ознаката постојат една S и една C ознака (API SЈ/CЕ) тогаш станува збор за универзални масла кои се препорачуваат за употреба и во бензински и во дизел мотори. Сите Lubex масла според своите ознаки се универзални масла што значи дека без проблеми можат да се употребуваат во сите типови на возила (бензински и дизел). На пример: Lubex Truck Plus API CI-4/SL SAE 15W-40 претставува универзално масло препорачано за сите видови на возила од најновата генерација.
Маслата согласно својот хемиски состав се делат на три основни видови: минерални, полусинтетички и синтетички масла. Минералните масла во својата основа содржат базно масло од минерално потекло и пакети на адитиви согласно својата API и SAE градација. Синтетичките масла во својот состав содржат базни масла кои можат да бидат и од минерално, но и од синтетичко потекло и пакет на соодветни адитиви согласно својата API и SAE градација. Полусинтетичките масла се комбинација од овие два вида на масла. Во поново време од страна на индустријата за масла се пласираат и масла од биолошко потекло кои сеуште се реткост на нашиот пазар. Се одликуваат со биоразградливи компоненти што ги прави атрактивни во однос на заштитата на животната средина и како потенцијална замена на постоечките масла. Маслата од програмата на Lubex се застапени со сите три видови на масла како што на пример се: Минералното - Lubex Universal SAE 15W-40, полусинтетичкото – Lubex Unic Plus SAE 10W-40 и најквaлитетното синтетичко масло Lubex SuperSyn SAE 5W-40.
Начелно, без разлика на својот хемиски состав, градација и производител, не е препорачливо мешање на различни видови моторни масла затоа што може да дојде до можна некомпатибилност и појава на несакани хемиски реакции поради меѓусебно различното базно масло и различните пакени на адитиви. Тоа може да доведе до појава на несакано пенење на маслото, нарушување на препорачаната вискозност, појава на талози, зголемена корозија и слично. При мешање на различни типови на масла од ист производител таа опасност е намалена со оглед на фактот што секој производител користи компатиблни состојки во своето масло, но и тогаш не е исклучена. Мешање на различни моторни масла е оправдано исклучиво во ситуации кога нивото на масло во моторот е на толку ниско ниво што постои опасност од настанување на трајни механички оштетувања во моторот. Во овој случај, после додавање на различното масло, кое би требало да биде по потекло, хемиски состав и градација најблиску до маслото кое е во употреба во возилото. Се препорачува во најбрз можен временски рок, односно при првата наредна можност да се изврши целосна замена на вака создадената мешавина со ново масло согласно препораките на производителот.
Во зависниост од типот на возилото, условите на возење како и од надворешните услови, во текот на работа на моторот определено количество масло се троши - дел согорува во цилиндрите, а мал дел испарува. Нивото на масло во моторот треба редовно да се проверува преку мерната лента за ниво на масло и(или) преку информативната табла во кабината на возилото и навремено да се интервенира со дотурање на ново количество на идентично масло со што би се надокнадило потрошеното количество. Доколку оваа појава на зголемена потрошувачка на маслото е зачестена, препорачуваме да се посети овластен сервис за конкретното возило со цел да се открие причината за оваа појава.
Во секој случај е добро почесто да се менува маслото, особено ако се користи возилото во услови на start/stop градско возење, но при тоа треба да се знае дека некогаш моторните масла со полош квалитет и пониска цена на чинење, иако нови, не поседуваат некои од својствата што ги имаат квалитетните масла дури и кога се на крај од нивниот работен век. Маслата од програмата на LUBEX по својот квалитет не заостануваат од светски познатите брендови што се нудат на Македонскиот пазар, по својата цена се подостапни и претставуваат вистински избор за секој што сака квалитетно да го заштити својот мотор.
Последниве години индустријата на моторни масла произведува масла кои овозможуваат подобро и потрајно подмачкување на сите механички делови од моторот со што се обезбедува негова заштита. При тоа се намалува триењето на подвижните елементи во моторот, што претставува главна причина за губење на дел од корисната енергија која се добива при работата на моторот. Овие намалени губитоци на корисната енергија го овозможуваат квалитетните мултиградни моторни масла, при што потрошувачката на гориво може да се намали за 2-3% во однос на употребата на неквалитетни моторни масла. Сите LUBEX маслата спаѓаат групата на квалитетни масла кои покрај ефикасната заштита на моторот, обезбедуваат и намалена потрошувачката на гориво.