Стандарди


МАКПЕТРОЛ АД, како најголема трговска компанија за промет со нафтени деривати и гас во Република Македонија, покрај почитувањето на општествените правила и релевантната законска регулатива, своето работење го темели на воведување на стандардите:

  • Во мај 2004 година го сертифицира Системот за управување со квалитет согласно со меѓународниот стандард ISO 9001;
  • Во јуни 2007 година го сертифицира Системот за управување со животната средина според меѓународниот стандард ISO 14001;
  • Во август 2009 година хотелите на Макпетрол во Струга и во Маврово, меѓу првите во Р. Македонија, се сертифицираа согласно со меѓународниот стандард ISO 22000;
  • Во мај 2014 година го сертифицира Системот за управување со безбедност на информации согласно со меѓународниот стандард ISO 27001.
  • Во август 2019 година го сертифицира Системот за управување со здравје и безбедност при работа согласно со меѓународниот стандард ISO 45001.

Со воведувањето на новите верзии на стандардите ISO 9001 и ISO 14001, во 2015/2016 година беа направени измени во интегрираниот систем согласно со барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015. На тој начин, „Макпетрол“ АД е една од првите компании во Р. Македонија што се сертифицира според ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015.

Управувањето со ризици е дел од секојдневното работење во „Макпетрол“ АД. За да се обезбеди континуирано подобрување и како барањe на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 45001:2018 и ISO 27001:2013 овој процес подразбира секојдневно идентификување, анализирање, евалуација и третирање на ризиците. Со цел обезбедување континуитет во деловното работење, изработени се Анализа на влијанијата врз работењето и Планови за деловен континуитет на процесите.

Сертификатите за усогласеност на Системот за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа со ISO 9001:2015, ISO14001:2015 и ISO 45001:2018 и Системот за безбедност на храна со ISO 22000:2005 се издадени од страна на сертификационото тело Qality-Austria, акредитирано од IQNet -The International Certification Network. Сертификатот за усогласеност на Системот за безбедност на информации со ISO 27001:2013 е издаден од CIS-Certification & Information Security Services.

Во ноември 2013 година, фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, успешно го имплементира и се сертифицира според системот ISCC (International Sustainability and Carbon Certification). Во фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, од страна на SGS се вршат сертификациони проверки секоја година. Покрај тоа фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, поседува А-интегрирана еколошка дозвола со број бр.УП1-11/3 бр.281/2018 од 21.06.2019 година, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со цел запазување на најдобрите практики во процесите, МАКПЕТРОЛ АД континуирано работи на унапредување на Интегрираниот менаџмент систем (ИМС), Системот за безбедност на храна и на постојните процеси. Редовно се вршат интерни и екстерни проверки на Интегрираниот менаџмент систем (ИМС) и Системот за безбедност на храна за да се потврди усогласеноста на работењето со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001, ISO 27001 и ISO 22000.