Горива


Нашите горива од фамилијата ULTRA се одликуваат со врвни својства и развиени се со цел да обезбедат полна моќност, и истовремено, намалена потрошувачка гориво на Вашето возило. Ова е овозможено преку примена на најсовремени технологии и употреба на најсовремени адитиви при развојот на горивата. Најсовремените адитиви во погонските горива на Макпетрол го спречуваат создавањето штетни талози во моторот и ги отстрануваат постоечките талози кои можат да предизвикаат намалување на моќноста. Со ULTRA горивата, подвижните делови на моторот ги добиваат неопходната заштита и подмачкување, со што се олеснува работата на моторот и се продолжува неговиот работен век. Преку намалената количина на штетни гасови и честички при работа на моторите во возилата, како и преку пониската потрошувачка на гориво, позитивните придобивки од ULTRA горивата на Макпетрол учествуваат во заштитата на животната средина.

Сите горива од фамилијата ULTRA ги исполнуваат строгите барања за квалитет, пропишани од важечките европски и домашни стандарди, а со тоа и препораката на производителите на возила за примена на гориво со одреден квалитет.