Здравје и безбедност при работа

Здравје и безбедност при работа


На безбедноста при работа ѝ придаваме највисок степен на приоритет во нашата компанија. Со воведување најстроги норми за заштита при работа и почитување на истите, поставивме солидни темели за спречување на повреди и нарушување на здравјето на нашите вработени. Покрај тоа, преку начинот на организирање и изведување на работните процеси на нашите бензински станици, се трудиме што е можно повеќе да ја спречиме можностa за истекување на горивата и со тоа настанување на пожари и загадување на човековата околина. 

Сите оперативни подрачја во Компанијата ги почитуваат пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди. На тој начин постигнуваме систематско менаџирање на безбедноста, со одредување на точните ресурси, квалификации, инструменти, стандарди и процедури. 

За ограничување на опасноста од настанување на повреди вршиме постојана обука на нашите вработени во подрачјето на безбедноста и преку оптимизирана постапка го контролираме спроведувањето и почитувањето на поставените правила за заштита на здравјето и за безбедноста при работа.

Нашите безбедносни директиви се јасни и прецизни, за вработените и деловните партнери да можат недвосмислено да ги разберат и применуваат истите, а истото важи и за безбедноста на нашите постројки и објекти, конструирани и изведени да работат безбедно и да се одржуваат едноставно.